Недај боже да ти бидат неопходно па да видам дали така ќе мислиш. За мене очилата не играат многу улога во тоа дали некој ми се свиѓа или не. Може само да ми е пошармантен со очила, а дека нема никогаш да погледнам некој со очила тоа не можам да го кажам.
Какви оквири има денес, за смешни пари, за сечиј вкус, џеб и форма на лице нема потреба за стварање фрустација дека носите наочари. Па и за помали деца колку ме нервираат кога родителите намерно не им даваат да носат очила, да не им се потсмевале и влијеле негативно врз развојот. Пффф мочковци, резонирање на едноклеточни амеби а не современи родители. Носам веќе трета година ми се чини. Интензивно, не можам да живеам без нив. Јас сум крива што порано не почнав да ги носам, можеби немаше да ми се зголеми видот толку. Нејсе, тоа е што е. Моментално меркам едни рамки на asos за 10 евра и баш си праам ментална слика како ќе ми стојат бесно со многу комбинации Сум размислувала за ласерска, искрено би ја направила понатака ама не ми е неопходна. Леќи ни на крај памет не ми паѓаат. Непрактични ми се за некој кој е страшно пипав во рацете ко мене
На темава, сите оние кои носите очила ич да не се секирате, има толку многу оквири што буквално може да се најде за секој облик на лице. Многу ретко има луѓе на кои не им се допаѓа како некому му стојат очила, а и личноста не треба да се проценува по тоа дали носи или не, зошто пред се се физичка потреба исто како и протеза за заби и сл. Така да вакви мислења не дозволувајте да ви ја намалат самодовербата, не е важно што носиш туку како го носиш.
Хипстер ќе ме испрати сега да копам по Асос за рамки и ќе се залетам за нешто и на крај нема да ми стои Носете си очила/леќи за подобар вид дечки. Мене намалена самодоверба би ми била да не можам ич да гледам. А не можам без очила. Една вечер бев излезена без очила, не по своја желба, и дојде келнер да ми каже дека ме сфиѓал некој што седи таму на шанкот, а јас ниту можам да го видам дали е машко или женско, ниту дали стои или седи, а не па како изгледа... и така заврши нашата несудена љубов Не дека е релевантно на темава, ама ми текна сега Јас си ги обожавам очилата и си се сакам многу со нив. Всушност, кога сум без нив се чувствувам несигурна и со намалена самодоверба
Прво за Асос, копај не се докопува имаше едно ептен бесни ама се распродадоа уште ги сањам. Има бре за сечие лице. Или на алиекспрес зимаше колешка моја 3 пара за 500 денари. Као ако и се скршат си има одма резерва За случката- замисли отидеше тоаш и на некое девојче и се закачеше и почнеше да и се пушташ Пуста ти
@kravce да и јас кога не ги носам се осеќам со намалена самодоверба оти не гледам и често одминувам некого или не можам да си прочитам што има на менито и ме фаќа срам.:(:D Јас многу си се свиѓам со нив, сакам да си купам уште еден оквир малку за промена, размислував да земам и леќи оти очилата ми сметаат кога надвор е ладно или кога лежам и гледам филм. На факс кога не носев ептен ме фаќаше паника дека ќе бараат да прочитам нешто, а јас нема да можам, среќа што се освестив на време да си земам. А да и за шмекање, не иде кога не ги носиш :D:D
Не а и мене ме интересира, на моите има некоја заштита ама не знам од што, ги зедов по 1500 стакло, можам да ги носам на сонце, ама не е како да носиш затемнети за сонце. Се мачам малку летно време со нив, на одморот цело време правев размена, оти сакав да гледам во убавината од море, ама ми сметаше сонцето и сигурно сум била смешна на две минути со промените
Почнав од седмо да носам со - 1.75 и 1.25 диоптер. Прилично висок. Али до толку грди оквири купив, што за мене носење наочари за излегување, и општо во јавност беше нешто неостварливо. Ги носев единствено дома пред телевизор и компјутер, и на училиште на предметите кога требаше да препишувам од табла. До толку не гледав, што одминував луѓе, намерно мислеа не сакам да им зборнам, ми се лутеа, а јас не гледав. А не ми беше згодно да се загледувам бидејки треба многу да се фокусираш на личноста за да ја видиш, а тоа е многу незгодно. Во прва година си зедов мноогу убави оквири, ептен погодени на лице и сега не одам нигде без наочари. Многу реко ги вадам од мене, навикната сум како да се дел од мене. Сакам да кажам постојат толку убави оквири за многу ниски цени, што не е возможно да не можете да си најдете соодветни на вашето лице.Па и сега е во мода наочари да се носат, ептен модерно изгледа.
