1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Надри-писарство

Дискусија во 'Правни совети' започната од Advokatot, 25 февруари 2012.

  1. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Добар ден на сите.
    Како стручњак во својата област ме интересира дали некогаш некој/а од вас имал/а непријатно искуство со некој „маалски сезнајко“?
    Дали од тие погрешни совети сте претрпеле штета?
    Дали знаете како да бидете жртва на измамници кои за ниска цена ви кажуваат се` што треба да направите, а потоа работата се завлекува со месеци и никако да се реши или се решава погрешно?
    За сите такви непријатни искуства, повелете напишете на оваа тема.
     
  2. NikiTheGamer

    NikiTheGamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    За среќа кај мене нема да се погодат такви бидејќи сум и јас правник (моментално на мастер студии). Иначе има една пресуда за надриписарство не ми текнува од кој суд.
    Заштита од измамници: прво распрашајте се убаво околу тие луѓе, така можеш да дознаеш дали е надриписар, второ цената (си има адвокатски тарифник за наградата). Така што моја препорака е да внимавате на кого му плаќате и каква услуга добивате.
     
  3. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Машки
    Не адвокате, јас лично не сум имал такво искуство, меѓутоа сум гледал извесни "особи", пред шалтерите на Основниот суд Скопје 2 Скопје, како се врткаат околу некои луѓе, кои за првпат биле дојдени во судот,збунети, најчесто околу оставинските постапки (пред да преминат во надлежност на нотарите)...а особено пред да се смени Законот за парнична постапка, во кој како полномошник во парнична постапка можеше да се јави било кој за било кого....Е сега убаво ги пресекоа откако согласно новиот ЗПП полномошник може да биде само адвокат, или лице блиско со странката во постапката...
     
  4. Aligator

    Aligator Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    19
    За жал постојат и случаи каде клиентите претпеле штета од адвокатите. Така што доколку нема таква тема би можеле да ја отвориме ПРЕТРПЕНА ШТЕТА ОД АДВОКАТ
    И да не бидам офф, јас лично не сум претпела штета од надриписар, едноставно не верувам ни на секој адвокат бидејќи на секое ќоше пишува адвокат како да е бакалница, така што треба добар филтер, а не пак на некој надриписар
     
  5. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    20.838
    Нажалост надриписарството е во голем замав.
    Прост пример, во обична копирница продаваат купопродажен договор....за автомобил, мотори и сл. со оставени празни места за субјектите и деталите за предметот на продажба (бр. шасија, година производство итн...) кои би се ги допишале самите
    Дотолку овој газдава шо се дрзнува па и шитка и договори за закуп или купопродажба на имот...за цена како обичен лист копиран или испечатен.
    Луѓево се дрзнуваат као да не плаќаат адвокат да не ги одере, а за последиците нз дали воопшто размислуваат. Посебно за недвижниот имот...
    А уште полошо е што правничкиот колегиум не се поддржава. Имено, во дотичната копирница редовно има клиенти испратени од нотарите кои се во близина, да си купат, односно испечатат договор....
    штета