Ова да очекуваш да чуеш од некое дете, не можам да замислам возрасен човек,со изграден карактер и созреан, да има разнишана самодоверба ради наочарите.. Малце глупо ми е
Бидејќи носам наочари од 1-во одделение, и те како ми беше намалена самодовербата како дете. Единствена бев во одделение што носев наочари, па ми беше срам и ги вадев кога одев по родендени и такви ствари. Сега воопшто не се замарам дали некој ме видел со или без наочари, и онака сите викаат дека преубаво ми стојат. Но за нешто што го носам веќе повеќе од 20 години, смучено ми е и ич не ги сакам.
Никогаш немојте да помислите дека сте ружни поради очилата. Јас пораснав со таа помисла, на крај толку многу се навикнав со наочарите.. Да едноставно не можам да се замислам без нив... Секако планирам да направам операција поради здраствени причини, диоптерот ми е солидно голем. Башка, секси е да носиш. Колку има што намерно ставаат наочари без диоптрија? Пола од тие што ми се смееа во основно, од второ одд. носам наочари (така да цел живот сум со нив), сега имаат проблем со видот. До прва мака мачат со исмејувањето кое ние „ќоравите“ го голтавме во детството... НИКОГАШ поради НИШТО не губете ја самодовербата!
Ако тоа би му ја кренало самодовербата, нека носи лупа. Не ми е јасна темава... за што зборуваме? За влечење трауми од 1. и 2. одделение или за намалена самодоверба кај возрасни лица и оформени личности заради носење наочари?
Кај возрасен човек е потешко да му се наруши самодовербата, отколку кај дете од 7-8 години. Возрасен човек знае да попие шала на свој рачун, кај децата тоа е поразлично. п.с. Ако му се намали самодовербата, може ќе му требаат 2-3 месеци да се врати во колосек. Кај дете, може да требаат години... Па, ти види..
Па во тоа е поентата на постот... ако на некого му е поважен изгледот од здравјето нека не носи очила. Ако му е поважно здравјето од изгледот shut the fuck up и носи очила.
Може леќи да носи некој, ако толку се срами со очила. Но, лично јас никогаш не би пикала леќи во очи подобро очила
@Poyraz Karayel Друже ти ја сфаќам поентата,ама дали ти сфаќаш дека како дете ме исмеваа со најпогрдни пцовки и дофрлања и ми ги кршеа наочарите и за дома не ги носев дури,значи имам проблем со едното око,и бидејќи ме искомплексираа на највисоко можно ниво,јас и ден денешен не носам наочари ни за по дома дури,е сега ти види колку влијаат грдите коментари кај возрасна личност кои влечат корени од најрано детство. И не секој може да носи леќи,една од нив сум и јас. Ама,си ветив дека штом се врати матичната од одмор одам на специјалист и ЌЕ НОСАМ НАОЧАРИ,а на кој му сум грда,слободно нека оди упм...
Кога ми ги препишаа на 13 години, овие со диоптер... не да имав ниска самодоверба поради тоа, ме здроби. Ионака ме зафркаваа за некои работи, ова им даде додатно причина да ме исмејуваат тие неколкумина. Е сега.. како што врвеше времето, до кај 20 години, изводев и не ги носев, оти сеуште имав бубачки во главата дека ќе ми се смејат. Ама маки мачење е тоа, да не ги носиш редовно, без нив не гледаш, диоптерот станува полош... триста глупости. Ми се имаше случувано, да се препознавам и да им улетувам на непознати.. драаанг пред фацца... и тогаш сфаќам, дека не е другарка ми НА 20 одлучив, дека нема веза, батлив фрустрации и си ги ставив наочарите, да си ги носам редовно. Сега имам 40 години, и ни еднаш, никогаш, откако ги носам редовно по втор пат, не ми рекол некој-нешто недоветно, ниту ме иссмеал... Напротив, на многумина им сум 'посимпатична' со нив
Рама во иста ситуација сме.На левото око дури сега ми се појави страбизам бидејќи е мрзливо. На систематски секако поминувавме сите ради реда па доколку сум носела од 7г возраст си гурно немало да дојде во овој степен.Десното ми е одлично па целата тежина се префрла кај него.Кај повеќето доктори што бев сите до сега ми велеа окото ти мрзливо и носи очила само пред Тв или кога читаш.Последниов пат кога бев на друга докторка, ми рече сум требала цело време до сега да ги носам а сега дури ми е потребен поголем диоптер на левото око. Во државава за жал, за една состојба мора да одиш на 5 мислења зошто сите се писмени , нели Еве сега носам очила постојано, нема зошто да ми биде срам кога моето здравје е во прашање.
И јас од пред месец и нешто почнав да носам очила,редовно ги носам,сфатив дека е за мое добро,во јавност ги носам сега постојано и криво ми е што дооолги години не носев од срам и што ме исмејуваа. За жал за страбизмот нема решение,посебно не на возраст на нашата,но тоа е,ќе си носиме наочари...
Јас никогаш не можев да си најдам очила со кои се бендисував. И затоа и не носев. Немам некој висок диоптер, пред година и нешто конечно си најдов оквир кој ми прилега на лицето и супер изгледам. Сега си ги носам очилата секој ден и дома и надвор не можам без нив веќе, ептен се навикнав. А за исмејување - никогаш не сум доживеала такво нешто поради очила. Т.е .во основно и средно немав потреба да носам. Сега иако имам мал диоптер не можам без нив, и секогаш мислам: ако јас не гледам со -0.50 колку ли не гледаат некои со поголем диоптер.
Поради некои мои физички карактеристики имам намалена самодоверба, ама конкретно поради наочариве не. Баш мислам дека ми стојат. Со наочари сум уште од 7 години и имало моменти кога сум мислела дека не сум убава и не сакав да го носам, ама тоа беше порано. А и плус, сакам неќам, морам да носам, со оглед на тоа што на левото диоптерот ми е дури -2.5 па ми пречи ако не носам. И дечко ми исто така носи и често ми нагласува колку изгледам симпатично со наочари
Немам никаков срам, ниту сум имал некаков комплекс од носење очила,порано не носев немав потреба, 8 години веќе носам.Диоптерот иако ми е мал,кога не ми се ставени очилата ми прави проблем,замижувам за далеку,како да зумирам,затоа си ги носам, и немам никаква намалена самодоверба.
Носам и јас, негде од факултет па наваму. Константно ги носам. Но, факт е дека кога ќе ставам леќи, а најчесто леќи носам летно време кога повеќе користам наочари за сонце, значи факт е дека многу поубаво се чувствувам, а и околината поинаку реагира на убав човек со и без наочари. Зборам од аспект на тоа, дека без наочари сум приметлива од повеќето, со наочари сум обична некако ( не дека сега тоа ми е битно,ама порано ми беше)
И јас кога првпат ги ставив во 6то одделение ептен грдо некако се осеќав и многу ги мразев, не ги носев воопшто и диоптерот ептен ми порасна. Во 8мо ставив леќи и ептен се осеќав убаво. Ден денес секаде одам со леќи постојано, наочарите ич не си ги сакам и со години во јавност никој ме нема видено со нив.
Зошто бе златна? Тоа е само додаток, ти ако си убава сама за себе едни рамки нема многу да сменат. Не дозволувајте очила, протези да ви намалуваат самодоверба. Тоа се само ситници коишто се уствари присутни за да ви подобрат нешто.
Не ми стојат, не се свиѓам со нив, а и за година дена ласерска корекција веројатно ќе правам, па нема ич да ми требаат.