Ги прашав во Еаст Гејт баш за чистење ми понудија некое крпче налик исто беше како оние за пребришување наочари, 350 ден го продаваат, ја мислев може да се остави таму да ја исчистат ама не ми спомнаа такво нешто како опција. Ке почекам мојата уште малку да поцрни па ке мислам што да и правам, ми имаат спомнато дека се чисти во вода со сода, ако пробал некој нека каже.
Сребрени се но сепак не се оригинални. Јас лично не би ставала на Пандора алката вакви приврзоци. Не се реално ни до толку ефтини, можеби ќе платам нешто поскапо но барем ќе знам дека тоа е тоа.
Ќе може ако не ти е проблем да пратиш слика како/колку е потемнета? Сакам да земам од пандора истото вработената ми го кажа дека треба да се пази од вода,сапун..ако темнее џабе парите.фала
Јас од ништо не ја пазам, не ја вадам од мене воопшто, не е потемнета, само нормално секое сребро оксидира и не е истиот сјај како на почеток. Мене ми е вака и поубава ко ќе е носена, од почеток ми беше многу сјајна.
Секој сребрен накит потемнува после некое време, затоа што среброто оксидира, природна реакција е на среброто како метал, тоа не значи дека пандора алката има проблем или сребрени привезочиња што не се пандора, ама се сребрени имаат проблем, буквално нема начин да не потемне затоа што е природна реакција и да ја чуваш само во кутија, пак ќе потемне. Не значи дека е оштетено среброто туку само е слој над среброто кој многу лесно се полира, или сама дома можеш, јас сама чистам и светнуваат како нови, или во секоја сребрара, не треба посебно чистење на пандора алките, секој мајстор кој работи со накит може да ти го исполира секое сребро, а дека постои сребро што не потемнува не очекувајте таква работа, тоа е природна оксидација и се случува и на најквалитетно изработен накит. Некои дури и намерно ги потемнуваат пошто добива накитот винтиџ изглед.
Decki zdravo sakam sovet Bev na banja denes i ja nosev pandorata na mene i celata stana zoltenikava dali moze da ja vratam nekako
Mene mi kazaa vo mlaka voda i bebeski sampon da ja protrijam so cetka zabi.posle izbrisija so pamucna krpa.Ako ima efekt pisi
И сребро и злато јас чистам во млака вода со сода, малку да отстои и со четка за заби ги тријам. Како нови стануваат, светнуваат. Конкретно пандора немам носено, ама ако е сребрена би требало да е исто.
Може и на ланче и на округли обетки или како привезок за клуч или нешто, буквално како сакаш може да ги носиш.
Дали некој има оригинал приврзоци за алката од Пандора и од овие низ ФБ што ги нудат по 500 денари? Ме интересира дали се приметуваат, бидејќи читам коментари задоволни се а некако баш и чудно ми е како тоа може да се задоволни, а толкава разлика во цените...
Јас имам купено од златара 900 денари да се заприметува ако некој ептен се разбира оригиналните од пандора среброто им е посветло има сјај
И едните и другите ти се сребрени. Пандора имаат одлична изработка и со сигурност потврдувам дека се квалитетни. Копиите ги имам забележано насекаде низ Чаршија и не изгледаат лошо но не би коментирала за квалитетот бидејќи јас си купувам само оригинал. И внимавај ако земаш, не се секогаш толку ефтини. Во Пандора има и приврзоци од 1200-1300 ден. А често и копии се слична сума.