1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Намалена самодоверба поради носење очила

Дискусија во 'Сингл' започната од rockstarr2012, 24 септември 2011.

  1. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Јас очила носам откако знам за себе,но никогаш не сум се почуствувала чудно,повеќе се аресувам :D со очила.Но сепак ако треба да одам на некој состанок или нешто такво секако или неносан ништо или леќи си ставам(но сега скоро ги зедов,има 3-4 месеци) како и да е немој да се чуствуваш ни засрамено,ни ништо,се сеќавам еднаш во осмо одд. за прв пат едно девојче ми се насмеа поради очилата,тогаш се чуствував многу поразлична од другите,но само му реков Јас не гледам добро,но ти ич да не прогледаш... ]:) ...но како и да е по 4години истото девојче носере многу јак диоптер и мораше да носе поголеми очила изгледаше како кловн... затоа немој да се грижиш :* ако некој те сака вистински,или ако ти е вистински приател нема да му сметаат очилата
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    И јас носам наочари од мојата 3та година. Да, имаше моменти кога чувствував срам и не верував во себе поради наочарите, ама тоа беше до кај 4то одделение. Имаше деца кои ми се потсмеваа поради наочарите и често ме задеваа. Имав случај и како оној погоре на Сезнајка. Сега девојчето носи поголем диотпер од мојот... Не се ситам на туѓата несреќа, ама тркалото се вртело.. ;)
    Да не бегам офф, сега воопшто не чувствувам срам и несигурност поради наочарите. Напротив, мене ми е чудно кога сум без нив. Одбрав подискретна рамка, проѕирна, само од една причина: комбинирање со облеката. :)
    На друштвото и околината тоа не им е чудно, бидејки носењето наочари не е нешто „паднато од на Марс“.
    Никогаш не ми биле пречка во љубовта и никогаш не би страдала по некој кој не е со мене зашто носам наочари. Ако некој те сака ќе те сака и со наочари и со сите дефекти и маани кои ги имаш...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.985
    Никако немој да имаш намалена самодоверба заради носење очила.
    Јас сега ќе одам да си купам очила со стакла колку за заштита од компјутер (незнам точно како се викаат тие) зошто многу сакам да носам, а немам потреба, едноставно многу ми се sexy!
    Денес дојде време, се да е во мода, па тоа важи и за било каков облик на рамки за очила. Мене многу ми се штосни. Еднаш бев излезена во диско со очилата на мајка ми, па да ти кажам за таа вечер дојдоа можеби повеќе момчиња што ми дошле во тек на еден месец да се запознаеме.
    ич, ама ич да не се секираш, денес тоа е доста популарно, и доста млади луѓе носат (сепак сме нон-стоп пред компјутер)!
    Крени ја главата, и само напред! :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    И јас се согласувам со сите претходни одговори. Јас носам наочари од 15 години, па исто како и ти на почетокот не се чувствував убаво кога ги носев. Меѓутоа, со време сфатив дека со убава рамка уште поубаво изгледам. Сега користам и леќи и наочари. Леќите ги користам кога вежбам или кога излегувам некаде. Колку што се сеќавам на зелено пазарче има тезги каде што можеш да купиш солидни модерни рамки за ефтина цена. Јас од таму имам купено неколку наочари и ете и ден денес ги носам.
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Е многу се чудам кога ќе прочитам нешто вакво.
    Зошто не пробаш недостатокот да го претвориш во предност?

    Јас носам наочари од мала, леќи ставив пред 5 години. Ама наочарите си ги носам повремено, по дома и во периоди кога треба да правам замена за леќите.
    Има луѓе што кога ќе ме видат за првпат со наочари се толку пријатно изненадени, што ми кажуваат да ги носам постојано.
    Денес имаш толку голем избор на рамки, што имам пријатели кои купуваат рамки со обични очила само од желба да делуваат поинтригантно. Интересно е што човек со наочари инстантно делува интелигентен. :lol:

    Набави си некои црвени рамки, модел што ќе ти стои и биди фраерка. 8)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.509
    Допаѓања:
    8.331
    Пол:
    Женски
    немој да мислиш дека не си привлечна со наочари напротив така добиваш некој секси смарт изглед 8) купи си некои убави рамки и не се секирај за тоа...ја на пример немам потреба да носам наочари ама многу сакам мерак ми е :D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Akana

    Akana Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    93
    и јас носам наочари веќе 5 години, порано ми беше срам да ги носам а сега воопшто не ми е па и зошто да се срамам од такво нешто. сега размислувам да си земам леќи дали може некој да ми каже што носи леќи дали е тешко со нив и дали се воспалуваат очите.
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Баш ми е симпатично кога ќе видам некој со очила. Има многу убави модели, и интересни бои на рамки. Нема потреба да се срамите да ги носите, освен што ви помагаат за видот, исто така се одличен моден додаток.
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Мене па баш ми е и фенси и секси девојка со очила. 8)
    Пред неколку години толку бев запалена по очила што дури и отидов на лекар да ми препишат диоптер.
    И` реков на д-рката дека не гледам далеку :lol: и кога седнав да ми пробува кој диоптер да носам, како што го стави стакленцето на рамката очила ги утнав бројките....женава се зачуди и ми вика-ти девојче со диоптер ги утна бројките, не ти требаат очила. :^)
    Кога и` кажав што е работата ми рече да си купам само рамки, очила без диоптер.
    Како и да е, тоа ми беше една поука во животот дека најпрвин треба самиот да си се допаднеш, па потоа ќе им се допаднеш и на другите. :)
    Сепак доколку некој не си ги сака очилата и не може да се прилагоди на новиот изглед, тогаш очилата лесно можат да се заменат со леќи, иако јас лично би се шетала гордо со главата горе, би си купила очила со интересна рамка и баш би била модерна. :emo:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Мили девојки, сакајќи да ви укажам на тоа дека очилата не се она што една девојка (не) прават секси, убава и привлечна, ви прикажувам само неколку од илјадници слики.
    Ве молам (доколку воопшто најдете) посочете ми барем една причина зошто девојкиве што следат би требало да имаат намалена самодоверба. :)

