Намалена желба за секс

Дискусија во 'Секс' започната од marti.cookie, 11 јануари 2010.

  1. marti.cookie

    marti.cookie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    17
    Ова не ми се случува прв пат, но минувам низ некој период кога како да немам никаква желба за секс со дечко ми. Заедно сме скоро 3 години, живееме заедно, и се друго е супер само мојата желба за секс некако тапа... Некако не ми се мисли на тоа воопшто на тоа, а и кога имаме секс едвај јас свршувам прва и после едвај чекам да заврши целиот чин. Во почетокот на врската бев како манијак, а сега некако безвезе и малце ме загрижува затоа што све ни е супер, се почитуваме, сакаме, е сега нормални има некои ситни и минливи караници ама ништо сериозно. Иначе да последнава година сум малце под стерс од 1000 различни причини, и може тоа да влијае ми влијае на сексуалниот нагон. Претходно имав 5 годишна врска и исто имав таков период,ама па бившиот беше напален секој пат кога кје ме видеше и се расправавме за тоа.
    Дај кажете дали ви се случило вакво нешто во врска, и како сте се справиле, што може да биде причината?
     
  2. katerinalevova

    katerinalevova Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Незнам дали е до стресот но секако дека и тоа влијае.Јас мислам дека намалената желаба за секс може да биде од многу прчини - се разбира кај секој е различно, но мноогу влијае и растојанието помегу сексот односно доколку имаш секоја ден секс ги нема истите емоции, и чуства.Треба да постои дистанца на некое определено време односно да поминат неколку дена и потоа желбата за секс сама ке дојде.Истото може да се случи и со францускиот бакнеж.Имам читано дека во некој период од врската се намалкуваат тиа бакнежи, и едноставно немате желба за тоа (тука не станува збор за не сакање).Мој совет е да пробате неколку дена без секс па ке видиш дека работите ке се подобрат. :)
     
  3. skopjanka

    skopjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    I kaj mene ponekogas znae da bide taka. I jas minuvav period na dosta golemi stresovi,pa namesto da mislam na sex,mislev na se drugo osven na toa. I imav problmi,zatoa sto totalno mi bese odbivno da mislam a kamo li da go pravam toa.
    istotaka posle nekolku dena sex zelbata se namaluva.zatoa pocekaj nekoj den. mozebi najdobro bi bilo da ne pravis nisto nedela dve ili tri. veruvaj mi,ke vidis kako pak ke stanes manijak :lol: koga imam takov period samo ostavam da se izladat rabotite. posle se e super ;)
    probajte nesto novo vo seksualniot zivot.mozebi ednostavno ti e dosadno,pa za da ti se krene adrenalinot potrebno ti e nesto sto dosega go nemate praveno. probaj da smenis nesto,
    zatoa sto vie ziveete zaedno,mozno e i vo brak da stapite,pa moras da go resis toa. probaj so nekoi od sovetite.sigurna sum deka se ke se sredi.
    pozdrav i se nadevam deka ke se pofalis so super vesti ;) srekno!
     
  4. marti.cookie

    marti.cookie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    17
    Фала за советот, ај ќе ви пишам што како се одвива...
    Инаку баш како што рече на све друго мислам освен на секс... ми чури мозоков...
     
  5. katerinalevova

    katerinalevova Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Дали има нешто ново? Дали се подобри ситуацијата?
     
  6. andrijances

    andrijances Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Леле ова со желбава ептен ме погоди.Јас од кога изгубив невиност ,веднаш останав бремена и имав патолошка бременост ,несмеевме да имаме односи.Секс повторно дури по три месеци од породувањето и имаме но не толку често и секогаш сопругот е иницијатор,некогаш прифаќам ,а многу пати и го одбивам.Во нашата скоро 6 годишна врска никогаш не сум почнала прва, а кога тој ќе почне наоѓам некој изговор,не дека не ми е убаво,но некако се сум изморена,напната ,ме мрзи , ми студи , итн. , незнам зошто е така?
    Ве молам за совет ,како да ја потикнам желбата за секс?
     
  7. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    157
    Според мене, сите девојки имаат периоди кога баш и не им е до секс...Драга моја, па ние не сме машини, а според мене кога навистина немаш желба за секс, тогаш не го прави тоа... Ми се случило и мене да имам толку проблеми што апсолутно не ни помислувам на секс, а кога сум имала секс во такви моменти се чувствувам како кукла-без памет и чувства, а тоа е многу лошо.
     
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    И јас сум имала такви периоди, но најчесто било кога сум била под стрес, или сме се карале ден пред тоа..потсвесно многу влијае..имало периоди и кога ни било супер али ете некако јас сум била за никаде и неможам да имам односи. А и според мене, мене бар лично не ми е интересно секој ден исто па исто...јас што се зезам стани си порано имај си секс, дојди си на време дома имај си секс, легни си навецер порано имај си секс да имаш време за се нели 8) . Незнам коа ке напраам пауза пример од неколку дена , после тоа ми е најубаво..и жочу јооош :lol:
     
    На unconditionaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. julijana77

    julijana77 Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    a dali i mazite isto kako i nie imaat vakvi periodi? i jas nekogas go pravam samo kolku da ne go odbijam :)
     
