Јас ја имам 2 години алката и како нова е, нема поцрнето. Пишува дека може да се топи со вода, ама не е препорачлива за во море.
Здраво, Сакам да ве прашам, дали во Сити мол ги "полираат" алките кои се купени кај нив, бесплатно? Цена? Потребна е гаранцијата или нешто околу тој процес или? Благодарам
Не ги полираат сега заради ситуацијата со короната. Колку што имам информација првиот пат било само бесплатно, но не ти гарантирам за ова. Ако грешам некој што знае нека ме корегира.
Уф,ептен им имам мерак посебно ми се допаѓа она со значењето на секое посебно приврзоче али се малце поскапички за мој стандард.
Здраво девојки, дали некоја од вас има прстен од колекцијата Rose Pandora? Ме интересира дали потемнува, мeнува боја, дали остава траг на кожата?
Едно привезоче толку ми фати око( особено текстот на него) што заради него планирам да купам од накитов иако не сум некој голем фан, ама ете за се има прв пат
Ме интересира дали се купува ново за копчење на белезиката, бидејќи ми се скина тоа? И дали може да ми го наместат во пандора?
Дали може да ми кажете цена на алката пандора и кои се цените на приврзоците? И дали има различни димензии на алката бидејќи мене раката ми е преслаба
Алката е од 3000 денари па нагоре, а приврзоците се од 1200 па нагоре. Таму ќе ти помогнат да си ја најдеш соодветната димензија, на рекорд продавачките се прељубезни.
До сега не сум порачала и не би знаела да ти одговорам. Ако некој повеќе знае за ова нека сподели информации. Во план сум и јас да порачам.
Алката е малку раширена иако не е пренатрупана со привезоци, дали може да се стесни во продавниците или морам по златари да ја носам?
Девојки, алката во последно време ми се откачува и ми паѓа, имам привезоци што ми значат, не сакам да ја изгубам никако. Мм го пратив во продавница да праша да го стегнат некако тоа за закопчување, му рекле ако не е постара од 6 месеци можело да ја рекламирам, инаку не можеле ништо да направат, не ги сервисирале. Да сум си ја однела на обичен златар некаде.. Некој слично искуство, кај да ја носам? Стварно не се арни, ем цените плафон, ем те откачуваат.
Си пробала со заштитно синџирче? Мене ми се нема откачено сама, ама тоа синџирчето е баш за ако се откачи, да не попаѓаат.