@lilly57 Мислам дека претеруваш, кој и да ти ја купил знаел дека сакаш Пандора алка и ти ја земал онаа којашто била пристапна за неговиот џеб. Наместо да се распрашуваш и истражуваш дали е оригинал или фејк, можеш да бидеш благодарна што воопшто мислел на твоите желби. Друг пат барем покажи им го патот до Пандора во Скопје, па барем да знаат од каде точно сакаш да ти купат.
@lilly57, најпрво, безобразно е што златари продаваат лажна „Пандора“ по цена скоро идентична на оригиналната. За парите што ги дале ќе можеле да ти ја земат алката со буренце. Или пак, со тие пари можеле да ти подарат цел сребрен компет- ланче со привезок, обетки и алка. Филигран дури. Искрено вака? Од златарата поштено ги „избричиле“ тие што ти ја земале алката. На твое место, би ја вратила. Пред се, не би сакала некој кој ми е близок да биде правен будала од преваратни. Дали ќе ви бидат вратени парите не знам, најверојатно не, ама барем во таа вредност ќе може да избереш некој друг накит, колку парите да не пропаднат за џабе. Пак ќе кажам, во таа вредност можеш цел комплет да купиш во златара. Следно. Како за сребрен накит, Пандора важи за скап бренд. Луксузен. Реално, ако земам Пандора, ќе ја земам поради брендот. Без навреда, ама ако не можам да си го дозволам оригиналот, нема да носам имитација. Ќе си носам обична сребрена алка. Сакате лутете се, ама Пандора алка земена од златара не е Пандора. Пишав на темава, мене алките како алки ми се преубави. Бев на мисла да ја купам ама читајки ја темава се пишманив. На која и се откопчува алката, на која и потемнела, на која и се раширила, на која и за`рѓала...Џабе што се убави штом се толку неквалитетни. Во ниеден момент не ми текна дека дел од алките Пандора за кои се зборува на темава, веројатно воопшто не се Пандора.
Ако Пандора е луксузен, Картие и Де Биарс и Дамиани што се? Дај не правете еден помоден бренд богзнае што, па уште не би носела копија. Што сакаат ќе носат членките, ти ќе кажеш ако некоја не може да си дозволи, дали да носи или да не носи копија. Претерувате. Јаката ствар, Пандора
@Dentina, си правиме муабет на форум, нема потреба од таков тон Реков јас не би носела имитација ако не можам да си го дозволам оригиналот. Дали Пандора вреди за парите? Не, ама според тоа колку чини една алка исполнета со привезоци? Да, спаѓа во категорија на (по)лузкузни брендови на сребрен накит.
Се извинувам. Не знам, немам став кон Пандора некој посебен, овде каде живеам не гледам дека лудуваат по неа , иако во секој шопинг центар скоро има овластена продавница. Ама, ох, кога некој толку се грижи и потресува, значи не може да си ја дозволи лесно. Ама тоа не е оти е скапа богзнае колку, туку оти во мк стандардот е крш. Ролекс не можам да купам, можеби можам ама најевтин модел и не секоја година. Пандора, хм, не е за нормален стандард стратосфера... За копии баш ме брига , кој сака нека носи. Извини за тонот.
@Dentina, дека Пандора се класификува како лукзузен бренд за сребно најдов на нет додека барав реценции на алката, пошто за мене и 400 ден се многу за накит, не па 4000 Дека според price range (кога ќе се собере се заедно - алката, привезоци, безбедносно синчирче), една обична сребрена алка чини околу 1000 евра и дека според тоа влегува во таа категорија. За мене реков, ако не можам да си го дозволам оригиналот, не би купувала имитација. Тоа само би ме потсетувало дека не сум во можност да си го дозволам тоа што го сакам. И убава дискусија би можела да се развие на оваа тема ама друг ми беше муабетот- златари продаваат копии на „брендиран“ накит по скоро идентични цени и луѓе се лажат и го купуваат мислејќи дека купуват оригинал. Дека брендот не вреди за парите, не вреди ама барем знаеш дека алката треба да е квалитетна и дека нема да потемнува/ менува боја/ за`рѓува после неколку месеци носење. Кое сребно за`рѓува од вода? Златариве продаваат Алиекспес Пандора по цена приближна на оригиналната. И баш дека сме утепани тука, греота е некој вака да заработува со лажење и измама. Тој што е свесен дека купува имитација за ситни пари, знае што прави. Ама криво ми е кога читам како луѓе се измамени мислејќи дека купуваат оригинал а место тоа добиваат накит што за`рѓува.