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Сфаќате што сакам да кажам, нели? (Последната цуричка толку си се сака и покрај очилата, што како што гледате, и сама си се слика :lol:).
    Сакајте се такви какви што сте, и дозволете ни и нам да Ве сакаме такви. :)
     
    На cresa-jagoda, crazylady, Look и 4 други им се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Не иде да закачам слика од мене тука, али во право е Најтвокер :D
     
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Оуууу колку не, јас веќе ги носам 14 години и морам да ви кажам искрено ги сакам. Ми влеваат дури и повеќе самодоверба. Никогаш не сум ги доживела како мана, како што рече Страфиш денес изборот е толку голем за да си најдеш прекрасни рамки.

    Еве неколку слики од мене. Ајде малку самодоверба, и ќе се научиш да ги носиш ти нив не они тебе! Денес дури повеќето почнаа да ги носат само како моден додаток..
     

    Прикачени фајлови:

    На cresa-jagoda, tessie, Lovy1 и 22 други им се допаѓа ова.
  13. viva.la.vida

    viva.la.vida Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2011
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    До пред некои 2 месеци од прилика носев и јас очила, но си ставив леќи. Причината поради која ги ставив не беше мојот изглед со очилата, туку да го спречам зголемувањето на диоптерот и секако со леќите поубаво гледам бидејќи цело око е прекриено. Лично повеќе се свиѓав со очила, но тоа е тоа. Сите девојки имаат голема поддршка од мене и не треба да им се намалува самодовербата бидејќи очилата во многу случаеви провокативен додаток на облеката
    лично девојка со очила ме потсеќаат на некоја секси професорка :$
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Ваков проблем има и една моја другарка. Токму поради наочарите смета дека е помалку привлечна и неубава. Исто како и на тебе сега, и неа и велам дека нема потреба да се чувствува така, затоа што всушност тоа и не е така. Пред се, треба да си ги сфатиш како моден додаток. Плус наочарите те прават да изгледаш поинтелигентно. Доколку до толку не сакаш да носиш наочари, секогаш можеш да пробаш леќи, што мислам дека е непотребно бидејќи сега има толку голем избор на рамки, бои и што уште не, со што може да направиш да изгледаш уште поубаво со нив.
     
  15. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    очилата немаат врска со самодовербата другарка ми носи и баш се чувствува по привлечно со нив :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Според мене ова не треба да биде никаква причина за намалена самодоверба. :)
    Јас не носам очила, но познавам многу луѓе кои носат и искрено баш ми се симпатични со нив, дури повеќе отколку кога не ги носат. Очилата може да служат и како одличен моден додаток, само најважно е да се избере моделот што ви одговара најдобро.
     
  17. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Кој има бре намалена самодоверба заради носење очила, ќотек да јаде од мене? :D

    Јас имам спомнато неколку пати низ форумов, дека мене заштитен знак наочарите ми се. Ги носам секогаш, секаде, само за спиење ги вадам. За леќи не ни сакам да слушнам, во наочарчињава си се пронаоѓам себеси, на стилот дефинитивно ми одговараат.

    Гледате ѕвездиве сите почнаа да носат, буквално сите до еден, дури и на свечени манифестации си се појавуваат со наочари.

    Сега барем има доста интересни модели, јас си носам nerdy, вакви исти
    [​IMG]

    Има и доста други модели, секој може да си најде се што му одговара на формата на лицето и на стилот. Некој сака понападни, некој подискретни.

    Само ако разберам дека некој се срами да носи, ќе јаде ќотек, озбилно :D :D
     
    На cresa-jagoda, crazylady и lovely91 им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Мене па дечко ми ми вика дека со наочарите сум го асоцирала на
    порно
    :lol: :lol:

    Шала на страна, не ми ја уриваат самодовербата, баш напротив. Носам мал диоптер, ама за гледање телевизија, или кога одам во кино и театар - обавезно ги носам, затоа што така ми е попријатно. Дури и кога правев прегледи за лекарско уверение за возачка, самата изразив желба да ми пишат „со очила“. И на возачката сум сликана со нив. Ги носам од лани летото, сама си избрав рамки во оптика. Од толку што имаше избор на најразлични рамки, не знаев за кои да се одлучам.
    Имам другарка што нема проблеми со видот, ама и се допаѓа како и стојат очилата и си ги носи без диоптер. За „препрчуење“ што би рекла она :lol:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Па најубаво нешо у живот шо ми се случило да носам наочари ... Си ги љубам :geek:

    И по секси се осеќам со нив :makeup:

    А и најубави црни рамки си имам... Сонциња ми се бре си ги сакам :mm:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Можеби ,во времето на XXL рамки со стакла како авионска шофершајбна.
    Денес има толку разновидни модели за сите вкусови и облици на лице ,што не би требало некој да се комплексира пради нив.
    И јас носам ,додуша само за надвор бидејќи имам миопија и ми предизвикуваат главоболка доколку ги носам во затворен простор .

    Имам два пара ,едните се со розови рамки и многу се слатки и откачени ,другите се сребрени ,поелегантни и оставаат впечаток на сериозна личност ;)


    Ми беше чудно додека се поднавикнав на нив ,што поради главоболките ,што поради одржувањето на стаклата ,но никогаш не се почувствував помалку убава или привлечна.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.