Јас такви буренца не видов, со штикли, кармини, срциња. Не знам каде си ги гледала. Кај нас во Сити Мол други ми покажаа.
Искрено не те разбирам какви ти се тие буренца! Ако мислиш на оваа алка, тоа топчето е всушност копчето со кое се затвора алката. Алкиве не се носат самостојно, туку на нив се ставаат привезоци, клипси...
Оф Боже! Ок, нека ти бидат буренца Јас имам алка ( само што мојата е кожна) и не би можела да замислам да ја видам на рака на некое машко. Ти си знаеш, ама мене алкава ми е крајно женствена работа. Сепак, може тебе ти е стилот таков или сакаш женски додатоци. Инаку, да. Има најразлични привезоци, со цветови, срциња, познати знаменитости од светски градови, Божиќни колекции, Дизни ликови... Се што можеш да замислиш.
@Marick14 Не сум сретнала машко да носи од сребрените алки па затоа ти предложив да купиш кожна која е unisex. Кај нас не знам колкав е изборот за машки привезоци,ако воопшто има,како што кажа @Avery
Мене па воопшто не ми се допаѓаат нараквиците, многу детали,циркони за мој стил. И прилично скапи а немаат некоја вредност. Имаат убави прстени, посебно круната.
Девојки си купив пандора белегија сребрена од златара. Незнам дали се оние вистинските од пандора сити мол или незнам каде, но овде ми беа поефтини па толку можев да си дозволам. Си купив и две привезочиња од златарата ко за почеток. Сега прашање ми е дали доколку се става привезочиња од оние од алиекспрес што имат жигче на сребро(а не дека се вистинско сребро) би потемнела алката или нешто слично? Поздрав
Сакам да прашам дали знаете страницата што е на интернет од пандора што може да се порачува он-лине, http://www.pandoraolove.com/pandora-charms-c-1/ дали е оргинал или може да се копија
На официјалната страна на Пандора нема никаков попуст. А вакви онлајн страни на Пандора со сомнително потекло се појавуваат често во последно време. Исто и за патики. Никаде нема рецензии за нив. Затоа внимавајте каде оставате податоци од картичката.
мислам дека да треба акаунт, и ти бара број на сметка тамо се да напишеш,улица број... како на али експрес
A шипинг има ли? Пошто гледав нешто пишеше фри шипинг над 70 евра така неш. А сега се е а попуст се е до 20 евра, незнам како би било..
Даа гледам дека сите се до 20 евра ама мислам дека нема шипинг, кога ќе појдеш на следната страна пример од производот белким ќе пишува ако има цела сума пресметана