Имам премногу накит, но за жал, не го носам. Доколку одлучам да носам, најчесто тоа е некоја едноставна алка, но некогаш знам да ставам и некое помало прстенче, или пак ланче. Најносен накит ми се обетките. Инаку, во Скопје, најчесто купувам од Swarowski. Имам неколку ланчиња од таму, неколку алки, итн. Во Охрид, купувам од Bella Vista (продавница за сребро, ја има и овде во Скопје - City Mall, Ramstore, ГТЦ. Во Охрид се наоѓа до кафулето Славица). Има преубави модели, со убави бои. Од таму имам купено неколку пара обетки, една алка, две прстенчиња, итн. Исто така, голема желба ми е да поседувам алка од Cartier, поточно алкта Cartier Love Bracelent, но цената ми е превисока, а во мојата ситуација ќе биде фрлање пари за џабе.