Кога бев трудна нас тоа бабицата на предпородилните часови ни го кажа.Демек многу била здрава дрн дрн.Јас прво помислив се шали.Ама после слушнав и прочитав многу славни ја јаделе. За мене е грозно како самата или бебето да си го јадам.А за мм да не зборам нему му беше страв да ја пресече папочната не па да ти јаде плацента
Е ај ако не и окубани влакна од прва депилација и влошка од прв циклус нек се чува Едино шо не ми е одвратно се млечните заби, ама тоа за успомен на детето, не за мене, во ваква кутивка
Вакви модни трендови пратиме, за друго не не бива. Којзнае колку веќе се гордеат со накитот врз себе Јас лично Тоа што можам и сакам ќе си го чувам дома.
исто и јас сум особа која не обожава врзување со предмети, но има луѓе кои ете сакаат да сочуваат моменти од чинот на доење, па од некое, праменче или др..такви се, емотивни повеќе и не им замеравам..па и сликите кои ги имам еден тон не сум ги разгледала со години...бледеат спомените.... Јас имам само една мала бебешка навлека за перниче со извезено пиленце...се уште ја употребувам иако има по некое дупче на неа од толку години перења, но секогаш кога ја вадам или ја ставам, мора да ја допрам до лице и осеќам една прекрасна блажина во душа и капка солза на очи. Нешто треба да сочуваме од убавите моменти, но капка млеко преточено во накит ми е само некое помодарство.
Од вакви работи не би правела накит, можеби само би сочувала нешто како убав спомен. Не ми се верува ама ќе видиме.
Не би направила такво нешто. Ако сакаш да ги чуваш тие свети работи, не гледам причина да ги мандаш на ѓердан со цел да те видат колку си интересна и дека твојата љубов кон твоите деца е посилна од онаа на мајките без таков накит. Бесмислено е. Тие за мајката свети работи треба да се чуваат на интимен начин, посебно место во домот, пример албум со слики, посебни кутивчиња и сл. А замисли имам такво и го изгубам, никогаш нема да си простам, од бес и помодарство да ги ставам на ризик од губење. Јас си ги чувам алките од болница, папочните врвки, косички и првите исечени ноктиња. Оф јадниот, којзнае како го излажале, гарант со кечап или вино. Крвта не излегува од папокот при прв/втор секс а и не тече странично за да остави такви дамки. Или може брцнал со рака па замачка. Ако имала добиено можел повеќе да намачка, поише пари ќе собере. Ете како се прави пара.
Овие ми се прекрасни. Би носела вакво нешто како спомен на нешто, за мене, бесценето без око да ми трепне дали на некој му е гадно, морбидно или го смета за помодарство. Штета што немам млеко повеќе.
Не сум знаела дека Власите препорачувале папочната врвца да се чува обавезно и тоа по можност да се залие во восок и да се чува цел живот оти тоа било многу моќна амајлија која во себе содржи силна енергија на три животи составени од капка крв на таткото, на мајката и на самото новороденче. Па ете и од каде се потекнуваат идеите за изработка на ваков накит.
Леле, на мене кога ми ја извадоа тоа плацентата тогаш и ме расцепеа целосно, оно такво ко бубрег меко темно кафено крваво.. големо колку бебе Кога го видов се чудев што е тоа.. Језивко..
Ни малку не ми е језиво. Жената ја познавам и лично, имам многу парчиња накит од кај неа. За сите работи кои сакам да ми ги зачува во смола чекам уште, ама ќе ги направам. Млеко веќе немам, да имав ќе си направев. Не значи дека баш ќе носам заби на уши или папочна врвца на ланче, ама како украс сакам да го имам. Така расфрлани лесно си го наоѓаат патот, губејќи се по секакви кутивчиња.
Власите ги имаат едни од најмоќните вештици во Романија.... Не е ни чудо што тоа потекнува од кај нив..... Инаку на темава... Језива е..... Јас не би чувала такви работи (млеко, заби, влакна) но секако дека ќе го чувам бројчето зашто и мајка ми го чува моето и од брат ми.....
Другарка која се породи пред неполни две години рече дека билa и вкуснa. Инаку, накитиве од @kristina.k се мелем за очи. Каква уметност може да произлезе од човековата креација, потполно возвишено.