А во врска со цените, дали би можела да ми кажеш дали се исти цените на пример во Бугарија и Србија према Македонија?
@Ма.нев Колку што имам гледано, мислам дека нема некоја кој знае колкава разлика, може маалку поевтино во Бугарија, ама не драстично секако
Девојки дали спиете и се туширате со алките бидејќи ми рекоа дека мора да се извади? Би сакала да слушнам ваше мислење дали би било грешка доколку не ја вадиме нон стоп?
При капење да,вади ја.А и за спиење исто би ти било неудобно да спиеш со белезица и со се на неа..Јас вака практикувам
Феминки колку чинат пандора алките она класичните.. Би сакала да и купам на сестра ми за подарок.. И исто и на привезоците цени ?
И мене така ми кажаа па на почеток нонстоп ја вадев, се додека не слушнав дека ако ја вадам нонстоп може механизмот за затварање да се расипе. Од тогаш ниту еднаш ја немам извадено и се е во ред, ништо не и е.
Sakam da prasam dali ima nacin da poracam preku stranata na pandora za da ne doagjam vo skopje bidejki ne sum vo moznost? Otvaram na strana pandora no mi ja dava oficinalnata, a ne onaa od siti mol.
Луѓе, одам 2 пат во пандора да си купам привезок и барам да ми предложат привезоци до одредена и ништо не ми даваат? И кога ќе ги прашам за друго нешто - немаат. Па за 2200, 2400 знаете какви не има на страната? Ужасно разочарана од персоналот, ужасно. Ај тоа што немаат конкретни што барам, барем да ми извадеа повеќе избор да гледам. И 3000 ќе го платам, само да ми се бендиса... отсега од страната ќе си порачувам. Глупости.
Здраво, ве молам мислење дали алкава е оригинал или копија? Ја добив на подарок, купена од Будимпешта со привезок (само толку знам), а продавачката од Пандора Сити мол рече дека не била оригинал. На интернет пребарував и не ми изгледа дека е копија. Што мислите?
На официјалната страна на Пандора ги пишува сите лиценцирани продавници низ светов. Отвори прво види, дали Будимпешта имаат продавница воопшто за Пандора. Во Сити мол е единствената Македонска лиценцирана продавница за Пандора, па според тоа продавачката би требало да е стручна и да ја познава алката доволно за да каже дали е фејк или не.Веројатно не е оригинал, штом ти рекла така. Многу е тешко да се познае, зошто има продавници шо продаваат перфектно изработени Пандора алки и се останато, но не се оригинал. Јас секогаш се водам по продавниците. Ако ја нема на нивната страна, тогаш не е оригинал
Ја имам алката и мислам дека е глупост. Зошто? Зошто за алката со еден куп привезоци може да дадеш и 1000 евра а нема апсолутно никаква вредност.(освен златните што се изгор скапи) На изглед е ок, ништо посебно,повеќе е за млади девојки. Ама лично јас радо би давала толкави суми на злато што секогаш ќе има вредност. За 5000 денари има преубави златни алки такви ко bangles во златарите. А мојата е многу малку носена, никогаш ја немам ни намокрено па ми пожолте кај што се закопчува. Истото мислење го делам и за сваровски.
Ти благодарам на коментарот. Има Пандора во Будимпешта, имам и купено од таму. Чудно ми е што во продавница на Пандора во Австрија, не ми искоментираа дека алката е копија, а ја гледаа. Нашава продавачка според круната (затоа и ја сликав) искоментира дека не е оригинал. Искрено, не ми е ни битно, алката е убава и си ја носам. Но, ете ме копка да дознаам. На секое туширање ја вадиш алката? Јас ја носам цело време (ја вадам од време на време за да сменам накит), и во вода, и на одмор со неа и нема никаква промена во бојата.
Мене маже ми купи од златара со еден привезок за 3600 зошто не можеше да оди до скопје за алка а јас имав желба за 8 ми март тоа да ми купи еве ја од тогаш е нон стоп на рака иста како што ја купив
Мерак ми е сега за 18ти роденден да си се почестам со една ваква алка. Ама планирав од Пандора новото во Центар да си ја купам, поблиску ми е. Ме замисливте со тоа дека само во Сити Мол е оригиналната Пандора, да ја земам стриктно од таму ако е така?
Јас ја имам алкава и многу ми се допаѓа , а и ми нема поцрнето или слично . Само што искрено е многу скапо да се купуваат привезоците за да ја пополниш цела алка а не се ефтини . И исто така негативно е што алката нема никаква вредност не можеш да ја продадеш ако сакаш.
Дали освен во СитиМол има на друго место продавница Пандора? Сакам да купам подарок, па сакам да бидам сигурна дека е овластена продавница, а СитиМол ми е малку далеку. На страната на Пандора вика дека има продавница на ул. Маршал Тито, ама појма немам кај е тоа, сигурно е преименувана улицата.