Девојко, се работи за твојот вид, еј. Носи ги наочарите, не се грижи што кажува околината. Јас некое време не ги носев, бидејќи ми се скршија и верувај за месец-два што не ги носев диоптерот ми се зголеми, е оттогаш не ги вадам.
Јас незнам како можете да се грижитее за мислењата на другите, а не се грижите за сопственото здравје. Здравјето треба да ви биде на прво место, а мислењата на другите треба да ви бидат најмалку важни. И тоа не треба да ја омаловажува вашата самодоверба, тој коментар уште повеќе треба да ви ја зголеми. А коментарот на твојот другар е доказ дека гледа порно филмови и самиот се издал.
И мене ми имаат речено дека личам на порно глумица, штом е од машко верувај мене повејќе на позитивен коментар ми алудира, порно глумициве се секси колку што знам за машкиве. И да било како негативен коментар, со секакви ќе се сретниш не дозволувај се' што е речено да си го земаш при срце.
Не дека го земав при срце и знам дека им се секси ама сепак јас несакв да им личам на некоја порно актерка но ете потоа купив леки заборавив да им сменам вода што се менува еднаш месечно и ми се расипаа а за наочари како и да е морам да одам да си купам ама предходно на очно па после по наочари
Никако намалена самодоверба поради очила. Ги носам со години, море веќе 18 години фатија. Сум имала кризи кога бев во основно, кога бев во тие тинејџерски години. Сега си викам која будала сум била, дури и видот си го влошив од глупав комплекс. И ден денес особено за важни прилики знаат да ми речат - Лелеле со наочари ќе идеш? А има можност да не ги носиш? Не, нема и не сакам да одам без нив и нема можност да одам без нив зошто ќе бидам ко слепа. А и ако мене не ми пречат зошто би му пречеле на некој друг? Денес со толкав избор на оквири срамота е некој да си набива комплекс на нижа вредност затоа што носи очила. Леќите се поскап избор и не секој може да си дозволи да си купи, а и се менуваат многу почесто од очила. Ги носев, пак би си земала ако некогаш сакам да сменам нешто, но си останувам верна на очилата. Пробајте секаков оквир ќе најдете нешто што совршено ќе ви одговара. Да не се лажеме нема да биде дека ништо не носите, но можат да бидат фин украс.
Јас носам очила долго време и поубаво се осеќам кога ги носам, а и другарките секогаш ми велат дека сум поубава со нив. И друга работа без разлика на тоа што носам очила досега имало неколку машки кои ме сакале, сме биле во врска или ми кажале дека сум убава со нив, но сепак ако некој те сака ќе те сака поради внатрешната убавина
Не носам очила, ама отсекогаш сум сакала да носам. Им ги земав на другарите секогаш и ги носев и имам среќа што не си го расипав видот Нема потреба од срам и намалена самодоверба
Подршка за сите што носат наочари и напротив нема зашто да имате намалена самодоверба, доколку на некому навистина му се допаѓате ќе ве сака токму таква Инаку јас носам за на далеку , но само кога гледам тв или на час
Јас носам за далеку ама избегавам да ги носам во друштво. Пошто сум изгледала многу сериозно (а по природа не сум баш сериозна личност) и ме зезаат професорице, учитељице не дека ме вреѓа тоа или нешто, се смеам и јас со нив ама поопуштено ми е без.
Јас денес си купив и сум пресреќнаа.Диоптерот ми е мал (0,50) и не морам секаде да ги носам,ноо толку ми се допаѓа како изгледам со нив,што мислам дека ке ги носам и за на излегување
Зошто намалена самодоверба? Кој се потсмева на тоа што некој нема добар вид утре и тој ќе го видиш со наочари! Баш се секси бе, изгледаш попаметно Јас сум навикната убаво ми е со нив не сум поминала ни пола саат без нив... немам проблем за да ги носам. Има недораснати, се потсмеваат ќора, тегли бла бла ама кој ги шиша , тоа воопшто не допирало ни допиреа до мене
Мене многу од девојките што носат очила ми се баш секси,мислам дека има и пофенси варијанти а и ако не се лажам сега и поопшто е прифатена оваа појава.Кулирајте ич да не ви чуе
Вака сега...и јас носам наочари и тоа воопшто не ми ја намалува самодовербата,сега дури носат без диоптер бидејќи е мода...сепак зборот ми беше дека иако носам наочари среќно сум заљубена во едно типче кое секоја во градот му се восхитува и би сакала да го има..се сакаме и двајцата тоа е најважно,воопшто да не се грижиш се си доаѓа во свое времее *
Каква несамодоверба какви бакрачи, луѓенца очилата се кулл и секси (само треба да ги изберете вистинските за вашето лице и уживајте).Обожавам очила , од мене толку.
Носам очила скоро 20 години и во ниту еден момент не сум помислила дека би било подобро да не ги носам. Едноставно тие се дел од мене и јас си се сакам онаква каква што сум сосе миопијата и со се останато. Нема ама баш никаква причина за намалена самодоверба.
Тoчнo. Кoлку пoгoлемa диoптријa, тoлку пoтешки се нaoчaрите. Дoбрaтa стрaнa е штo сoгoрувaш кaлoрии дoдекa ги нoсиш.