Еве едно видео што ќе ви помогне да одберете соодветни рамки според обликот на лице http://www.youtube.com/watch?v=jKV-odZZGtk Јас сум си ги погодила моите
За девојки незнам, ама знам дека се паламна момчиња со очила. Ма колку и да е грд, видам ли некој со очила веднаш го загледувам од глава до пети. Сите со очила ми се некако симпатични, дали девели, слаби, високи, ниски. Ептен сакам момчиња со очила :geek:
Ми се плачеше кога ми кажаа колкав диоптер имам ама од кога ги земав наочариве се прашувам зошто порано сум сум ги ставила
Зошто би мислела дека изгледаш непривлечно со очила? Тие не менуваа ништо на твоето лице. А и не верувам дека некој би те сметал за непривлечна само затоа што носиш очила. Ако навистина те смета за таква, тогаш е идиот. Не ти е потребен идиот. За да си ја зголемиш самодовербата, можеш да ја смениш рамката и да избереш рамка со која најубаво изгледаш.
Девојки,дали знаете нешто повеќе или сте употребувале таблети Lutein complex plus за очи,или некои другио таблетки за подобрување на видот?
Не би се сложила дека очилта не менуваат ништо на лицето на тој што ги носи. Менуават и те како, посебно ако се направи погрешен избор на рамки или форма на очила. Јас имам во комшии и од еднио и од другиот пример, имам соседка која почна да носи очила кои тотално ја разубавија и обратно од симпатично девојче со погрешен избор на очила стана помалку атрактивна. Искрено очилата немора да бидат хендикеп ако се направи правилен избор. Родителите многу грешат кога во тие години кога децата се нај осетливи ке им изберат не соодветни очила (читај нај ефтините) и ке го искомплексираат детето за цел живот.
Зошто намалена самодоверба поради очилата?Баш попривелчно ми изгледа девојка/момче што носи очила.. кај нас в клас 5 деца носат очила,да да 5 од кои 4 машки и едно девојче и баш убаво им стојат и јас многу сакам да носам очила и често и ги земам на мајка ми и си се шетам низ куќа со нив а таа само ми се дери,немој ќе те боли главата
Мислам дека не треба да се има намалена самодоверба при носење очила затоа што најпрво тоа е за ваше добро + во мода се очилата кај нас последниве 2-3 години Јас имам очила ама не ми се за стално т.е треба да ги носам Ги имам од пред 2 години но ги носам ептен по потреба и многу ми се убави повеќе ми имат кажано дека добро ми стојат и изгледам по секси
носам очила од 7 годишна возраст направив мала пауза бидејки пиев хомеопатски лекови-ми се подобри диоперот ама пак си се вратив на очилата и од никогаш не сум сметала дека тие се пречка или дека придонесуваат во намалувањето на самодовербата-баш напротив изгледаш по професионално
Јас сум по буцкаста и имам самодоверба...Нема никогаш да стигнете ако немате самодоверба,посебно ако носите очила
Самодовербата не треба да ја изгубите никогаш,а најмалку поради носење очила.И јас носам,ама само кога работам на компјутер и читам книга или пишувам.Напротив,луѓето кои редовно ги носат :geek: во мојата перцепција ги знам како такви и ми се симпатични Носете очила и немајте гајле за другите
Јас да ви кажам не носам наочари и не можам да сочувствувам со вашиов проблем, но можам само да ви кажам дека МЕНЕ НАОЧАРИ МИ СЕ СЕКСИ СТВАР Би сакала некогаш да имам таков парнер
Пред една година и пол почнав да носам очила, на почетокот се страмев, не се чуствував убаво и ги носев само дома. Си купив нови очила и многу си ги сакам, се навикнав и неможам без нив. Одберете добри рамки кои ќе ви одговараат и нема за што да се страмите.
Е,овде спаѓам и јас...Знам дека не треба да се срамам од нив,но повеќе пати сум рекла е денес ќе ги носам на училиште/за излегување итн итн но неможам едноставно срам ми е многу,да не изгледам грдо,како бубалица како некоја заостаната во секој поглед...i'll never change myself,i don't try hard enough