Zdravo, Ako moze mala pomosh, imam alka Pandora skoro 4 godini istata ja nemam noseno mnogu za da mozam nekako da ja oshtetam i slicno no vcera primetiv deka del od privezocite mi imaat kako zolt sjaj Denes probav so soda da gi iscistam kaj nekoj se izgubi zoltiot sjaj kaj nekoj ne Dali nekoj se soocil so istiot problem i kako go resil ili da pobaram pomos vo samata prodavnica
Или во самата продавница или во златара на полирање, јас еднаш годишно ја носам златара поблиску ми е и ми ја прават како нова
И за во Скопје се плаќа 200? Имаат попуст моментално, сакам да земам нешто ама со доставава исто како да е без попуст, ќе одам во продавница ќе си го купам
Дали е нормално пандора алката да се рашири со тек на време? Ја носам скоро месец дена нон стоп, само кога се капам ја вадам и супер си е се, само ја осеќам проширена. А бидејќи ми е нова немам многу привезоци за да обвисни, само два имам.
И мене ми е, ја носев константно 7-8 месеци со вадење на капење и за време на карантинот престанав да ја носам и летово исто (ми седеше во орогиналната кутија) и сега повторно ја носам ама и е многу раширена...
Мислам и за ск, најдобро појди во Pandora зошто да плакјаш карго, а и подобро е да ги видиш пред да ги купиш На мојата системот за затварање се разлабави малце, само за излегување ја носам, но ок цела е полна, нормално... на таа што ја носам секој ден, буквално никогаш не ја вадам освен кога ја полирам имам само 2 привезоци и се прошири па ми излегува низ рака, и спиеќи ја имам нагмечено малце
Знаете што забележав за разлабавувањето, другарка ми има пандора од германија, свети како нова и цврста стои, а никако посебно не е одржувана, неколку години стара слично како мојата. Мојава висна и се рашири исто после месец дена, ама толку, до некоја фаза и веќе си останува иста и изгуби сјај.
Мојата остана иста, нема изгубено сјај, исто ко вчера да ја земав. Mада шо месец дена е многу краток период, ќе видиме допрва. Ама бааги е раширена, ако се олабави поќе ми е страв да не ми излези низ рака.
Кога ја купував мојата алка надвор од Мк продавачката ми нагласи да ја земам помалата, иако во тој момент ми стоеше понекомфорно на рака, затоа што правило е да собира само два прсти простор кога е празна и нова, и со време малку се олабавува. Не би требало да се рашири премногу до степен да излегува од рака ако е на ваков начин одбрана алката.
Јас од кај нас од Сити Мол ја купив по истото правило ама 1 прст да собира само. Разлабавена ми е сега ама далеку од тоа да ми излегува од рака. Инаку не ја вадам воопшто се бањам со неа, сега за сега нема изгубено во сјај.
Мојата првата ја имам 5 год. Од Канада воошто не е мрдната истиот сјај го има. Втората 4 години исто само малку разлабавена кај што се закопчова со срцето делот што е на белегзијата..Третата ја имам 2 години и ја пазам како очите бидејки е многу нежна незнаж каква би била со повеќе приврзоци не и ставам ама се надевам и таа е како другите... Сакав да кажам за втората ја однесов да ми ја средат ,но ми ја вратија дека е оригинал и ако ја стегнувале ке ја упропастеле ....Па си ја чувам од страв да не ми загини .. другите 2 ги носам нон стоп цело време..
Немам воопшто убаво искуство од нивната on-line страна во Македонија. Прво се чека околу 5 дена за да ти ја одобрат трансакцијата. Па околу 7 дена за да ја добиеш. И ајде сето тоа ќе беше во ред и ќе го поднесев, доколку ми беше во ред бројот на белезгијата. Но, за жал, ми беше преголема па отидов во продавницата за да ја откријам вистинската големина која ми одговара. Големината која ја барав ја немаше но имаше слична на мојата но златна. И реков на продавачката Ок тогаш оваа ќе ја земам и ќе си доплатам. Замислете бев советувана дека морам во целост да ја платам другата белезгија и да чекам 14 дена за онаа што сум ја нарачала on-line за да ми ги вратат парите. Во превод да си платам два пати зошто неможело само со доплата. Која глупост. Па не им се мали цените за да плаќам два пати. Ужас, никогаш повеќе нема да купам од Македонија. Ова никаде го нема во светот. И да ви кажам се мислам да им пишам на официјалната страна зошто фирма во светски рамки не смее вака да работи. Во однос на враќањето на парите зошто неможе да ти ги вратат во продавница се чека точно 14 работни дена. Да, да работни дена. Што значи скоро цел месец ќе си чекате поврат на парите. Совет, никогаш ама баш никогаш немојте да порачувате on-line од Пандора во Македонија.