Овде проблемот е дека нема закон за заштита на интелектуална сопственост, во Холандија ако некој почне да продава фејк Пандора, самата фирма ќе тужи и 300 инспекции ќе му дојдат на врат. Ова мислам на златара. Во Македонија, Пандора ниту има корист да тужи, ниту има закони, нит е па голем пазар. Не им е гајле и на нив, 2 продавници и толку, овде има повеќе. Фејк се продава онлајн и овде ...Пандора не сум видела , ниту сум барала. И Али може да се порача и да ти стигне. Јас луксуз не дефинирав според каде се сместува на пазарот, повеќе ставив акцент дали некој може да си дозволи или не. Во мк очигледно е предмет на обожавање, емоции, приказна и драми . Тоа е успешен маркетинг. Да те натераат емотивно да се врзеш за некаков приврзок и ако ти загини: леле мале. Ако ми загини, ќе си купам пак, ако имам нормална заработка. Ламбурџини, Луј витон, Монклер и сличните, се поексклузивни. Не знам кој % можат без проблем Луј Витон да купат а кој Пандора. Пандора е подостапна. Искрено не се замарам со брендови, баш оти знам дека се е добро направена приказна. Не ми треба часовник од 40000 евра. Стан ќе купам помал во ск за тие пари. И ќе му го дадам на фамилија роднини, ако немаат, ќе го изнајмам или ќе спијам кога ќе дојдам таму. Ама тоа сум јас. И затоа мене чудно ми е ова. На некој му е стало Пандората да е оригинал , мене ок ми е , не ми е грда сега сосе привезоци, ама ете немам купено иако не ми е проблем. Парфеми во мк ретко, ама ете понекогаш купував копии. Овде се ми е оригинал, и имам повеќе од доволно, ама не ме прави тоа среќна. Други работи се поважни. Ама да ми речеше некој во мк, не оди во Рефан оти не е исто, хммм, едноставно е мој избор што како. Кој сака нека купи оригинал, кој сака копија, сите здрави и хепи важно. Поздрав.
@Dentina, мислам дека малку се промашуваме во муабетов. Го спомна Рефан. Одиш за евтини пари да купиш имитација на многу поскап парфем. Знаеш точно дека е копија. Лошото е што од темава имам обратен впечаток- дека дел од членките купиле копија мислејќи дека купуваат оригинал, и тоа по цена на оригиналот. Зошто во Мк има две официјални продавници на Пандора, едната во Сити Мол, другата на плоштад. Постои и опцијата онлајн да се купи и тоа е тоа. Се друго е копија и златариве одлично си заработуваат подметнувајки имитации место оригинали. Е сега, ако на некого не му прави разлика да даде околу 100 евра за лажна алка која може ќе за`рѓа после неколку носења место за оригинал, ок е. Нивен избор. Ама може некоја девојка која сега собира пари и сака да си се почести алка и некое привезоче, ќе ја прочита темава и место да ризикува со алка со непознат квалитет од златара, ќе отиде во официјалната продавница и ќе си земе оригинал, како што и планирала од почеток. *** Леле, според муабетов, ко да работам за Пандора Дајте ни ги на нас парите, не на локалните златари
А си помислила дека роднинава во случајов скрила колку пари дала? Дека е поевтино? Слушала, слушала, Пандора, Пандора, толку имала инфо и купила. Нека идат нека заменат. Ова и со инфлуенсерката со накит од али го тупевме. Што е бренд? Што е реална а што посакувана вредност? Јас се сложувам 90% со тебе, не сакам лаги, но немам против и ако некој си купи од Али. Негови пари, негова "Пандора"..те разбирам инаку добро.
На крај на денот тоа е е поклон. А она ако има пари нека си ја купи вистинската Пандора. Колку имал толку дал. Да судиш некој кој ти купил поклон ми е глупаво. Сребро скоро секаде по златарите враќаат е сега ќе биде по дупло помала цена од онаа што си го купил.
