Никогаш не сум ги обожавала наочарите. Носев порано да, но немав ниска самодоверба поради тоа. Мене ми сметаше тоа што видното поле ми беше ограничено, и бев приморана да гледам преку правоаголници. И баш поради тоа не ги носев. Е од кога земав леќи се препородив мислам. Се изнагледав убавини околу мене.
Девојки изгледа треба да носам наочари. Навистина имам мала самодоверба за ова. Мислам дека ќе ме исмејаваат или слично. Знам дека е побитно здравјето ама навистина не де чувствам добро, а знам дека треба да носам
Од денешна перспектива ќе ти кажам ич да не ти чуе кој што ќе рече. Еве скоро 2 години носам очила, а требаше уште порано да почнам, ама и јас како тебе без самодоверба, се мачев дури 2-3 години без очила, успешно го сокривав проблемот кој ме мачеше... Колку сум била само глупава ќе се замарам со околината што ќе речела. И онака секогаш ќе има некој што ќе збори за било што. Си одбрав убав оквир со кој дури сега си се допаѓам повеќе со очила отколку без нив и немаше никакви негативни коментари.
Очилата се класика, нормално тој/таа што има потреба да носи...а за намалена самодоверба,исмејување - ич да не се замарате или да си биете комплекси.На таквите кои би се исмејувале им треба диоптер на друго место.
Иста бев и јас. Ама приоритет треба да ти биде твоето здравје, а не коментарите од други искомплексирани суштества. Затоа малце жал ми паѓа кога ќе видам дека сѐ уште има луѓе што се чувствуваат несигурно поради ова. Откако си најдов убав оквир не ги извадив од мене, веднаш добив комплименти дека супер ми стојат. Сега гледам многу девојки носат од тие ,,мачкести" очила и преубави ми се, сакам и такви да си купам. Разгледај убаво што ти стои на лицето и гарантирам дека со вистинскиот избор ќе изгледаш убаво и ќе се чувствуваш пријатно во своја кожа, а и ќе си го поправиш видот. За брзо време ќе се навикнеш и ќе забораваш дека воопшто ги носиш.
Ангелче мило Те молам немој да се замараш со околината,нема никој да те исмејува,не е како порано,сега буквално секој втор носи наочари,некои и поради мода без диоптер.... Јас сум олд скул,во мое време ретко кој носеше наочари,е мене ме исмејуваа и не носев со години,и слободно ќе речам дека сум била будала што им подлегнав на глупавите исмејувања и со тоа додатно си го оштетив видот....од пред два месеци носам наочари после толку години и во јавност и секаде Ако треба да носиш-ќе си носиш,секако ќе бидеш убава,а грдите коментари игнорирај ги и толку
Јас те разбирам многу добро, претпоставувам дека си доста млада затоа вака се чувствуваш. И јас истото го мислев кога на 18 години требаше да почнам да носам наочари и не се гледав себе си убава со истите и првата година многу ретко ги ставав не ради околината туку ради тоа што не си се допаѓав така, ама затоа си направив проблем, уште повеќе ми се зголеми диоптерот. И ден денес поубава се гледам со леќи но се поретко ги носам, речиси и воопшто оти наочарите како составен дел од имиџот ги прифатив. Па некој носи за мода, а ти мораш за здравје. И најважното верувај на никој не му е гајле дали ти си со наочари или не, луѓето пак исто ќе те гледаат. За почеток можеш да си комбинираш наочари и леќи за да ти биде полесно на душичката.
Многу би благодарам на сите за одговорите, се повеќе и повеќе ме охрабривте. Еве кај и да е неделава ќе отидам на очно, знам дека имам диоптер, ќе ме прегледаат и ќе ми дадат. Многу ви благодарам на сите! @Seline инаку да, средно сум 2 ра година.
Доколку имаш мал диоптер, најверојатно ќе треба да ги носиш понекогаш (за учење, пред лаптоп..) ама и да треба редовно да ги носиш не се замарај. Јас пред месец дена почнав да носам ама само за учење. Како што рекоа, ќе најдеш оквир што ќе ти одговара и без гајле !