Обожавам накит, посебно со бувчиња и други животинки Не можев да најдам низ Скопје од овој тип до скоро, цела среќа, најдов на mojagarderoba.mk едно девојче што ги има за порачување вакви и слични работи, па сега чекам да ми стигнат. Едвај чекам да ги добијам! Интересно ми беше што не бара депозит од напред за работиве што ги порачувам, а ми даде и попуст зашто порачав едно 5-6 накити )) (еве линк ако некој има сличен вкус со мене http://mojagarderoba.mk/gaudiavitae-1303) јас си нарачав вакви:
Морам да ти кажам дека накитов кошта 1$ да го порачаш од интернет. Не е законски да прават ваков бизнис без да плаќаат даноци, царини и такви работи. Огромна заработувачка имаат, ама кога нема од кај да си порачаш мора да даваш големи суми.
Е па тоа е, јас знам дека го има на интернет, ама ај порачај го немам како да го платам и тоа е тоа. Сепак, ако размислуваме така и на се` останато што се продава по сите бутици и слично низ земјава се лупаат тешки маржи, затоа што најголем дел од работите се со потекло од кинеска или тајландска фабрика земени со многу ниски цени - така да, сигурно е поефтино да појдиме во Кина и да си го купиме ) ама сепак седиме во Македонија и си купуваме од бутици фино лепо. Исто, пример и со коливе што ги носат од странство - слободно може да се појди во Словенија и за 100 евра што се вика да ја купиш истата кола што овде кошта 2000 евра, ама до Солуна 100 сомуна А не ми се верува и туку така да поминува на царина било што, што ги бараш нив за пари земање, ламји Така да, мене ми е битно да го добијам тоа што ми треба, па и да го платам поскапо и ти и јас да сме на место на девојчево мислиш дека би работеле за „лепе очи“? Сигурно не. Тоа е тоа.