Не би ја носела, не е воопшто мој стил. Не ми се вклопува никако, а и зошто би, кога 90% од луѓето ја имаат, или ја посакуваат. Да не се наџе некој позван, прашање на вкус, сепак.
воопшто не ми се допаѓа Пандора. Без везе ми е некако. Особено кога братучедка доби обетки- ко 'рѓосани.
Искрено, ми изгледа премногу tacky. Не е ни женствен, ни нежен, а ни тежок и декоративен. Ми изгледаат како детски белегзии алките.
За некој производ од Пандора да е оригинал треба да има ознака ALE. Накитот купен во официјална продавница кај нас Сити мол и Ул. Македонија се единствени продавници каде има оригинал производи од Пандора. Твојата не е оригинал, но се приметува и по сајлата дека не е со ист квалитет како оригиналот
Дали се поевтини кај нас или во србија? https://www.pandorashop.rs/rs/viseci-privesci/5947-pandora-me-viseci-privezak-moj-blistavi-dijamant Најевтините како овој се 1820 rsd Тоа кај нас би било на пола цена, а овде прочитав најевтиниот привезок кај нас дека е 1200ден. Кој знае нека пише
Овој привезок мислам дека е многу мал и не е соодветен за стандардните пандора алки, туку само за алките од линијата Pandora me. Инаку, исти се цените со Србија.
Дали може да се порача од Пандора Србија? Барав кај нас обетки што ги нема веќе а не знаат дали ќе ги донесат, а во Србија ги има.
Ги имам скоро 4години сите ми се од Канада поклон од тетка ми и посебно го обожавам ,бидејки ми се дадени за посебни прилики.. Белегзиите ги носам цело време ,не ги вадам воошто...
Сребро е, нормално е тоа. Миј ја почесто со вода и сапун, помага. А и барав јас исто начини како да ја исчистам, најдов со паста за заби да ја рибам, вистина светна ама мирисаше на паста некое време. Сега немам време да ја разлепшувам, почесто ја мијам кога мијам раце и не оцрнува.
Однесија во златара,сребрара ке ти ја средат и ке биде како нова. Секое сребро поцрнува. @hristin4e над двете алки што не се во кутија тоа со срце привезок дали е алка или ланче,неможам убаво да видам?