Јас веке подолго време порачувам накит од авон и сум презадоволна. Порано освен златни обетки не можев да носам други ми предизвикуваа алергија , Од авон дефинитивно не . Ги носам и кога се туширам и до сега не ми поцрнеле . И мене не ми е јасно како на некои му поцрнуваат а на некои не
Јас пак од накитот сум најнезадоволна. Прво скап е второ не е воопшто квалитетен. Повеќето од ланчињата што ги имам по две носења променија боја па сега се сосема неупотребливи. Не се баш ефтино земени по 600 денари скоро ги платив, а да не зборувам за тоа дека синџирчињата ми оставаат зелени тргови на вратот. Не знам во врска со алергии како и што затоа што немам таков проблем но речиси на сите стои ознака дека се без никел па можеби само тоа е плус, но од друга страна од што се тие трагови кои остануваат на кожата ако не од никел? Имам по некое прстенче за нив немам што да кажам затоа што не ги ни носам, стојат така неотпакувани затоа што прстени баш и не сакам, ги купив импулсивно ама ајде. Веќе не би се осмелила да нарачувам накит од таму, затоа што се убив од купување на попусти од Котон и Бершка ланчиња за пола цена ( за смешни 100, 200 денари ), од овие на Авон.
Јас пак се чудам како на вас ви потемнуваат ,навистина незнам . Од 2008 сум член во Авон и од тогаш користам нивен накит. Неможам да ви набројам што имам затоа што навистина имам повеќе парчиња од накитот но еве летото некаде јуни ги нарачав комплет обетките ситни мислам дека беа 6или8 пара во кутијка со морнарски деталчиња ги носев на одмор.Ги менував и по цела ден беа на мене се бањав со нив и од солената вода немаа никаква промена еве после неколку месеци се како нови. Исто така презадоволна сум од прстенот што е со 2 дела на вклопување го имам повеќе од една година и нон стоп го носам на мене изгледа баш како вистинско злато и нема ниту една трага на потемнување За ланчиња кажав дека не носам и од мое лично искуство неможам да ви кажам ништо. Имам и неколку часовници но не сум љубител и не ги носам си стојат така спакувани
Женски има онлајн каталог од Авон? Знам имаше еден ама незнам дали беше Орифлеjм или Авон. Некој ми спомна дека имало прстенчиња како сега што се носат, нешто вака Сте сретнале? И цена дали знаете одприлика
Дааа, само тоа со машничето не ми се свиѓа. Ај купи си ги , исто ќе ми биде мерак. Или сакаш да ти ги купам ?
Ако ги најдам во овај каталог ќе те частам, ветувам! А ако сакаш можеш да ми купиш уште еден комплет, нема да се противам
Имам сет со 5 прстени од поодамна и немаат сменато боја ни потемнато. Мислам дека пишуваше посребрени. Исто и ланче, комплет со обетки и белегзија. А го имам и златниот часовник Eleni и на неколку места има друга боја розевкаста добиено.
Јас имам многу накит од авон но ова е најновото што си го зедов а прстенчињата ги зедов претходната нарачка и сум презодоволна од сиот накит на авон
Накит од Авон ? ЕДНАШ И НИКОГАШ ПОВЕЌЕ..Од пазар да купев повеќе задоволна ке бев. А за цените на накитот не коментирам.