1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Намази за дечиња

Дискусија во 'Дете' започната од alana, 21 мај 2016.

  1. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Не можев да најдам тема на која се споделуваат рецепти. Не сме почнале сеуште со намази, но кај да е ќе почнеме. Се надевам сите ќе споделите по некој интересен рецепт.
    Еве еден од мене:

    Намаз од свежо цвекло

    150-200гр. индиски ореви
    1 помало цвекло
    1 чешне лук
    сок од 1/2 лимон
    прстофат сол
    2 урми
    вода по потреба

    Припрема:
    Индиските ореви се ставаат преку ноќ да отстојат во вода. Водата во која стоеле се фрла.
    Цвеклото се сече на парченца од 3 цм. Сите состојки се миксаат во блендер додека не се добие убава изедначена смеса.