Тоа е веќе друго, јас сакав да кажам дека очилата се потреба и во овој случај кој го наведов во моето мислење и дека не се работи за „модел детаљ“ во никој случај.
Да, те сфатив, затоа и се дообјаснив за да не бидам сфатена погрешно. На толку време што поминуваш пред компјутер не е ни чудно што си имала главоболки. Ако можеш намали некој саат на ден, или имаш вежби на нет за одмарање на очи. Мене бар ми помагаат за да не ги осеќам толку изморени.
Јасно, без гајле. Периодов сум overload со седењето пред компјутер, јануари и мај ми се најужасни месеци во годината заради ова, ама се трудам колку можам да одмарам и ставам облоги од камилица. Тоа најмногу ми помага за да не изгледам како вампир во очите.
Се согласувам дека очила со заштита се неопходни доколку некој работи на компјутер, ама некои девојки немаат потреба од очила за вид, на кафе ги носат очилата со заштита за комјутер. Ете тоа непотребно носење на очила за да цурата изгледа секси ми беше муабетот.
зш да ви е намалена самодовербата бе женски? баш сте секси , баш сте кул со наочарчиња. Најдете си само модел што ви одговара и ич не се замарајте . И за машки важи, ако ми свига некој не ни забележувам дека наочари носи.
Јас без очилата се чувствувам полуголо, ем не гледам ко што треба, ем постојано чувствувам ко да ми недостига нешто. Сега си избрав модел кој што совршено ми одговара, па често добивам комплименти на очилата. И горда сум, воопшто не се срамам. На леќи не ни помислувам.
Пред да почнам да ги носам наочарите воопшто и немав самодоверба. Кога ми кажаа дека морам да носам наочари, не само што ја изгубив целосно самодовербата туку и се мразев себе си. На почетокот ми беше премногу тешко да прифатам да ги носам иако ми беа мошне потребни. Околу 3 месеци ги носев само додека бев сама или опкружена со блиски луѓе, но тоа што со нив гледав беспрекорно јасно ме натера да ги носам се почесто и почесто. Еден ден изумив дека ги носам и со наочарите отидов на училиште. Првин сакав да потонам во земја поради тоа, но неколку комплименти ми беа доволни за да почнам секојденевно да ги носам наочарите. Сега не можам да се замислам без нив, тие станаа како дел од мене и со нив освен што гледам без проблем, се чувствувам и поубаво и што е најважно имам самодоверба како никогаш досега кога се работи за мојот изглед со наочари. Ги обожувам
Еве и јас да се пријавам официјално во листата на тие кои носат очила. Без разлика, не гледам причина зошто би ми била намалена самодовербата поради ова? Проблемот е тоа што ова денешно општество пати од стереотипи кои потекнуваат од времето на Тито. Обично во тоа време луѓето биле жигосувани со разноразни погрдни зборови зошто носеле очила. Денеска имаш еден куп избор. Можеш на крај крајава да си избереш очила кои воопшто нема да изгледаат грозно на тебе и ќе одговараат на твојот лик. И да, си ги сакам ептен очилата што ги носам и немам проблем со тоа што носам очила...
Јас кај да е ќе почнам да носам зошто сум цело време пред компјутер и очите почнуваат да ме чешаат да ми лутат. Е сега некое мислење како да се одберам наочари
Нема што да се мисли, првин оди на очен лекар и види дали воопшто треба да носиш очила. Очниот лекар ќе ти каже и ќе ти одреди диоптер ако треба да носиш очила. После тоа ќе си одбереш очила кои ќе ти одговараат на тебе и тоа е тоа. Ако не треба можеш да си земеш тогаш очила без диоптер со заштитно стакло.
Јас баш си се свиѓам со очила. Убаво ми стојат Но ги носам само додека читам, гледам тв. Немам потреба од нивно постојано носење.
Добар оптичар секогаш ќе ти помогне да одбереш очила кои ти стојат на лицето. Ако не ми дадат совет или сугестија околу рамките не ни купувам очила од таа оптика.
Јас две години се мачев со гледањето далеку, од срам што ќе речат други. Ама веќе не можев да издржам, ми ствараше нервоза тоа што не можев нешто да прочитам далеку и отидов на лекар и ми одреди ја диоптер (-1,5) и одма си одбрав очила, откако ми ги направи ја стаклата, постојано ги носам очилата од сабајле кога ќе станам и ќе се измијам до вечер додека да си легнам. Откако ги носам очилата имам поголема самодоверба и многу поубаво изгледам со очилата, отколку без нив. Погрешив што чекав толку долго за да одам на лекар и непотребно се измачував. Не сум добила негативен коментар за носењето очила, туку напротив сите ми кажаа дека убаво ми стојат. Важно е да се одбере вистинската рамка која ќе одговара на обликот на лицето. А за тоа секој ќе си одлучи со помош на оптичарите кои ќе ви кажат нивно мислење што ви одговара повеќе. Бидете самоуверени.
Зошто проблем со самодовербата, луѓе со очила изгледаат баш привлечно. Јас не познавам некој што на некого гледа со поинакви очи само затоа што тој носи очила. Проблемот со самодовербата може да биде случај само кај помлади личности кои штотуку ги ставиле очилата на себе. Немојте гајле, изгледате сосема добро.
Наочари првпат ставив на 2 или 3 години и ги носев додека стигнав прво одделение,да бидам искрена во цел клас единствена бев до четврто која носи наочари и ми вадеа секакви прекари,ме исмејуваа и ми ги кршеа постојано,стигнав во петто оделение,сменив училиште поради преселба и тогаш само јас носев и едно друго девојче,пак продолжи истата песна,и не ставив веќе наочари во јавност,ги носев само по дома,поминаа години и за дома не ги носам веќе,се чувствувам грдо и имам трауми од детството,знам дека сама си штетам,ама тоа е... Инаку имам страбизам на левото око,десното ми е потполно океј со видот,знам бидејќи одам на контрола еднаш годишно,ама левото за жал ми е 60-70% "мрзливо" тоа е страбизмот всушност,не е болест,кога бев мала ме носеа на вежби,ми го затвораа десното око за да го вежбам левото,ама проклетото никако не се активираше. Имам разговарано со многу специјалисти и Скопје и Битола,нема надеж доправа за подобрување,докај 10 годишна возраст максимум било можно подобрувањето на видот кај страбизмот. Некој што не знае дека "носам наочари" неможе да познае,бидејќи не ми е искривена црнката како што е чест случај кај страбизмот,плус функционирам засега ептен солидно и за блиску и за далеку,често си правам шеги на своја сметка дека сум едноока Знам дека секој втор од мали нозе носи наочари,не е веќе срамота ко во моето време,постов го пишувам за поддршка да не бидете како мене,обрнете внимание на вашиот вид... И јас си давам ветување дека за скоро ќе почнам да носам,барем по дома
Мене мажи со наочари со диоптер ми се некако ко интелегентни, а интелегенцијата ми е секси. Хихи намалена самодоверба?? Мене ми е баш секси
*************************************************************************************************** до сите што имаат намалена самодоверба ради наочари: "би искочил со тебе ако ништо друго барем на кафе" потпис: ccca***************************************************************************************************се е у главата неверувам дека на некого би му се намалила "убавината" ради ночари носење