Здраво. Дали освен во Ск има во други градови оригинална алка? Јас добив поклон и многу скапа а не ми ја земале од Ск. Како да проверам дали е оригинал? Фала. Еве ја алката.Пишува на привезокот Але , ама мене ми е сумлива и плетката. Бар ќе ја вратаѕ од каде што ја зеле, па ќе си земам оригинал.А 65 евра ја зимале. Некоја што се разбира да ми кажи?
Има и во Тетово сетифицирана продавница на Пандора. Најчесто сите приврзоци што се купени од овластени продавници се со ознака ALE или Pandora. Приврзоците што ги продаваат по сребрарите се со ознака S925.
Може е сребрена ама не е Пандора. Со оригиналната даваат кутивче, серификат со печат и крпче за полирање. Пандора нарсквици, обетки, привезоци, ланчиња се продаваат само во Пандора продавниците. Еве го моделов на страната на Пандора, спореди. https://www.pandorashop.mk/mk/beleg...s-belegzija-so-zatvorac-vo-forma-na-krunata-o
А како можам да ја сменам? Пари не ми враќаат а стварно сакам пандора.Ја ќе си даев и фазла пари за оригинал ама ете не ја зимав јас. Сваровски колку е знаете? Да ја сменам.
Е како да ти каже некој како да вратиш фејк пандора во рандом продавница? Ако ти се свиѓа носи си ја, не е како да е драстично различна, ако не оди закани им се со инспекција. Ама ако немаш фискална немаш доказ. Подобро смени си ја за некој друг сребрен накит не брендиран и купи си сама Пандора.
Мојата е купена од златара и пишува s925 ALE и има круна на буквата О. Кога читав кои белези треба да ги има оргиналната пандора алка, беа наведени овие.
Не верувам да можеш да ја смениш. Инаку, алката ти е преубава, јас да сум на твое место ќе си ја носам.
Убава ми е и мене ама малку круната е темна , и за 65 евра од овластена ќе си земев. Не сакам на фејк пандора да купвам оригинал привезоци. Инаку не ми е проблем да носам фејк пандора ама да не е толку скапа како оваа. Јас имав на ум да ја сменам за сваровски или нешо друго.Викам понудете нешто на пример вие што имате за утре да идам да ја сменам. Поклон ми е од блиска личност и не сакам да е фејк а да дала толку пари ме разбираш? А инаку сакам да си купам пандора. И би дала и плус пари за да е оригинал акп веќе давам пари.А за фејк не ми е проблем да носам ако е блиску до пригинал и да не е толку скапа. Јас би ја заменила ама не сакам друг накит а у друга златара да ја однесам замената и да ми дадат пари како шо некој носи злато,сребро и им даваат пари не знам како ќе испадни тоа. Скептична сум затоа се замарам за белезицава.
Извини вака ама кој знае освен тебе дека е фејк? И оваа е сребрена, и таа купена од пандора е сребрена. Мене таа твојата ми е иста како таа на официјалната страна на пандора шо ја постираа сега. И нормално е да потемни малце, сепак сребро е.
Во право си да и ја така мислам. Ама муабетот ми беше зошто да носам фејк кога е исто пари како и оригиналот. Инаку и мене ми е убава не викам дека не. А купена е вчера.
@lilly57 па ако ти е блиска личност и се осеќаш слободна, можеш да ѝ кажеш. Сепак мислам дека малце неубаво би било..
Па речи и на блиската личност да ти даде фискална , и притисни ги во продавницата. Ваљда за толку пари си побарале фискална.
3500 алката , 700 привезокот. Да ќе и речам. Нема да се навреди. Не сакам нркој да дава толку пари а да е нештово фејк. Фала на сите да не пишувам поединечно. Инаку не зимала фискална
@lilly57 тогаш види што ќе направиш. За вакви работи се зема фискална.. Сепак не се малку пари дадени за нејзе.
Тој модел од оригиналот е 5135ден. Основната оригинална е 3800ден. Најефтиниот приврзок е 1200ден. Не е битна цената или оригиналноста, блиска личност знаела дека сакаш Пандора, не е запознат/а дека оригиналите се само во официјалната продавница се потрудиле за тебе и тоа е тоа. Имаш Пандора, carry on. Единствено привезоците може да не одговараат во големина. Имам оригинална нараквица и имам добиено фејк приврзок за подарок - сребрен ама далеку од сјајот и квалитетот на оригиналните. До нив на нараквицатс не изгледа добро воопшто. Не кажав ништо затоа што е некултурно, сепак некој се потрудил и потрошил за мене.
Нормално.Тоа го викам јас. Дека е греота да фрлиле толку пари а да не е оригинал. Јас ја сакам да ја носам, ама за иста ваква од али ќе си земам не е поентата тоа, туку цената на фејк пандора. Ја би ги казнила тие што продаваат вака , мада и ние сме криви што зимаме.Позз секое добро