Тогаш си имала среќа што си начекала така. Ретко даваат привезоци гратис. Привезоците се од 2.600/700 ден па нагоре. А тие за кои ти кажувам се по 1.000 и нешто.
Девојки, пред 15 дена купив пандора алка и не ми е баш стегната ми шета, е сега не знам како треба да стои баш.. Девојката во пандора ми ја одбра, не знаев ни дека постојат големини.. Добро ли е што е поширока ? Сакам да знам дали со текот на времето би можела да ми се вади или не се раширува само омекнува? И што препорачувате да се вади нон стоп за бањање или да се носи цело време?
Па со тек на време викаат можно е малку да се рашири. Јас затоа земав потесна тогаш кога купував, така ми рече вработената, дека како ќе ставам привезоци ќе тежеле повеќе и минимално можеби ќе станела поширока алката. Сега со тек на време некако поширока ми е искрено малку, а неколку месеци ја имам само и не ја носам баш пречесто. Јас ја вадам за бањање и за спиење, не ја ни носам секој ден уствари, но ја вадам чим стигнам дома. Препорачуваат да не доаѓа во допир со лосиони на пример, затоа гледам колку можам појше да ја заштитам, да не дојде во допир со ништо. Во упатството за алката ти пишува за се околу носењето. За ова не ти кажуваа кога ја купуваше? Мене префино девојче што работи таму ми се погоди тогаш, многу убаво ми објасни се. Но, и во упатството што доаѓа со алката си пишува за овие работи, разгледај го.
Искрено тоа што прочитав од упатството, ништо не ми објаснија баш. Мене ми е малку поширока алката ми ја одбра таа девојката од пандора, не сум приметила како треба да стои вака на други се плашам дека многу ќе ми рашири а дека нема да ми ја заменат.
Не би требало премногу да се рашири. Не треба и претесна да ти е зошто секако нели ќе ја полниш со привезоци и треба и простор. Колку ти е широка алката, многу или онака малку простор има само?
Па со оглед на тоа дека ми е без привезоци, имам простор да ставам прсти 2,3 сигурно додека ми е скроз напред.. Тебе колку ти е?
Еве сега ја пробав за да видам, простор за 1.5, преку сила 2 имам јас. Вака ко на сликава отприлика. Мислам дека 2 се таман. Еве нешто што најдов на интернет, разгледај го. https://www.google.com/amp/s/www.wikihow.com/Measure-a-Pandora-Bracelet?amp=1 Еве и ова за нова алка. https://help.pandora.net/ca/s/article/product-informaiton?language=en_CA
Tи благодарам премногу, ќе разгледам. Инаку и мене ми е вака како на сликиве тука некаде 2, 2 ипол прста без привезок, мислам дека е океј.
Со оглед на тоа што нема овластен сервис за Пандора во МК, дали знаете каде може да се смени скршен затворач на алка во Скопје? Драг подарок ми е, не знам како ми испаднала и со кола веројатно е прегазена па затворачот е скршен, и сакам да ја средам. Благодарам
Провери по златарниците низ чаршија, таму поправаат се. Работата е што ќе мора да биде фејк а и тешко дека идентичен би испаднал како тој претходно.
Секако дека не се оригинал, сребрени се да но Пандора накит може да купиш само во нивните продавници или преку нивната страна. Се друго е копија и не фрлајте само џабе пари бидејќи цените по златарите не се воопшто ниски.
Дали со годините наназад за 8ми март имало попуст во Пандора? И дали сега чистат накит во продавницата кај што е купена? Патем ме интересира и за таа крпа за полирање, колку и е цената?
Zdravo devojki, sestrami go prodava pirvezokov ako ste zainteresirani pisete mi ili pisete i nea na viber: +4915736042856 Privezokot e nov kako sto e kupen taka go prodava, so sertifikat torbichka i tn. Cenata mu 1450den, polovina od toa sto go kupi
Сакам да ја нарачам класичната белегзија(3.835 денари), еден клипс и еден приврзок. Па прашањето ми е, дали мора два клипси или може и само еден?
Поентата на клипсот е да не шетаат низ цела белегзија привезоците, ама ако имаш еден привезок не е проблем да не се два. Инаку од тежината на привезоците ако нема клипси може да се олабави белегзијата. Јас имам околу 10 привезоци и ме нервираа дури немав 2 клипси од двете страни, вака ми е подобро.
Нема правило, како сакаш ти. Јас привезоци само имам, клипси уште не сум си купила, се некако одложувам да ги купам. Не дека се задолжителни, можеш сега еден да купиш, па понатака уште еден да си купиш. До тогаш ако не ти се свиѓа визуелно еден како личи, не го носи, кога ќе си купиш и друг ќе ги ставиш двете. Зависи, се е личен избор, не е правило што и како мора, тебе битно да ти се свиѓа.
И уште нешто би сакала да прашам. Го бендисав конкретно овој клипс и пишува вака “Овој клипс се одликува со вметнат силиконски инсерт, не може да стои на навоите (две подигнати позиции за раздвојување на приврзоците.) Може да се стилизира на кое било друго место на нараквицата.” На кои позиции се мисли? Барав на google, но не се баш снајдов. За прв пат ќе ја имам и некои нешта не ми се баш јасни.