Пандора е дански бренд за накит,каде секое парче рачно се доизработува. Мене многу ми се допадна концептот кој го има оваа продавница,односно можноста сами да создаваме алки по сопствен вкус со редење привезоци на алка,кои се изработени од злато,средбро, полудраги камења,мурано и сл. Досега си купив едно прстенче и алка со неколку привезоци и секојдневно ги носам,многу ми се допаѓаат. Дали сте купиле нешто од овој бренд и како сте задоволни?
Јас сум заљубена во Пандора нараквиците,а и во цел нивни накит.Конечно си имам и јас моја Пандора нараквица и ја носам постојано.Ми се допаѓа што не е обична нараквица со привезоци туку секое привезоче си има своја приказна/значење. Јас ја имам сребрената класична нараквица и неколку привезоци. Следнo на wish list ми е
Кожните нараквици се околу 2000,сребрените 4000. Има и златни нараквици,за нив не знам која е цената. А привезоците се од 1500 па нагоре. Инаку доста често имаат акции,на пример за купени неколку привезоци се добива гратис алка и сл. Така да најубаво да си видиш во продавницата,да ти кажат кога има такви промоции.
Јас пред некој ден за прв пат влегов во оваа продавница во Сити Мол. Дури и се изненадив кога дознав дека е странска фирма, откако не ја видов и во Бугарија. Таму не влегов зошто се брзав, ама влегов кај нас во Скопје. Видов работи што ми се допаднаа, како што се алките со буренца. Видов една сребрена алка. Некако доаѓа како унисекс. Дали јас како машко би можел да носам таква алка со буренца? Многу ми се допаднаа, ама страв ми е ако ја купам, да не изгледам смешен и псле да биде, што си ја купил, ова само женски носат и тн. Вработената ми рече дека може и машки да носат, ама мене малку не ми е веројатно, зошто таа за да продаде се би кажала Ваше мислење за ова?
http://www.johngreedjewellery.com/men-c212/pandora-m19 овде има алки и привезоци за машки од Пандора. Според мене за мажи повеќе одговараат кожните отколку сребрените алки.
Ги видов и кожните. Ама на нив не одговара да ставаш од тие срценцата, човечињата и тн...Мене сребрената ми се допадна. Ги нема тука на каталогот за мажи.
@Marick14 Ако толку многу ти се допаѓа купи го и ако не сакаш да го носиш, знаеш кому треба да го дадеш. Па ќе се радуваш кога таа ќе го носи дај си рака
Има баба ми многу алки. Не и треба уште една. Страв ми е ако го купам, после да не ми се допадне како ми стои или па да ме зафркаваат зошто е женско.
Ај сега ти кажев сега и за дедо ти, не за бабати. Дај слика да видам за кое зборуваш, епа ако е женско знаеш оти треба пак да го купиш.
Да бе немам каде да ги ставам веќе парите, ни во банка ги собира, ни во куќа.Ццц, свирки богата Доста се откажувам од темава, оф топик сум, че ме метаат. Слика чекам од телефонот
Прекрасно ќе ти стои, во комбинација со привезочиња во форма на срциња, цветови, кармин, штикла... Цнцнцн свашта!