devojki ,ja vekje 3-4 godini nosam naocari ,i iam custvo deka koag gi nosam ko da ja gubam samodoverbata ,deka ne sum privlecna voopsto ,dali e tocno deka maskite ne saakat devojki so naocari ??? mislam duhovita sum ,i ubava i intersna ,ama iam custvo deka koga sum okolu masko deka poradi naocarite ja gubam taa intersnost i stanuvam nerrvozna !!! help plss [mod-kirilica:3v4hapfo][/mod-kirilica:3v4hapfo]
За почеток, како знаеш и умееш поврати си ја самодовербата, зашто ниедно машко нема да те сака несигурна во себе. Наочарите се само детаљ плус на тебе, а доколку има машки кај кои тој детаљ е пресуден дали девојката им се допаѓа или не, тогаш таквите не ти ни требаат! Ако сметаш дека во љубовта „страдаш“ поради наочарите (што според мене е невалиден аргумент ), надополни го тоа со некои други твои доблести. Рече дека си духовита и интересна, нели? Епа нека биде тоа твоето најсилно оружје, и ќе видиш дека ни наочари, ни ништо нема да го сопре идното Либе да биде со тебе. Среќно!
procitajtee !! Одговор од машко: Не, нормално дека не. Одбери си добри рамки и можеш да изгледаш дури и подобро отколку без наочари.
procitajtee !! Оваа ти е некоја луда мисла, еве мојот дечко сака девојки кои носаат очила, и му се допаѓаат ( јас не носам ама сестрами носи ) . Немој да мислиш така за себе, сите ние имаме некој мал недостаток, еве овде можам да разберам , дека никој ти нема кажано дека не си убава, а ти овде сама си кажуваш, тоа е твое мислење а не на некој друг, немој да мислиш така , самодовербата сами си ја градиме , и сами си ја рушиме. И да, оној кој те сака тебе, нема да му е важно дали носиш очила или не .... Се надевам ќе го смениш мислењево
procitajtee !! Де бре, глупости. Што врска имаат наочарите? Јас колку другарки имам со наочари, па баш си се убави со нив. Дури и поубави се. И да, пробај си со контактни леќи ако ти сметаат наочарите, иако мислам дека за глупост "си ја намалуваш самодовербата" Ниту наочари, ниту фиксни не се проблем. Ако имаш срце за да сакаш, друго не е важно. Како што веќе кажа, имаш некои убави карактеристики. Сама рече, се сметаш за убава. Ако не си се цениш самата, и ако самата не си се сакаш, нема кој
procitajtee !! NOT TRUE!!!!!!!!!! На мене лично повеќе ми се допаѓа девојка со наочари....А причината - затоа што изгледа SMART Така да тргни си ја таа луда идеја од глава...Единствено нешто што можеш да направиш е како што ти кажаа - да најдеш убава рамка...
procitajtee !! Нема веза, и јас сум за наочари и ќе одам на преглед и нема да ми е срам да ги носам, ми требаат што да правам...а и моите другарки носат,мислам повремено и баш се секси со нив И на дечко ми му се допаѓаат женски со наочари.Тоа не треба да ти влијае на самодовербата, додуша има личности што не се посебно убави, ама толку се самоуверени што зрачат со енергија и убавина која неможе да се игнорира...убавината сепак доаѓа од внатре,а и знаеш деа убавината е во очите на оној што гледа, така да немај гајле само избери убави рамки и решено.
procitajtee !! Јас носам наочари скоро 10 години и тоа никогаш не влијаело на мојата самодоверба! Не е точно дека машките не сакаат девојки со наочари,напротив,сите дечковци ми имаат речено дека изгледам многу убаво со наочарите,и не само дечковците,сите,и роднини,другари/ки,колеги/шки.Поранешниот дечко дури и ми се лутеше кога немаше да ги носам наочарите или кога на шала речев дека не сум убава со нив. Ако некој дечко те сака,тој ќе те сака и со наочари,па дури и рокчиња да имаш на главата.Затоа престани да мислиш така и потруди се да си ја вратиш изгубената самодоверба!
