Zdravo, koga ima silikon vo klipsot nemoze da se stavi na ovie navoi, no mozhe da se staci bilo kade na belegzijata, poradi silikonot klipsot nema da odi levo denso po belegzijata kako site privesoci. Ova se navoi.
Фамили привеков со 4ца дали ти е од Нина Бокс? Еве денес се окупирав да извадам убава слика на пандората.
Дојдов само да ја пофалам онлајн страната. Направив нарачка на алката на 3ти март, ама беше многу касно 2h сабајле ја нарачав сега сабајле во 10h ми стигна. Убаво спакувана, со фискална, со картончето и со кутивчето.На емаил ми пишеше дека до 6 работни дена стигаат па пријатно се изненадив, убаво ми почна викендот, од кога ја меркав. Кога ќе си купам и некој преврзок, ќе ви сликнам за апдејт.
Одлични се со нарачките. Мене сите ми се онлајн нарачани, до сега сум немала проблем никогаш, секогаш уредно спакувани, со фискална, со сертификат, со се. Еднаш направив грешка, им пишав порака, одма ми ја средија нарачката и стигна ко што треба.
Дали на некој му се случило да му падне камче од белезгијата? Се мислам дали да ја купам нараквицата со срце со камчиња
Јас кога купував во сити мол, дојде девојка со паднато камче од приврзок. Така да секогаш постои можност да се одлепи особено ако планираш постојано да ја носиш.
Не. Дали за онлајн нарачки на денот на роденденот има некој попуст? И дали воопшто имаат попуст, акции..? Видов на тикток од 17ти до 21ви март попуст, па дали може некој да потврди од годините назад дека овој период имало попуст?
Лани имаше за 1 ден да се купи привезок ако сметката е над 6000 ден (мислам таа дека беше сумата) или купи алка добиј сигурносно синџирче за 1 ден.. за жал не може
Што мислите за привезоци и алки што се продаваат по фб страни назначени како пандора кои се доста поевтини од овие во сити мол? Изгледаат потполно исто и прашано во продавница за сребро белат дека се сребрени и алката и привезоците.
јас искрено имам земено и од алиекспрес со назнака на сребро, но сепак потемнуваат. Можеш да си пробаш со едно две, чисто за да не бидеш измамена. Пандора е супер приказна и мислам дека беше прва во моментот кога излезе и затоа е поскапа. Се што имам земено од пандора сеуште сјае (секако со соодветно полирање) а ја носам секој ден и не ја вадам ни на бањање
И јас имам 2-3 привезока од али купено уште пред 3години и уопште немаат потемнето а алкава никогаш ја немам извадено. Исти се ко оргиналните, само што на оргиналниве пишува s 925 ale, а на овие од али само ѕ 925.
Ја од алиекспрес привезоци за кругови обетки порачувам ама истиве од Пандора како што се, исто назнака за сребро наводно имаат, ми се свиѓаат привезоците ама за обетки да не фрлам толку пари вака поевтино ми е. И се познаваат према Пандора оригиналот некако, полоша изработка е, тие со циркони па и лошо лепени се... Исти се вака на изглед од далеку ама ако убаво загледаш има разлика. Мене ми е страв да ставам такви на алката да не потемни нешто. Иако вака ве читам дека носите и дека немало проблем, не потемнувала. А, да ве прашам за чистење/полирање на алката, кај ја носите? Мојава уште е океј, но добро уште ни година дена не ми е, понатака би ја однела. Дека како да имам читано дека кај нас немало таква опција?