Јас носам наочари од 7 години, а сега имам 17, значи 10 години.Не сум имала никаков проблем или нешто во врска со тоа, тие се како дел од мене и навикната сум, исто се навикнати и оние кои ме познаваат. Имам многу пати размислувано за леќи,чисто за промена, ама толку многу ми е страв да ставам нешто такво во окото и страшно ми е језиво што од самата помисла веднаш си се враќам на наочарките...
За тие што се жалите дека ви се замаглува стаклото кога правите промена топло-ладно- следниот пат одберете стакла хмц или супрема. Доволно е на оптичарот да му кажете дека сакате стакла што не се замаглуваат
Носев очила од 1 година континуирано се‘ до мојата 15та, кога поради проблемот на намалена самодоверба престанав да ги носам. Среќа не ми се неопходни, носев очила за блиску од други причина, не поради оштетен вид.
Носев наочари цели 10 години и тоа од 6 год до мојта 16 година и никогаш не сум имала намалена самодоверба поради тоа , со носењето наочари можете само да си помогнете ,а не да си одмогнете
Носам очила за далеку од 16 години, значи цели 17 години. Никогаш, ама НИКОГАШ не сум имала намалена самодоверба заради тоа. Напротив имам неколку рамки, кои си ги менувам според облеката. Носам и леки, но на работа бидејки работам на компјутер а и полесно да ми е за одржување си носам стрикно очила. Моментално ми се овие од MaxMara
Everybody loves naughty secretary glasses! Такада,нема зашто да ви се намалуе самодовербата. Тесно кошулче,сако,миниќ и гласно кажете муAY MY NAME,BITCH!
Како бе така мислите? Јас мислам без разлика дали си машко или женско, ако ги имаш соодветните очила можеш перфектно да изгледаш. Нема место за намалена самодоверба. Еве на пример, зошто Влатко Лозаноски би имал причина за намалена самодоверба кога совршено изгледа, дури и подобар е со нив отколку без нив?!? Spoiler Мене баш привлечно ми изгледаат машки со очила...Не знам инаку ...можеби сум изрод-девојче
Јас носам наочари од 7 години, имам голем диоптер па морам да ги носам секогаш. Имав големи комплекси заради нив и се`уште имам,но сепак не можам да се замислам без очила, затоа што се дел од мене, навикната сум. Сите ми викаат дека сум поубава со наочари и дека не можат да ме замислат без нив, никогаш не сум носела леќи. Овие што ги носам сега ми се многу погодни за ништо не би ги сменила. Кога се сликам морам со очила да се сликам, бидејќи без нив замижана на сликите излегувам. Машките со очила се посекси според мене.
Порано, барем додека бев основно, носењето очила навистина можеше да ја разниша самодовербата затоа што беа синоним за бубалица. На децата што носеа, обично им се лепеа етикети и погрдни прекари и навистина ги разбирав. Ама сега е многу поинаку. Очилата повеќе се носат за мода отколку од потреба. Единствено треба да го навикнете новиот изглед во огледало.
Гледам и не верувам дека и денешно време се дискутира на оваа тема. Порано, навистина, кој требаше да носи наочари или протеза за заби, се срамеше, беше како табу тема, како којзнае што да е.... А, се работи за здравјето!!!! Очила, како очила, ако знаеш да одбереш модел по твоја мерка-можат да ти стојат многу секси! А, за другите....Кој те сака, или ти е пријател, ќе те сака таков каков што си!!! Нема да му пречи ништо кај тебе! Нема да те исмејува, да те зафркава!
Дур се нафатив да ги носам ми се зголеми диоптерот Денес отидов да ми направат нови стакла. Браво за мене
Лелее и јас сум иста, со намалена самодоверба и некогаш самата себе не се сакам поради тоа -.- но кога не мислам на очилата и дури понекогаш заборавам дека ги носам, се чувствувам баш онака секси! А ме интересира дали вие што морате (мислам онака со голем диоптер како мојот, кој сеуште расте поради мојот сега грешен диоптер -.-) да носите очила ги носите за излегување?
Мене драстично ми се зголеми самодовербата откако почнав да носам очила и тоа диоптреров ми е мал -0,75. Не носи тегли бре човече... Земи си наочари со добра рамка и соодветен облик за твојата форма на лице. Сега барем наочариве станаа хит плус увек постои оција леќа
Ич немој да се секирате и да ја губите довербата,има многу машки сто сакааат девојки со наочари...јас носев 10 год.наочари сеа поминав на леки само за промена,наочари носам само по дома,сеа ке си купам некои убави и ке си ги носам и на фах
Зошто да губите самодоверба ?? Па тоа е секси бре !! Јас колку што знам машките се палат на девојки со очила. Уживајте таму ајде и мислете си дека дури имате предност пред тие што не носиме очила!
Ме натажи ова.. Немај гајле, ако толку мислиш дека ти сметаат пробај со контактни леќи, или пак како што кажа Aнон, со добри очила т.е. со очила со добри рамки ќе изгледаш и подобро отколку без нив. Не губи надеж уште помалце самодоверба.
И да треба не би носела очила не сакам да ми се смеат како што и се смееа на другарка ми од училиште ја навредуваа со секакви зборови дури и кажаа дека има 4 очи.