  10. georgnicos

    georgnicos Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    13
    najlosoto nesto, toa neznam zosto no za nas mazite e tesko svatlivo. jas go imam tojbproblem so soprugata dolgo vreme.Prvata pomisla kaj mazot e strasna za nego, idei od tipot ete.. povejke ne me saka, nema cuvstva prema mene.. mozebi nekoj drug i se vrti niz glavata, zenite se tajni, nikogas nema da priznae da kazi, zatoa nema konkretno objasnuvanje ni samata zosto e nezainteresirana, i taka, mazot stanuva depresiven, nervozen pa i agresiven i cudete se sto e rabotata. ce znae i da ve otera,u pm, i grbot da vi go vrti i toj i toa stanuva period koga mazot nesaka seks...so zenata, no zatoa togas nema da se dvoumi mnogu da pojdi kaj druga dokolku ima sansa, i da si ja ugasi seksualnata zed.
     
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    30.167
    Кога нешто те измачува, секакви мисли во глава, не можеш бре, кај сака нека те пипне, не иде :D
    Мислам дека најголемата причина за намалена желба е кога жената ќе престане да се чувствува секси и добро во своето тело и се преоптеретува за трети ствари, а за тоа може да се виновни многу работи...стрес, грижи, болест, мака на работа, мака дома со семејството, неисполнетост на некое поле, депресија... Решение? Ќе си се посветиш на себеси, да си кренеш самодоверба, да си се сакаш повеќе, да не дозволиш секојдневните грижи да те јадат, и така да дозволиш и некој друг да те сака :)

    некој праша погоре, имам другар, машко, му се има случено на него. Од време на време знае да изгуби желба за секс...ама тоа се само периоди. Така да, не е само до жените :)
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.692
    Секому може да се случи во одредени перидои, дали заради проблеми, стрес, проблеми со здравјето. Мислам дека не е загрижувачки ако трае краток период, т.е. ако желбата за секс се врати. И мене ми се има случено, но краток период беше. Ако се нема желба за секс, подобро е ништо да не се форсира, затоа што тоа би предизвикало поголеми проблеми, значи подобро е еден период да се апстинира. Или па во краен случај, да се проба нешто ново, нешто што ќе го зачини сексуалниот живот.
     
  13. MarioCasas

    MarioCasas Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    23
    не сум почувствувал ххахахаха
     
  14. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    40
    E toa e mojot najgolem problem :( koga sum sama cesto mislan na seks,no koga sum so deckomi zelbata paga post nula ne znam veke sto da pravam :((
     
  15. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    49
    Дечки јас имам голем проблем. Неможам воопшто да уживам во сексот. Пред 2 месеца како сум активна и не можам да се опуштам. Многу се нервирам дадејте ми некој совет. Се трудам да не мислам на нешто друго ама не бива.... си мислам на некои др работи. Дечкоми се обвинува дека он е крив дека не можел да ме задоволи демек мал му бил а среден му е не е мал. А јас му велам дека не е до него... Дадејте ми совет ве молааамв :( ;(
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lolabanny

    lolabanny Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    А што мислите, што се случува со мојот дечко (7 год. сме во врска), а мисли на секс еднаш во 2-3 недели? Каде ли си го загуби либидото (порано не беше вака)? Се гледаме сто пати на ден (блиску живееме), и секако имаме и услови каде и слободно време.
     
  17. lostintranslation

    lostintranslation Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    lolabanny, навистина дечко ти е феномен, а да не имате вие по 60 години? Мислам, не е нормално за млади луге па и во долга врска да не се сексаат редовно.
     
  18. Anaztazija

    Anaztazija Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Не уживам за време на секс,а го сакам многу

    Имам врска од 4 години,со дечко ми активно веќе имаме 2 години интимни односи - прв ми е,на почетокот со него ми беше суперр , ссега во последно време се обидувам да уживам за време на сексот - ама за жал неможам, ....Сакам да имаме односи,но кога дојде моментот - досадно ми станува....Значи сакам да имаме - и го сакам дечко ми многу, но во последно време неможам, ако не ми каже нешто во врска со тоа мене не ми ни текнува , дури и наоѓам изговори - имам работа, учам и сл /а всушност сама сум дома и седам.... :$
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.592
    ^ А бе види....реално никој не бега од добар секс :D
    Најверојатно сте се „стопиле“ во својата удобност, па не пробувате ништо ново и не експериментирате, со што тебе ти станува досадно и монотоно и бегаш од „обврската“. Пробајте нешто ново - купете секс играчка, врзи го, изненади го (на темен паркинг), облечи секси долна облека за да се чувствуваш и ти секси, играј улога, заведувај го....
    Со ова не сакам да кажам дека проблемот е во тебе (за да се промениш со правењето на овие работи), туку дека ваквите новини ќе внесат свежина во сексот, а со тоа и во врската. И размислувањето кај тебе значително ќе се подобри, верувај, а со тоа и целиот пристап кон „проблемот“.
     
    На Anaztazija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anaztazija

    Anaztazija Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Еднаш пробав ама и тоа не бива,ќе се одбидам пак да видам како ќе биде (ќе експериментирате со секс играчки и сл ) стварно не ми јасно што се случува / дури размислувам да раскинеме, да помине малку време ( го сакам, а некој пат дури ми одвратно што ме допира ЧУДНО, ) Инаку ФАЛА на советот :)