Отприлика ги прочитав сите коментари , и сакам да ви кажам дека и јас имам проблеми со видот. Уште како помала ми се појави губењето на видот , ама од пусти срам за носење очила не превземав ништо. Со текот на годините видот ми се расипуваше се повеќе и повеќе, и сега ми е околу -2.70 скоро 3, а млада сум , имам само 21 година и сфатив дека не сакам за уште неколку години да го изгубам уште повеќе. Се решив и отидов на преглед , ги барав сите алтернативни можности само не очила. Ми препорачаа леќи, и прифатив. Оттогаш ги користам веќе 3 години, и немам никаков проблем. Малку се тешки за одржување и треба внимание , ама сепак се на се не ми се проблем, веќе ми станаа утринска рутина, дури и ми е чудно ако не ги ставам ( не гледам ништо ) при средување наутро си ги ставам и нив, пред спиење со вадењето на шминка, миење и слично пак си ги вадам и тоа е тоа . Така да би ви препорачала да си земете , поефикасни се од очилата, и ако може за нијанса се поскапи, сепак ги ставате сабајле, цело време супер си гледате ги вадите навечер и што е најдобро никој не ве приметува дека носите
Лајк за коментарот на Bokchee. Туку,незнам,не гледам причина зошто да имам намалена самодоверба. Јас почнав од многу мала да ги носам,генетски,сите си носиме дома,и на почеток ми беше малку тешко,ме исмејуваа децата,ама сеа си немам проблем. Секој почеток е тежок,ама ќе се навикнете. За леќи незнам,и сум,и не сум.Грозно ми е тоа ставањето/вадењето. Единствено ласерска му е мајката.
Ако на некого му е намалена самодовербата заради очилата значи рамките не ти одговараат со формата на лицето. Побарај помош од некој што се разбира да ти помогне во изборот и на оквирите и бојата. Јас си се осеќам многу секси со очилата мои. :geek: Spoiler Дури и мислам поубава сум со нив.
Убавица Девојки воопшто да не се срамите или да ви биде незгодно да носите наочари, денес има толку голем избор на секакви модели и бои, нека ви станат моден детаљ Добро избраните наочари му даваат како рамка на лицето и ги истакнуваат очите. Spoiler Не дај боже да ме чуе, ама јас имам другарка што некако поинтересно изгледа со наочари отколку без нив Исто така, имам приметено дека машки со наочари ми се попривлечни, дури и посекси (можеби дека наочарите ме потсеќаат на интелект? )
Дедо ми ми има кажано дека порано кога бил млад срамота било да носиш наочари и носеле само тие што не гледаат ништо без нив , диоптер 3 на пример Поради тоа најверојатно сега има толку стари со оштетен вид, мислам не дека ќе гледаа се ако носеле на време наочари ама не носењето допринело дополнително да им се влоши видот.
Што знам, некој знам дека нејќе девојче што има наочари, одбивни им биле како да не. За мене, наочарите давата посебен сексипил за женското, незнам како да објаснам, но женска со наочари плус широка насмевка, е стварно добра кмбинација.
не ми е јасно зошто личности кои носат наочари би имале намалена самодоверба како прво тоа е дадено заради самите вас,заради ваше здравје, оние кои на пример би се смееле или би ги навредувале на некој начин тие луѓе треба да се запрашаат како би им било на нив оа да им го прави некој друг,нема ништо срамно во тоа да се носат, и во право е феминката погоре што кажа дека тие се посекси и поубави... така да без гјле...носете ги гордо и уживајте
Се соглласувам со напишаново-нема ништо срамно, нема ништо чудно, очила како очила не се ништо навредливо или неубаво за изглед, се носат поради потреба-кратко и јасно. Jас носам очила од пред некоја година, ми се намали видот од многу учење, тоа нема никакво влијание врз мојата самодоверба-баш ми стојат очилата и јас сум истата девојка од порано кога не носев очила-ништо не се сменило..... Mеѓутоа постојат ајде слободно да кажам чудаци кои се потшегуваат со човек кој носи очила,тие немаат попаметна работа и толку мозок носат во нивните и те како празни глави, очи имаат, а сепак се слепи и неможат подалеку од сопствениот нос да си видат. Девојки нема такво нешто како намела самодоверба-тоа се случува ако сте емоционално слаба личност, инаку реалноста е сосема друга..........сакам да кажам нормално и природно си еееееееее, така да кулирајте и уживајте, не обрнувајте внимание на небитни коментари од уштепонебитни и компетентни лица
Исто и јас се согласувам со ова. И јас носам очила скоро една година и воопшто не ми е намалена самодовербата. Ги носам најчесто кога учам, пред компјутер, кога возам, а некогаш и онака како украс Па, ако не ги носам ќе ослепам скроз на скроз и после што сум постигнала со тоа!?
