Мислам дека нема ваква тема па ја отворив... Какво е вашето мислење за дебелите луѓе... Дали на нив им е добро или пак се чувствуваат глупо баш поради килажата и неможат да најдат дечко
Зависи. На некои им претставува проблем и сакаат да го решат, но неможат поради одредени причини или пак се трудат да го решат и се на добар пат, а на некои супер им е и добро се чувствуваат така, не сакаат да бидат слаби. Сепак, не треба да се губи самодовербата никогаш.
Има една тема во психологија за луѓето со вишок килограми. Намалена самодоверба поради килажата е проблем што може да се јави кај секој. Јас сум жив пример како 3 кила покачени ми влијаат на расположение и на самодоверба, а не па повеќе. Ама има некои луѓе кои едноставно се прифаќаат такви какви што се, со вишок и пукаат од самодоверба. Е таквите се за пофалба, ако има вишок можда сака да го симне, ама пука од самодоверба.
Моментот кога не можам фармерките да си ги закопчам од прва. И едно кило ми делува, ама за среќа, одма ослабувам, така да никогаш не сум се здебелила повеќе од 3кг. Не сум си го дозволила тоа. Ваква слична тема мислам дека имаше , како и да е, кој ќе те сака - ќе те сака каква и да си. А, самодовербата е личен, свој проблем. Треба да научи човек да има самодоверба на сите полиња во животот.
Јас мислам вие буцкастите да нема потреба да имате помала самодоверба, бидејќи секое машко попрво би било со малце подебелко девојче отколку со послабичко, освен некои исклучоци. Ако не сте задоволни од изгледот, земете работете на него, тешко е кога си природно таква, но со напорна работа ќе има ефекти.
значи јас слабата си имам уште поголем проблем.. па добро си знаев јас одамна ми е мене намалена самодовербата поради како што викаат некои дека имам поточно немам многу килограми значи дека сум слаба физички нели.. некои викаат доболно сум а други СЛАБА.. и ужасно се нервирам кога ќе ме прашат дали јадам па како може да не јадам како сум жива.. Ама тоа е организам јадам јадам и пак не се здебелувам..
Види, мoетo мислење е тaквo кaквo штo е бидејќи и јaс личнo сум дoстa слaбa и немoжaм дa се здебелaм, и личaм пoмaлa oд кoлку штo сум. И мене ми е нaмaленa сaмoдoвербaтa, нo секaде пoбуцкaстите се третирaaт кaкo жртви, штo не викaм декa не се, нo кaкo штo кaжaв, пoзнaвaм пoвеќе пoбуцкaсти штo имaaт дечкo oткoлку слaби штo имaaт дечкo.
Значи јас сум покрупна личност, и заради моите вишок на кг. јас ја изгубив самодовербата..значи пробав со секакви диети и со тие диети само ја ослабев мојата крв и завршив на болница..а моите кг воопшто не се намалија..Имам 18год а сериозна врска до сега не сум имала само пролазни момчијна и сето тоа е мислам поради мојата килажа .
Не ја губете самодовербата поради изгледо Зт т.е вишокот на килограми.Знам ке ви звучи обично клише но според мене не е тоа пресудно за тоа дали сте сингл или во врска, физичката привлечност е можеби битна но не и пресудна . Не се чувствувајте помалку вредно од другите што се слабички туку ако имате волја да намалите некој кг исфрлете некои лоши навики и спортувајте,за некое време ќе има резултати и полека ќе си добиете убава линија.
Секое тенџерче има свое капаче.ако некој ве сака ке ве сака таква каква што сте а ако ве сака ради згодното тело ондак тој само се пали на вас и вие за него сте трофеј. а и воопшто не се згодни оние слабине како стап за чукање ораси .без навреда девојки. боље да љуља него да жуља
Најлесно е да се откажеме пред самиот старт, велејќи нема да успееме. Не можеме , ако не сакаме. Според мене зборот не можам, е само изговор за нешто што не сме подготвени да го направиме. Треба храброст, упорност, да веруваш во себе, да сакаш да промениш нешто и успехот е неизбежен. Конкретно за големиот број на вишок килограми. Јас имав 57 кг вишок на мене.. Од тие 57 кг елеменирав цели 42 кг и ми остануваат уште 15 кг. Кои цврсто верувам дека ќе успеам во својата цел. Целата приказна почна од Март 2014 година. Многупати пробував разноразни брзи диети и се откажував, Сакав резултати преку ноќ, Епа не оди така. Не сме се угоиле преку ноќ, нема ни да ослабнеме преку ноќ. Најважно балансирана исхрана и физичка активност! Се останато паѓа во вода. Но тогаш бев цврсто решена, инат. Знаев точно што Не сакам. Ми беше многу полесно да ги елеменирам од старт лошите навики. Тоа ми помогна многу. 99,9% од времето го користев за да ја убедам сестра ми дека сакам, а не можам. Амиииии ..пробав јас, ама сфатив дека не можам, а не не, добро ми е вака.. А тука не изостануваа и останатите луѓе блиску моја околина. И? ги лажев и нив, оние на кои всушност не им е гајле за мојот живот, али едно гласче во главата секогаш ми велеше дека сум губитник и кукавица. Преку ден држев правилно, т.е кога она беше во моја близина, после буткав што ќе ми дојде. Идеално беше кога замина во странство и полн погодок. Кога си дојде убаво ме испегла, ме фати инат , инат! Ги разграничив убаво горенапишаните работи.. и така почна мојата трансформација. Сега сум нова личност, се едуцирав и сеуште учам нови работи. Бидете упорни, правете работи кои вам ќе ви донесат мир, задоволство. Ја вложив целата моја енергија, труд и чуството на задоволство и гордост на самата себе е