Лани кога бев во Охрид, шетајќи се на пристаниште видов една девојка која носеше ланче од семки. Ептен ми се допадна и ја прашав од каде го купи . Ми рече дека баба и и го направила од семки од јаболка. Најпрвин се сушеле неколку дена , ама не ја знаеше целата процедура. Бидејќи како залепени се . Не знаеше да ми објасни. Ми рече дека можело да се направат и од семки од лубеница. Мене ми се допаѓаат. Баш денес се присетив и побарав на гугл. Некои се толку нежно изработени . Би носела нешто вакво. Се разбира не на некоја свеченост , но за во двор кај некоја другарка во комбинација со патики/римјанки/балетанки и некое летно фустанче баш би одговарало. За шетање по пристаниште во Охрид или шетање по плажа убаво изгледа барем за мене .Еве неколку слики од ланчиња со семки кои ми се допаднаа. Спојлер Девојката слично како ова имаше Ви се допаѓаат вакви рачни изработки ? Би носеле нешто вакво или веќе сте носеле ? Барав на јутуб ама не можев да најдам некое клипче како се „ лепат “ . Ако најдете постирајте. Ако знаете како се залепени пишете во темава. Баш сакам да си направам едно вакво од семки од лубеница. Барем да пробам. Спојлер П. С. Немојте да се изненадите утре ако ве застанам и Вас да ве прашам од каде Ви е фустанот
Никогаш не би ми текнало вакво нешто. Изгледа супер и баш е оригинално. Не се ни приметува дека се изработени од семки.
Јас знам порано секое лето си правев ланче, алки со семки од лубеница. Прво семките се мијат за да не лепат, па се сушат околу еден-два дена, не треба да бидат ни премногу суви затоа што после тешко се дупчат. Со игла и конец се прави дупче на секоја семка во средината и право се нижат на конецот. Многу интересно изгледа. Еве најдов некои слики.
леле, првпат гледам нешто вакво, многу добро изгледа, можеби ке пробам да направам некое ланче вака на втората слика што ја имаш ставено се приметува дека се шиени семиките, ако ги лепиш нема да може ланчето убаво да паѓа надолу и ке се крши
Прв пат гледам вакво нешто.Ама многу ми се допаѓа. Да знам како се прави веднаш би си направила,се вљубив готово. Уникатно,но прекрасно
Како мали правевме од семки од лубеница. Семките се собираат, се мијат и се сушат. Потоа се нижат со игла и конец. Не се лепат
Колку е само оригинално и креативно ова. Браво на тој што му текнало. Да соберам потребни „материјали“ т.е. семки и ќе си напраам вакво.