истото го мислам и јас, но за девојчињата, дека не сакаат машки со наочари , бидејќи носам и јас очила , па поради тоа ставив и леќи , но нема врска , од тоа што сме разочарани па си правиме некој Бајрам на мозокот :Р
И јас носам наочари ама воопшто не се чувствувам така, тоа според мене е на психичка база...психата многу повеќе влијае на се јас би ви посакала само да ја зголемите вашата самодоверба и се ќе биде подобро имајте верба во себе...и надминете го тоа чувство...
Нема зошто да се чувствуваш помалку привлечна поради тоа што носиш очила.Еве јас веќе 2 години носам очила повремено,ги носам само во школо и кога гледам телевизија па дечко ми од кога ме виде со нив стално ме тера да ги носам по привлечна сум му била така Како што ти кажаа и другите форумџики избери некои интересни очила и немаш гајле.
Јас многу сакав да носам наочари, многу секси ми изгледаа Ви текнува ли на ликов Од Ун пасо аделанте Колку само ја подмалдувааат очилата. Директорката секогаш носеше убави очила, се заљубив во едни црвени што ги носеше и бев решена да си купам такви ( иако нема потреба да носам очила )
Дечки дајте не се занесувајте, немале самодоверба, пих. Јас носам за читање па тогаш веднаш се чувствувам посекси, а да не зборам како можат да послужат во сексуални игри. Му влегувате во кола и онака инспекторски го гледате и му викате дечко зошто не носиш појас (или не знам што), сакаш да ги налутиш органите на власта и онака криво го гледаш низ очилата, ма има да се попали инстантно ко оганче од суви дрвца што гори. А да не зборам машките колку поинтелигентно делуваат од старт кога носат очила, помистично некако. Моја препорака, ич не се замарајте и уживајте, баш сте супер со нив. ( Се разбира доколку се убави очилата де )
Ја ме ја и мене РЕдовно ги носам, само за спиење ги вадам и неможам да замислам ниту до WC да отидам без нив, мислам дека ќе паднам или ќе се удрам во ѕидот Пак ќе кажам, порано да, смешно било да носиш наочари затоа што порано беа грди со дебели рамки такозвани тегли. А сега не гледам зошто некој би се срамел, па и повеќе не има што сме си ќорички, поради компјутерите.
Апсолутно се согласувам со Сеси Офи, преубаво ти стојат очилата, посебно си ми слатка на последната слика. Отсекогаш многу убаво и педантно ми изгледале девојките од рекламите за некој фармацевтски или козметички производ кои носат очила. Најбитно е само да се избере убава рамка за очила што му прилега на обликот на лицето.
И јас имам сличен проблем,носам очила и покрај тоа што сите ми велат дека изгледам многу секси и харизматична некако неможам да се навикнам на нив имам чувство дека кога носам спортска облека па воопшто не одговараат како штребер се осеќам.Избегнувам да ги носам а мислам дека повеќе комплименти во животот не сум слушнала добро е барем сега сфатив дека не сум сугестибилна и дека имам свој став што во овој случај не е на моја страна зошто морам да ги носам.Незнам како да се убедам самата себе и во случај да ме чита некој што ме познава нема да поверува во мојата несамодоверба ама ноубади ис перфект ...дури и нај самоуверените се колебливи ама психа то је то,но еве признавам многу ме охрабруваат коментарите,алал да ви е феминки најдобри сте и најискрени,признавам
Носам очила веќе пет години и воопшто не ми претставуваат некаков комплекс.Напротив,се чувствувам многу самоуверено и интелигентно со нив.Во последно некако ми здосадија,па изгледа ќе ставам некој период леќи. Нема потреба да си ставате комплекси за нешто што нема ни најмала потреба од тоа,Денеска баш се модерни очилата. Одберете си очила какви што ви одговараат според лицето и уживајте.
Носам очила од 7 години, значи 15,16 години. Кога почнав да носма во моето училиште никој не носеше, па често бев мета за подбив. Бев крастава жаба со тегли. Во прва средно ставив леќи, за прва на факултет да си се вратам на очилата. Секој дечко што ме видел со очила ми рекол дека сум поубава со нив т.е сите од моја околина повеќе ме сакаат со нив. Имав и јас безброј комплекси кои веќе ги нема. Рамки не сум сменила многу, затоа што се приврзував за нив и не верував дека наредните ќе ми стојат подобро. Сега купив црвенкасти ама искрено мислам дека црните подобри ми беа. Те ме и мене. Spoiler
Ја имам вроден страбизам, значи носам наочари од кога имам 2 години, затоа што тогаш се формира видот. Немав никаков проблем. До ден денес ги носам и не ми пречат ни мене ни на луѓето од мојата околина. Не си набивај комплекси за решлив проблем.
Марама..преубаво ти стојат очилата..и јас носам од мала..немој да имаш комплекси.. исто така можеш да пробаш со црни рамки..ама пластични модерни се сега! Поздрав
Јас треба да носам очила,и почнав,но поради некој сплет на околности прекинав да ги носам. Ама не само поради тие околности туку едноставно не ги чувствував како дел од мене, никако не можев и уште не можам да ги прифатам.И не е до намалена самодоверба,туку ..одбивност,ми сметаат кога ги имам ставено и никако не можам да го надминам тоа... :geek:
Носењето очила воопшто не треба да претставува комплекс. Мене очилата ми се совршен аксесоар. Јас сум решена да почнам да носам очила за гледање. Од учењето, некогаш чувствувам замор. Бар денес, има најразлични видови на рамки, бои и облици на истите. Баш даваат фенси изглед. Нели се преубави ????
Носењето очила не може и не треба да претставува комплекс поради фактот што сега очила се носат и за помодарство нели? Јас лиќно носам очила поради намален вид и доопшто не ми смета ни мене ни на луѓето околу мене,барем така сметам, зашто добивам позитивни коментари секогаш кога ги носам (а ретко ги носам). Се што е помош за нашето здравје не треба да биде срамно или скришно,сепак тоа е нешто без кое некој не може да живее,и нешто за кое на некој му е најпотребно а не може да дозволи да го има.
Мислам дека во неколку наврати спомнав дека носам очила. Носам очила од лани од октомври. На левото око диоптерот ми е 0,50, а на десното око 0,75. Воопшто не ми пречат, ги вадам само за спиење. Само што некогаш од ладното ми се замаглуваат, и тоа ме нервира. Едно време сакав да си земам леќи, ама се предомислив.. Кога прв пат отидов во продавница за очила, се мислев 45 минути кои да ги купам, ве врткав се трткав, и на крај одбрав. Иначе вакви се од прилика..
И јас носам наочари. Немам намера да ставам леќи, освен ако треба некогаш за да сменам боја на очи за финта. Бидејки многу сакам да носам накит, злато, сребро, бело злато, имам два пара едни со сребрена, една со кафено златестка рамка. Со наочари треба да ти се зголеми самодовербата, бидејки тие додаваат плус во интелигентниот изглед. Да не се лажеме, сите сакаат да се мисли за нив дека се паметни Мој предлог за секој кој треба да носи наочари: Тргнете во потрага со некој кој не е многу одлучен, но знае што е убаво. Така ем ке одберете супер наочари, ем нема да купите во првата оптика во која ке влезете туку ќе може да истражите во морето на преубави рамки која е таа совршена за вашиот лик.
Еве идеи за шминка на очите кога носите очила http://www.youtube.com/watch?v=91-EqPzSiRA http://www.youtube.com/watch?v=8KhhWKW3bgo