Пандора во Македонија САМО во Сити Мол, и на ул. Македонија од скоро. Се' останато - онлајн, вака - така е фејк. Не купувајте фејк! Ако не ви се даваат пари за оргинал, подобро одете во било која златара/сребрара, ќе најдете сличен производ и барем ќе знаете дека е вистинско сребро / злато. И веројатно ќе платите помалку од фејк среброто што се нуди! Ако не ви е важно да е сребро, купете од Али, нема да трае и нема да е сребро, ама барем ќе платите цена соодветна на квалитетот. Што се однесува до мојата алка, одамна ја сакав, сега за веридба ми беше подарок од свекрва ми, а едниот привезок (family) е од баба ми. Не сум средношколка и мислам дека накитот Пандора е универзален, а и навистина може да се прилагоди на сечиј вкус. Алка https://www.pandora.net/sr-latn-rs/products/bracelets/silver Привезоци Family Tree Dreamy Dragonfly Стопери Swirl Flower Burst Сигурносно ланче Band of hearts
Пишува само за Британија, а за други земји треба да има Пандора продавница меѓутоа кога ќе стиснеш во земјите Малта ја нема.
Убаво изгледаат алките, ама не би си купила од причина што сите ќе ми купуваат привезоци на подарок. Знам на другарка така сите и за роденден, и за веридба, буквално за се и носеа пандора привезок. Најчесто и купуваат некој поефтин и некој што не баш и одговара со останатите. Ама девојчето ги носи за да не ги навреди сите што и купиле.. Што знам кога ќе видат луѓето дека некој има пандора алка, како правило им е да купуваат привезоци за неа за подарок..
Подобро пари да ти дадат, барем ќе си купиш убав привезок кој ти одговара со алката. Искрено на другарка ми сите и купуваат и секакви привезоци има. Таа прво редеше само сребрени и малку розевко.. Сега има жолти,сини,грди,уште погрди.. абе секакви..
Добро разбравме дека не ти се свиѓа океј е. Целта на пандора е секој приврзок да има значење за себе, останатите сама можеш да ги редиш. Тоа што другарка ти решила сите да ги носи е нејзино. Тоа што не ти се тебе допаѓаат не значи дека се грди и никакви. Еве ја мојата нема сеуште ни едно приврзоче па си ја носам, ми значи од моите родители е.
Дали рѓосуваат или мене така ми се чини? Или до светлото е? Пошо планирам да си купам одамна ама вака коа ќе видам дека толку пари ќе дадам, а да потемни вака не ми праи ќејф... Оригинал е се...? Таа погоре на @CameliaMiller е многу убава. И привезоците се препреслатки..
И јас имам,поклон од мм за роденден ми е.Тој ми ги ги одбрал привезоците и ми се допаѓаат. @Dream-Girl ја носам веќе 6 месеци,мијам,перам со неа.Се водени се суши на рака.Засега нема покажано знаци на рѓа.
Сребро не рѓосува, но од време на време можеш да го однесеш на чистење или пак сама да го исчистиш бидејќи потемнува.
Здраво. Алката е купена од златара, не од продавницата на Пандора од друг град, не од Скопје. 3000 денари е, постојано ја носам, ја мокрам со вода и се уште е во одлична состојба. Има и жиг. Доколку некој знае, ако може да ми пише дали е оригинал, Ви благодарам.