Јас на жена ми купив Пандора алка кога ја запросив. На алката го закачив прстенот, тој од друго место го купив. И така алката во кутија и прстенот закачен. Од тогаш стално ја носи и на некој поважен настан или момент одиме заедно и додаваме еден привезок. Баш убаво изгледа, и до сега супер е, нема ни поцрнето ништо. Се мислевме дали и јас да ставам ама не. Ќе ја изгубам сигурно, не сум таков. А она многу накит носи, и ни губи ништо
И во центар е оригиналната продавница, ја отворија од скоро. Има Ск во Сити мол, во Центар ул. Македонија и во Палма мол во Тетово.
Дали од оваа страна накитот на пандора е оригинален?? Има ли некој нарачувано https://instagram.com/unforgetablemomentsstore?igshid=fknmkzmovtus
Значи и ова е сребро, ама не е такво како во Пандора. Привезоци од Пандора има скоро во секоја златара, но не е истото.. можно е да се посребрени, не сум сигурна. Јас имам алка оригинал и нарачав од таму за една братучетка моја.. ПО МЕСЕЦ ДЕНА падна бојата, стана никаква.. а јас 2 години ја носам и се бањам со неа и во солена вода сум се бањала со неа ништо не и е.
Имам дома,две пандора белегзии или како е литературатурно,нараквици? Подарок ми се,ама очигледно тие што ми подариле не ме познавале доволно. Јас не носам Пандора,не е мој вкус. Сака некој да му продадам за 1000/1500 денари? Ама од Битола сум,така да битолски феминки,сакате ли?
Видете дечки врска неам дал се оргинал ил не,као подарок ми беа дадени,ги најдов во накито и си велам зшо да седат така ќе ги продадам.Еве слика да не праќам поединечно сите да видите:
Не ми се верува дека се оригинални може да се сребрени само види дали има жиг на нив и на привезоците
Проверив не глеам нишо освен на таа од левата страна на сликата шо пиши Пандора друго нишо не глеам ни на едната ни на другата белегзија...
Зависи и како се спакувани, оригинал Пандора алките ги даваат во убава бела кутија со врежано име на брендот, во бела кеса со розова панделка. Задолжително со нив оди и сертификат за автентичност на производот. Мене лично, овие не ми изгледаат како оригинални. Можно е да се од сребро. Ако е така, можеш да провериш и директно да си ги продадеш онаму каде вршат откуп на сребро.
Не никако јас се излажав и купив , и кога бев на чистење ми рекоа дека е фејк. И е обложено со сребро не се сребрени и луѓето се од кичево и имаше тужба против нив за нелиценцирано продавање и неколку пати профилот им е баниран и нови прават и нон стоп го менуваат името т.е. јусер нејмо. И зборував со менаџерот коа бев у сити мол и рекоа немаат инс профил и дека мн луѓе ги лажат се претставуваат ко нив, а пиши кичево..немој да давате 1600 или 2400 за нешто што чино 100 ден
Здраво дали нркој скоро бил во сити мол или на некое др место каде што има белегзии на пандора со буква и да е закачена на неа
Дечки, сакам да подарам нараквица со привезок, но е за повозрасна личност. Дали ова со пандора алките е популарно и кај повозрасните или само помлади носат? Да не се изрезилам, затоа прашувам, бидејќи кај помлади сум видел на рака, но кај повозрасни не.
Јас повеќе пати до сега имам забележано и повозрасни жени со Пандора нараквици. Возраста не би требало да представува проблем, зависи каков е стилот на личноста. Доколку е љубител на накит од сребро сигурно ќе и се допадне.