Намалена оваријална резерва и причини

Дискусија во 'Бременост' започната од it's me A, 26 март 2025.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.188
    Допаѓања:
    14.802
    Пол:
    Женски
    А колку е најдобро да биде АМХ како по,, книга"?
     
  2. ристованабане99

    ристованабане99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    71
    Пред некое време прогуглав баш на оваа тема - редовен циклус а истовремено немање фоликули и негде ми излезе дека постои нешто што се вика ановулаторен циклус односно немало овулација, а сепак имало циклус, но таквиот циклус не потекнува од распаѓање на неоплодена ј.к. како вообичаениот, туку е некој вид „чистење“ на утерусот. Не знам колку е ова до крај точно, треба со специјалист да се разговара.
     
  3. it's me A

    it's me A Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Разговарано, јас не сум човек што нешто остава на случајноста.
    Одговорот беше специјалистички и дипломатски, можеби ова, можеби она..
     
  4. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    1.446
    Пол:
    Женски
    Кај мене исто се промени, иако и претходно сум имала 5-6 дена од кои вториот и третиот ден најобилно. Некаде пред 5-6 години ориентационо почна да се намалува и до ден денес имам 3-4 дена од кои само вториот и третиот ден се полни влошка. По пораѓај продолжи исто.
    Инаку некаде на 27 години прв пат испитав амх и резултатот беше малку над 1, за во 2023 веќе на мои 32 години да биде 0.04, во две лаборатории исто, приватна и државна. Тогаш веќе имав поминато едно ин витро и две инсеминации, неуспешни за жал и се спремав за второ, но баш тогаш останав бремена природно.
     
    На see.emily.play, tina2018, Matteaa01 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Carpe Diem New

    Carpe Diem New Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да дадам подршка со моето искуство. Имав ендометриоза и една лапараскопија на 33 години. Цистата повторно ми се појави по само 2-3 месеца. Самата ендометриоза и лапараскопијата ги намалуваат резервите иако јас не испитав тогаш амх. Сите доктори ми рекоа само ин витро за дете. Може и тоа беше причината што се опуштив и сметав дека природно нема шанси за бременост. Забременив на 34 години природно. По ова имав два спонтани па тоа беше причината што почнав со испитувања. Амх на 36-37 години му излезе 0.3 во 3 лаботатории, ФСХ 17, на ехо имав мн.малку антрални фоликули. Сите едногласно беа за ин витро. Направив 5 инсеменации и 1 ин витро, се неуспешно. Во меѓувреме се што ќе слушнев од капки, чаеви, фемина капки, хомеопатија и триста други работи пиев. Ни тоа немаше ефект. Кога наеднаш на 41 година бременост по природен пат, успешна. Нема правила за ништо дефинитивно. Јас претпоставувам дека АМХ да сум го испитала на овие години после ендометриоза, лапараскопија, инсеменации, ин витро ќе бил нула.
     
    На Legally Brunette, 5678m, tina2018 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    3.982
    Пол:
    Женски
    Исто како тебе, намалена оваријална резерва на 38 год со амх 0.05 и фсх високо. Три трансфери со донор јк, третиот успешен, родив на 45. Остави ги цигарите, вози точак, вежбај нешто, јас вежбам јога, може што сакаш само телото да го движиш и да не се нервираш. Оди на воздух, н апланина на море да се одмориш. Провери вит Д и пролактин. Јади авокадо, бразилски ореви, јаткасти плодови, медитеранска исхрана.
     
    На Legally Brunette, H.VAGA, Skyler81 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. it's me A

    it's me A Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2024
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Ваквите приказни се многу инспиративни и ме радуваат. Во овој релативно краток период на обидувања и ја добив впечаток дека амх и фсх и не се толку битни, колку што е бројот на атрални фоликули
    Кај нас правеше со донирани или надвор?
    Од еден "шопинг" ти беа јајце клетките или повеќе?
    Јас сакам Солун, со свежи, па не знам
    Не ми се губи искрено време во чекање чудо
     
    На H.VAGA, intj_girl и Carpe Diem New им се допаѓа ова.
  8. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    1.385
    Пол:
    Женски
    Само да ти дадам поддршка за Солун, познавам една што е бремена сега моментално на 53 години со донирани, успеа во Солун после 5-6 години (ако не и повеќе) бавтање во Систина... Во Систина пробуваше со свои јајце клетки...
     
  9. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.208
    Допаѓања:
    3.982
    Пол:
    Женски
    Њуборн кај Трајковски. Прво купив три јк во Ремедика кај Димитров, врска нема. После купив шест во њуборн, втор и трет обид таму. Знам жена во Систина што успеа кај Поповиќ.
     
  10. Bomini

    Bomini Нов член

    Се зачлени на:
    15 април 2026
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски

    Здраво
    Во целост се сложува со тебе. Не може одговорот да биде мајка природа.
    До сега имам слушнато две теории.

    Едната е дека интраутерино сме биле изложени на радијација. Односно нашите мајки додека биле трудни со нас биле изложени на радијација( зрачење).
    Другата е често држење на ригорозни диети и варијација на телесна тежина.

    Дали некоја од вас држела диети или ослабнала многу за краток период ?
     
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    39.424
    Пол:
    Женски
    @it's me A нема одговор зошто кај некои жени така брзо на намалуваат јајце клетките.
    Знам само дека има жени што рано добивале и порано. Ја на пример добив на мои 10 годни, родена сум во осумдесеттите и цел живот мака мачам со ПЦОС (што значи имам многу антрални фоликули) ама ретко зрели јајце клетки и често ановулаторни циклуси. Наместо пукање на фоликули кај мене се создаваат цисти. Имам 45 години и сеуште имам циклус, никогаш не ми биле редовни циклусите па не знам дали влегувам или не во перименопауза.

    За донирани клетки мене тој Солун ми е многу сомнителен. Знам пар кој имаа четворки зачнато таму, а по правило не смее да се вратат повеќе од 3 ембриони. Знам две жени на кое децата од донирани јајце клетки од таму исто им изгледаат, а жените не се ни познаваат меѓу себе. Не мислам дека етиката им е јака страна. Побитно им е да се оствари бременост по секоја цена.
     
  12. steffy05

    steffy05 Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Ајдее, не мислам дека е до толку. Зарем не постои некој правилник дека сперма од еден донор може само еднаш да се искористи само еднаш во одредена земја?
    Може така се погодило да наликуваат децата, а ти дека знаеш како се зачнати и дека на исто место па може потсвесно си бараш докази