Мислам дека не може, имајќи во предвид дека не сакаа да ми го стегнат закопчувањето зошто ми паѓаше алката од рака. Ми рекоа оди негде во златара. А приврзоциве што ви ги плаќам повеќе од злато . Сепак прашај, али како што знам никаква услуга освен продажба не прават.
Здраво девојки, имам прашање. Имам пандора белегзија помалку од година дена, приврзоците ми имаат поцрнеено. Дали тоа смее да се случи и што би можела да направам?
Смее, сребро е и оксидира. Има онлајн многу начини на чистење сребро. Во Пандора мислам препорачуваат перење со благ сапун и мала четка. Има начини со паста за заби, вриење во вода со алуминиумска фолија, и куп клипчиња со препораки на јутјуб. Јас со паста за заби еднаш ги рибав приврзоците, ама многу ми мирисаа после. Се продава во Пандора и сет за чистење.
Сега во декември ќе има некои новогодишни попусти во Пандора? Не се сеќавам дали лани имаше попусти овој период? Нешто за Валентајн како да памтам дека имаше попусти или грешка сум?
Како се движат цените на сребрените алки и дали одат барем со еден приврзок или мора посебно да се купи?
Фалаа, а дали мора да се купи и приврзок? Гледам дека некои алки и без нив убаво изгледаат. Не знам дали се носат така. Извини за прашањата, немам досега купувано.
Можеш и без приверзок да ја носиш, како ти се свиѓа тебе така.. инаку јас кога ја купував пред 3 години баш се фати за 8ми март и со алката идеше и гратис приверзок над одредена цена ако купиш.. сеа не сум заприметила дали има такви слични понуди
Како сакаш така. Јас засега само 2 привезоци имам на неа и некако празничка ми е за мој вкус, но постепено ќе си ја средам како сакам. Се носи како сакаш ти, нема правило.