procitajtee !! Јас носам наочари од 7 години....Астигматична сум, потребни ми се. Но нема никаква врска со самодовербата, и со тоа дека машките не сакаат. Имам другарки па и другари што носат наочари и баш се привлечни... Некој ги спомна и фиксните протези, и јас имав фиксни и наочари носев па тоа воопшто не ми влијаеше на ништо (иако имаше такви идиоти кои се потсмеваа, и да завршија со по 2/3 заба мањак). Така да само напред и ич не се секирај. Ако некој те сака ќе те сака и ќора и саката и секаква :]
Леле јас си ги обожавам наочарите. Немам потреба да ги носам нон-стоп туку само кога читам книга или сум пред компјутер ама многу често знам да си ги ставам заради мода. Едноставно најди си модел кој добро ти стои и ти се допаѓа, нема зошто самодовербата да ги опаѓа поради очила. На денешно време гледаш дека дури и повеќето носат наочари и без диоптер бидејќи се навистина модерни. Така да веднаш на шопинг по очила и готово А ако веќе толку не ги сакаш секогаш имаш опција леки
Каква врска имаат ,,очилата.. со самодовербата не ми е јасно??? ЈАС НОСАМ ОЧИЛА 20 -21 ГОДИНА сабајле кога ке станам прво нив ги ставам дури и да сум ги заборавила со рака се пипкам до слепоочница да проверам дали се тука ! носам очила со фотогреј стакло од секогаш кога ке излезам изгледаат како за сонце П.С. еднаш го прашав м.м.дали му пречи што носам очила? знајш што ми рече !?!?! -Јас те зедов заради нив со тоа сакаше да кажит дека не му пречат и дека со нив ме сакат исто толку како и безнив ! Само напред имаш подршка од мене да си ја поправиш самодовербата !
Другарка ми толку многу не сакаше да ги носи наочарите, а имаше диоптер -3.5 па јас и бев толкувач кога ке излезевме. Ако некој ја поздравеше од далеку, морав веднаш да кажам кој е за да одговори или не. Девојката се сопнуваше по улиците ама наочари - никако! Не се замарајте, на кој му треба нека си носи. Незнам какви да сте, младоста ве краси.
прва грешка е што мислиш дека е комплекс.. нема везе стварно.. има наочари со многу убави рамки и интересни форми немора да купуваш од бабински некои.. ако толку ти смета пробај со леки но ништо не ти е за сигурно..
Јас носам 2 години и нешто. И вие сте луди ако тоа ви ствара комплекс! Луѓето денес носат наочари чисто од мода и без диоптер! Поминаа времињата кога тие што носеа наочари беа гикови, бубачи, исмејувани итн. Ич да не ти е гајле! И под ниедна точка разно да не ги баталуваш ќе си направиш полошо! Плус, ние што носиме наочари изгледаме посериозни и интелигентни Јас лично повеќе си се сакам со наочари него без нив!
како може да ти намали самодоверба наочари...јас носев порано и тоа си најдов добар модел и ми беа баш екстра...малку ми сметаше тоа зимно време кога ке влезеш од надвор во кафич замаглување на стакло ама јас си се зезав чекајте луге шофершајмите да си ги избришам...ми беа мн од корист сега веке немам потреба од нив...мада признавам дека една вечер малку поднапиена намерно ги скршив ама тоа ддека имав друштво во глава...фала Богу сега и немам потреба од наочари...ама баш ми е секси добра наочара на глава...па затоа сега надокнадувам на овие за сонце хихих
Mене баш ми се посимпатични и посекси девојки со очила и како што пишаа погоре,некои намерно ги носат заради мода
леле немој така па баш очилата се секси, направи ги да бидат во твоја корист, да бидеш попривлечна и секси, очилата немаат веза со убавината. еве јас со години носам па никогаш не ми ни паднало на памет дека сум поубава без очила. некогаш ги вадам од чалам де ама кога ќе ме здоболи глава се потсетвувам зошто ги носам постојано лол. уживај си и не се замарај посекси се очилата...
Јас носам очила скоро 3 години, воглавно ги носам за читање и за пред компјутер потребни ми се, а понекогаш и за излегување во кафич (за мода) :geek: Не да ми се намалува самодовербата туку ми се зголемува, и се чувствувам по ѕеxу и на дечко ми многу му се допаѓам со очила. Поздрав
Да ти кажам искрено посекси е девојка со очила ,па макар и момче.Знаеш така се чуствуваш затоа што така самата си имаш зацртано во главата .Но пробај почни посексапилно да се чуствуваш и ке видиш дали не сакаат