Јас тие што ги бендисав на Аsos ептен скапи, на RayBan. Тука кај нас никаде не сум забележал такви, а многу сакам и знам дека ќе ми стојат.
Деца, луѓе, па каква намалена самодоверба ви се молам? Па луѓе носат очила без диоптер, за да изгледаат попаметни и посекси, ехехехеее... Купете си некои фенси-менси рамки, и ако некој ви мрчи, кажете му да ви се фати и така...
Намалена самодоверба имаше на времето додека не укопчаа дека демек наочарите ги правеле луѓето да изгледаат визуелно попаметни. Имаше и прекари и стварно трауматични моменти. Јас ги носам од кога знам за себе, иако немам голем диоптер, но навикната сум и се ко дел од мене, ги вадам за спиење. Не поддржувам носење наочари заради изгледање паметен. Според мене тоа е огромен знак за глупава личност. Плус, имање диоптер ти е ко еден начин на недостаток, па ме навредува кога некој со здрави очи се глупира со цвикери. Носете ги ако имате потреба. Ако немате, не ви требаат. И не дај боже да ви затребаат.
А носење наочари за да изгледаш секси? Некои девојки немаат потреба од очила за вид и носат со обично стакло или со заштита од комјутер ради мода, дел од имиџ и да изгледаат секси.
И јас ич не сакав да ги носам на почетокот, а сега не можам без нив... Немам комплекси и слично, само една лоша случка преминував улица со другарка на пешачки и еден ми се издра као ЌОРА Толку сакав да го рогнам ама отиде.
Пишав во претходното мислење, носење наочари на здрави очи, ради било која површна причина, според мене е доказ за глупава особа. Наочари за гледање се помагало, не се мода. Има мал милион секси наочари за сонце, со нив нека си ја дигаат самодовербата.
Не гледам никаков проблем во носење на очила. Мојата работа е на компјутер, и покрај тоа што немам потреба од диоптер кога си работам превентивно си ставам очила со заштитни стакла. Порано се случувало да ми поцрвенат очите од работа а кога ставам заштитни очила тоа не ми се случува. Има милион модели на различни рамки, важно е да се одбере некоја која одговара на обликот на лицето. Знам луѓе кои носат очила и кои им стојат прекрасно, како дел од нив да се и кога ќе ги извадат се чудни, како да не се тие.
Стакла со заштита за работа пред компјутер се и те како нужни кога некој поголемиот дел од денот го минува пред компјутер. Не се носат од аздис за да се биде секси и модерен и ни малку не е изговор за само да се носат очила. Едноставно потреба е и веднаш се чувствува разлика кога очите се заштитени. Не е здраво за очите да им блишти екранот, особено пак кога некој има суви очи кои солзат доколку се оптеретени вака со седење пред компјутер подолго време. Од 24 часа во денот, секако 19 ги минувам пред компјутер. Прашај ме само како ми било и како ми изгледале очите кога не сум носела очила, ме искинаа ужасни главоболки тој период.
Не е проблемот во носење очила за пред компјутер, ако ти се заморуваат и не сакаш да ги мачиш. Тоа ти е сепак еден вид превенција за да не ги зафркниш повеќе. Јас носам диоптерски, но ги одмарам по некоја минута секој саат кога работам зашто чувствувам потреба од тоа. Јас лично имам проблем со оние што ги носат од мода, за да изгледаат паметни или секси, а нити диоптер нити седнале да работат нешто на компјутер.