Пред некоја година, кога бев малку помлада, можеби и ми се допаѓаше накитот од Пандора. Имам неколки парчиња и сите ми се подароци. Од денешна гледна точка, не би инвестирала во накит од Пандора, зашто реално нема никаква вредност, а има доста високи цени како за сребрен накит, а и на оваа возраст ми се допаѓа подруг тип на накит.
Здраво, алката ја имам 2.5 недели, при секое туширање ја вадам ама денес приметив дека во споредба со другиот накит ми дава отсјај како на жолто. Дали некој го има користено крпчето што го продаваат во пандора за чистење на алката, дали има ефект или за џабе фрлени пари.
Има ефект, а веројатно можеш и со други производи (на златарска улица продаваат баш средства за сребро). Јас користам крпче, едно ми трае околу 2 години. Во внатрешната страна самата ткаенина има некаква хемикалија. И зависно од светлото може да има отсјај различен, сепак 2 ипол недели не се многу за да се познава на неа носено баш.
Колку е цената на тоа крпче, и мене ми треба, кај мене кај закачување се појави како измена на бојата, а ептен ја пазам ја вадам, не се бањам со неа.
Дали често има попусти од Пандора? Сакам да подарам на блиска личност па ако има попусти би почекале.
Најчесто има на привезоци кои се постар модел, понекогаш има и на цела колекција некој попуст ама минимален. Отвори на страната ќе видиш кое, колку чини. Може на нешто ќе има попуст.
Не ми е ништо посебно накитот на Пандора,не би да купам во иднина.Често купувам ставена накит и мислам дека Планира се преценуваат а не се нешто посебно.
Имам две белегзии кои ги надополнувам со привезоци,поклон од драги личности.Цените се високи пред да си купам самата на себе ќе размислам.Обично сребро е во прашање.
Имам алка што буквално не ја вадам и ми е премногу драга и ја обожавам. Ја носам веќе 7 години и си ја редам со приврзоци кои повеќето ми се подароци од блиски но сите ми се со значење. Нема сменето никаква боја само што е малку потемнето кај тоа за закопчување од внатрешната страна.
Дали ги чистат алките со преврзоците детално во Pandora продавниците? И ако да, дали знаете колку чини? Ја чистам со крпчето, убаво се чисти но делот за закопчување од внатрешната страна е многу потемнет..
Една алка, ја имам неколку години, последнава година дена ја немав ставено воопшто и ми стоеше во несесер со друг сребрен накит. Денес ја извадив после толку време и забележав дека е скроз поцрнета. Некоја препорака како би можела да ја исчистам.
Во алуминиумски сад, или обичен што ќе го обложиш со алуминиумска фолија, ќе ставиш топла вода и една лажица сода бикарбона. Нека постојат малку потоа извади ги и исполорај ги. Јас така си ја чистам мојата
Немам пандора нараквица и не планирам да купам во иднина.Не се нешто посебно,а цените кои ги имаат со оглед дека се работи за обично сребро мислам дека се превисоки.
Ја имам Пандора веќе неколку години и ја носам скоро секој ден.Боја има сменето малку, но ја чистам.Секогаш купувам од оргиналните продавници дека сепак ти даваат и сертификат.Кога ќе ги видам по чаршија тие потемнетите одма се познава дека не е оргинал,а и во другите продавници.
Дали порачувал некој онлајн од продавницата? Ако да, за колку дена стигнува и како е спакувана? Имам алка скоро 9 години, многу ми е драга и сите приврзоци имаат значење за мене, се мислам и друга да земам дека оваа е полна веќе
Купена од златара пандорава се скина за 6 месеци, ја неам закачено со сигурност никаде.Бев да ја носам на истото место не бивало да се лепи? Чаре или не де оригинал, ви се десило вас?