@Dentina, конкретно за Пандора зборам сега (иако важи и општо- за патики, ташни, марами итн) И стриктно за мене пишувам, не сакам никој да се навреди од кажаното. Не се однесува на никого напишаното, само и реплицирам на Дентина. Околу мене има луѓе со оригинали. Блиска моја носи две преполни Пандора алки. Работела, си заработила, си купила. Да сме живи и здрави, и јас работам, и јас ќе си купам. Реков, ако не можам да купам оригинал, нема да носам копија. Едноставно, ми нема поента. Поскапа е, не можам да си ја дозволам во моментот и тоа е тоа. Исто како што поубав парфем нема од Еуфорија ама едноставно цената му е ту мач за мене во моментов. Од друга страна, има куп други, исто преубави парфеми кои се многу, многу подостапни од него така да- не е трагедија што нема да мирисам на него Има убави charm bracelets на Али, весели и џиџани/ елегантни и посериозни на кои никаде не стои Пандора. Ако сакам таков тип на накит, ќе биде мој за два, три долари. Реков погоре дека полна Пандора алка чини околу 1000 евра. Ако не можам да си го дозволам тоа, зошто да оставам впечаток дека можам? А дека има луѓе што можат да си ја дозволат, има Со две такви работам Ако сакам обична небрендирана сребрена нараквица, ќе ја купам од златара. Па ако не мора воопшто да е сребро, од пазарче за 100 ќе си купам бижутерија и ќе ја носам додека ми трае меракот. И да поцрни, нова ќе си купам за џабе пари.
Ќе ме просветлиш која е разликата меѓу сребрена оргинал пандора алка и пандора алка од златара? Пола од другарките мои имаат оргинал од официјална продавница, пола имаме од златара. По ништо, ама баш по ништо не се осеќа разлика, и двете се сребрени. Пред да купам се двоумев многу и ги разгледував и двете варијанти. Баш и ради таа причина се одлучив да земам од златара, не дека ми беше дојдено до 1/2000 денари поќе или помалце. Јес да, има шанса да начекаш некоја крш шо ќе ти потемни или рѓоса одма, ама затоа одбрав од некоја поасолна златара да купам и разлика нема никаква. Читајќи ги коментарите се осеќа ко да патите од некој комплекс, еве не знам. @Nausicaa не се однесува ова на тебе, зборувам општо, коа ќе се спомни пандора грото свршуваат во гаќи од брендот.
Мене ЛИЧНО пандора ми е преценета, можеби заради тоа што е препопуларна.За тие пари што ќе ги дадам за сребрена алка + привезоци што ги имаат сите, можам да пронајдам поуникатен златен накит што и вреди повеќе.
Мене ми е за парите што се дале а е нештово фејк.Греота е.Ја би ги тужела овие што продаваат фејк пандора и се богатат со измама. Сеа сакам да ја заменам оти за толку пари ако ми потемни ќр ми биде криво. Нешто асално друго , сребро злато? Ајде помош што би можела да земам, да е алка ама оти друго не носам.
Немаш основа за тужба ако никаде не навеле дека е оргинал.Ко шо у обични бутици се продаваат блузи со лого од големи брендови така и ова.Горе доле сите знаат дека бренд се купува само и само во овластена продавница и никако поинаку.Прифати си го поклонот ,за следен пат сама ке знаеш од каде и каква да си купиш.
Alkata ne e original Pandora po pletkata se poznava, a i bez sertifikat kolku i da e dobra sepak e kopija, preskapo ja platile so ogled na toa deka e kopija... no dokolku e srebro (da se molime da ne e samo posrebrena) i dokolku ne ti ja zamenat nosi si ja, preubava e... sho deka jas imam 3 original alki so privrzoci koga za tie pari mozhev da si kupam avtomobil♀️ Vo momentot ne ni izgledaat kako mnogu skapi koga gi kupuvame poedunechno no koga presmetav 2000e za nishto zarobeni pari Sepak srebro e, kolku i da e brend pak e srebro, a cena na staro srebro vo srebrarite e 20denari gram... alkata pandora original e 13.8g pa vidi kolku bi ti dale...
На кој начин го одржувате накитот? Дали секојдневно го носите во смисла за спиење, капење, дали се оштетува? Некни добив на поклон од маж обетки ама досега сум немала од Пандора и не знам, некако нежни ми изгледаат за секојдневно носење или може слободно да ги носам. Јас додуша од накит ставам само за излегување ама овие се нежни и помали кои не мора да се вадат постојано, па се мислам дали би се оштетиле доколку со нив сум постојано
Не би требало ,, посебно не обетки .. јас имам алка и ден и нок и спијам со неа и се капам и воопшто не е оштетена ... еднаш годишно ја носам златара на полирање заради сјајот
Јас имам алка и ја носам редовно, не ја вадам. Бидејќи и се губи сјајот ја носам на полирање на 8-9 месеци.