Било каде после привезоците може да го ставиш. Јас имам 2 такви и не се затвараат на местата за клипси па ми се ставени до нив, а привезоците измеѓу.
Овие што се означени со стрелки се навоите и клипсите обично стојат на нив и фактички го покриваат навојот. Со овој клипс ваљда нема таква можност, можеш да го ставиш на секое друго место на алката.
Може и само еден, тие секако се продаваат на парче. Иако според мене еден и нема баш некоја улога, подобро е двата симетрично да бидат поставени за да не ти шетаат привезоците. Мој совет ти е подобро наместо клипси за почеток да си земеш безбедносно синџирче па понатаму да си додадеш две клипси.
Сите се различна цена, најевтините се околу 3-4000 мислам, има и поскапи, зависи од видот на привезочето. Баш ти е убава алката @buba4e89 . Исто ни е безбедносното синџирче. Еве ја и мојата. Јас клипси следно сакам да си земам.
Нова ми е, пола година само. Потемнуваат после колку време? Многу ми е страв од тоа, се трудам да ја чувам како бебе за да остане што "поздрава" на изглед ама изгледа времето ќе си го направи своето, сум слушнала од сите што ги имаат подолго дека потемнуваат...
Јас ја имам речиси 2 години, само еднаш ја имам чистено со сода бикарбона и светна. Инаку ја носам 24/7, се бањам со неа, мачкам раце со креми, ми стои на рака кога чистам по дома. И да стои така среброто ќе си оксидира со тек на време. Ама затоа може да се исполира или со сода да се исчисти.
Две години е мојата. Ама јас не ја носам често и не се бањам со неа. Ти благодарам @Dream-Girl и твојата е прекрасна.
Искрено не знам пошто ја имам од кога отворија во Мк. Имам мн привезоци и затоа изгуби од форма најпросто кажано. Не ја носам веќе често, заборавам дека ја имам Не ставај парфем и чистај ја редовно.
Во сад со млака вода ставете една лажичка сода бикарбона,ставете ја алката и привезоците (извадете ги од алката),да остојат отприлика 20 мин до половина час,и потоа со памучна крпа избришете ги убаво. Ова е пожелно еднаш во месецот,но јас го правам по 2 до 3 месеци..
Мојата. Принцот не е од Пандора. Имам и семејно дрво, на ланче го носам, не ми одговара. Уште еден зелен мурано ми фали, куќарката ја сакам и уште една буква. Сите привезоци ми имаат значење.
Во мојот град нема продаваница Пандора. Денес влегов во продавница за сваровски, дали овие се други алки или истите се? Продавачот ми кажа исти се. Цената им беше од 1500 до 3500 зависи од дебелината. Ако не се што е разликата? И од оригиналите се жалат дека им менуваат боја, има некоја алка што не е од Пандора продавница?
Има сега една акција - со потрошени 7000 ден привезок за 1 ден. Не е баш некој попуст. Инаку крпчето за чистење е околу 300 ден. Чистат и таму, барем така рекоа а не сум оставила на чистење. Инаку јас Пандората ја носам постојано, сакам цело време да си ја гледам на рака, не ја планирам за во кутија. Еднаш се живее, за што ќе ја чувам хах. Еве ја мојата. Ма да, во последно време забележувам убави привезоци и од Нина Бокс, а и алки, може да се промеша.
Не, Пандора накитот се продава само во овластени продавници од нивна страна. На официјалната веб страна пишува кои страни се овластени за онлајн нарачки. Крпчето ми го имаат дадено мене гратис но не во Мк. Според мене не врши никаква улога за чистење. (Ваљда е истото)