Јас имав порано ваков проблем и ја направив најголемата грешка во мојот живот, што ме чини диоптрија од -8,50. Оргомен диоптер е тоа! Носам наочари од градинка, се до шестто одделение, кога нели ги оставив заради тоа што мислев кој ќе ме сака мене со наочари. И се така до втора година средно кога не гледав ништо пред мене. Ах да го имав овој памет тогаш... Денес не можам да се замислам без нив, ем што ми се неопходно потребни, ем што си се сакам таква... Имам многу позитивни критики од околината, и од машки и од женски. Со текот на времето и со годините сфатив дека со нив имам поголема самодоверба, отколку без нив.
^ Исто и јас, стигнав до диоптер 3.50, криев од моите само за да не ме однесат на преглед. Сега нормално дека поинаку размислувам. Си најдов рамки што ми одговараат на ликот и супер си е.
Искрено многу ми е криво сега кога има толкав избор на рамки кога ќе видам некој со многу лоши рамки. Многу мислат ако купат поскапи дека решиле се, но не е важно колкава е цената туку како прилегаат на формата на лицето. Јас немам сменето многу очила, ама сега кога гледам наназад сум имала еден прилично лош избор. На мало лице сум лупнала црна, дебела, широка рамка. Не знам со кој памет ама среќа не ги носев многу долг период. Сега имам три пара од кои двата постојано ги менувам. Да бидам искрена ми покриваат подочници подобро и од коректор Не се разочарувајте од тоа дека ви се потребни очилата, но немојте и да мислите дека првите што ќе ги пробате ќе ви стојат совршено. Ниту тие што сте ги гледале на слика и и стоеле на некоја девојка прекрано дека ќе ви стојат така и на вас. Пробајте многу модели, никој за пробување не наплаќа, а за секој се наоѓа по нешто убаво.
Јас носам наочари од пред 4 години и уште тогаш за старт имав -1.75 и кога за прв пат ги ставив мислев дека ќе се онесвестам. Изборот за наочари до сега ми бил прилично добар( 2 пара сум сменила до сега) и сум задоволна, но бидејки имам дипотер -3.75 и -4.25 кога некој без мое знаење ќе ги ставеше моите очила и веднаш ги вадеше викајки ми како сум ектермно ќорава и такви се глупости, а мотите наочари беа кул и сите сакаа да ги пробуваат, да се сликаат со нив итн. Но јас не ги давав поради огромната диоптрија. Од овој месец пробав леќи и се навистина подобри отколку наочарите, јас морам да носам леќи затоа што имам преголем дипотер кој постојано расте за многу и сеуште сум во пубертет(и тоа во првите години) и ако продолжам со наочари јас до крај ќе имам навистина огромен диоптер. Со леќи е навистина подобро, на тие што се како мене, во пубертет и со висок дипотер ви препорачувам леќи битејќи го стабилизираат диоптероти гледаш за 20% повеќе отколку наочари
грешка си ако не носиш очила нема да сватиш....Јас уште пред да земам леќи со висок дипотер, без наочари излагав секаде, ги мразев наочарите и не ми беше ништо. Зголемената диоптрија е резултат како премногу време пред компјутер или телефон
Глупости! Каква намалена самодоверба... Н И К А К О ! Многу од припадничките на понежниот пол изгледаат посекси со наочари, има и такви што го носат оквирот со обични стакла. Затоа без грижи, одберете оквир кој прилега на вашиот лик и главата горе.
Ауу абе зошто намалена самодоверба? Мене ми е во ред видот а баш би сакала да носам очила,се бендисувам како ми стоат Уживајте само изберете добар оквир кој ви одговара на обликот на лицето