Нит ми е језиво, нит ми е крипи, туку ми е нешто убаво, баш убав спомен. Начин на зачувување на спомени на едно минато време, периодот на доење кој според мене е најубавиот период што го поминав со моите деца, косичката исто не ми е крипи, оти баш таква каква што им е додека се мали во првата-втората година од животот нема да им биде никогаш повеќе. Ни за запче не ми е чудно. Смолата е материјал кој трае долго време, примероците на смола од минати времиња со заробени инсекти, тревки, растенија... не се ништо ново. Ова било језиво и ненормално Ако не сакаш, не прави. Ама цела тема да отвораш за ова и да осудуваш дека било ненормално... тоа е она што не чини.
Мене запчињата ко мал што ми беа убави, само накит да направиш. Шала на страна, знам возрасни луѓе што кога ќе ишишаат долга коса си ја чуваат, не па на детето. Како и да е, не верувам дека би се нафатил на вакво нешто.
Ова не е ништо ново ни чудно ни пак е језиво. Накит од заби, косиче и мајчино млеко се изработуваат со години наназад. Дали ви е језива сликава? мене ми е симпатично Немам накити од косиче или забчиња,но и ги чувам забчињата од поголемата керка и папочните врвки од двете ги чувам, не ми е во план да правам накити од нив едноставно ги чувам за спомен.
И мене ми е во ред чувањето на дел од косата или еден млечен заб,ама правењето и носењето накит од тие работи и од папочна врвка и мајчино млеко,е премногу бизарно.Ко праксине на дивине племиња...
Некој да носи таков накит и да не знаеш дека се работи за зачуван спомен во епоксидна смола, верувам дека ќе ти се бендиса. Моментов што се работи за мајчино млеко или коса е бизарен? Не би рекла. Мене не ми е. Јас немам таков накит, а како што реков, кој сака, нека си прави. Не гледам ништо страшно во тоа.
Мене кога ми ги вадеа со конец моите млечни заби мала кога бев ми ги чуваа во еден стаклен сад во креденецот во дневната соба,сега не знам каде се зафрлени некаде и дали сеуште ги има сосе стаклениот сад.Исто и праменчето од косичката кога сум била бебе и папочната врвца стоеја во едно бело шамивче во една ташна во регалот,сега не знам каде се,ги барав,не ги најдов,баба ми покојна ми ги покажуваше пред повеќе од десетина години.Како и да е,мене не ми се допаѓа оваа практика на правење накит од овие работи бидејќи имам впечаток дека се работи за практика својствена на примитивите племиња и бизарно ми е и ненормално,јас никогаш такви накити не би правела колку и да изгледаат убаво на око!Но,кој како го учи паметот така нека прави,сепак,секој си е самиот ковач на својата среќа и на својата судбина и секој си има право на свој сопствен избор!
Ubo I teknalo na zenava, pari ke napraj. Pa duri da ti stojat pramenite od kosickata i zabceto nekade vo nekoe si kutivce neka stojat vo nakitot. Nemora da go nosam na sebe Ali ubav spomen.
Никогаш не би носела ваков накит, малку (повеќе) е чудно да носиш запчиња, прамени коса па и папочна врвца на себе. Wtf. Ниту за спомен не би чувала на ваков начин, ама кој како си сака. Такви работи од мене како запчиња, праменче и папочна врвца не чуваат (прв пат слушам дека и папочна врвца се чувало), знам само дека ја чуваа некое време долгата коса кога ме истрижија на 4 год. ама и таа се зафрли некаде.
Чувам папочна врвца, белегзии со исто бројче што ги носевме двете во болница, ама не би накит од такви работи. Мислам дека е доволно да ги чувам во дрвената кутивка која од време на време си ја отварам да се потсетам на спомени.
^ мајка ми ги чува алките и од мене и од сестра ми. За коса не знам. Друго сигурно не чува. Ама чува први кондурки, и мои и на сестра ми.
И јас на бившиот му имав дадено праменче од коса и исто ја чуваше во новчаникот. Сега брзо ми кажаа дека уште ја чувал. Негова. работа. Иначе паганите верувале дека душата на човекот се наоѓа во косата и ноктите, бидејќи тие до одреден период растат и после смртта (мислам дека беше до 40 дена, а за тоа време нели душата е сеуште на земјата). Затоа верувале дека најтешките магии се прават на коса и нокти. Дури и постоеле луѓе кои имале задача да ги уништат ноктите и влакната на поглаварот што се сечеле/паѓале за да не може некој да им направи магија. Да не бидам оф топик, мајка ми ми ја чува папочната врвца во едно мало кесиче. Запчињата ги фрлавме на керамиди (нели така е обичајот). Би чувала и јас, ама не во облик на накит и не би го носела на мене.
Не растат после смртта. Само кожата се "суши" односно мускулната маса ја снемува, па изгледаат подолги.
Незнам од научен аспект дали е така, никогаш за тоа не сум учела. Ама за митолошки и пагански аспект знам дека во верувале во растењето на ноктите и косата. Имав изборен предмет на факултет: мито-поетика, и така ни кажа тогаш професорката.
Имам чуено за овој тренд. Дури го имам дискутирано и со другарки. Мислењата се поделени. Капка млеко, крв, запче, косичка во мало кристално шишенце да стои како ланче не ми е језиво ниту одвратно, ама факен плацента да поапаш после пораѓај? Онака седиш у бокс соба те нуди сестрата со помаранџа неколку часа после пораѓај а ти и викаш..абе, а остана нешто од тоа плацентата? И ти ја носи у тањир, онака симболично да мезнеш.