Намалена самодоверба? Ма јок! Цел живот имав одличен вид и бев убедена дека никогаш нема да морам да носам наочари се додека компјутеров и работата не помешаа прсти во моите замисли. Веќе неколку месеци носам наочари и скоро да сум заљубена во нив и така се приврзав за нив, што дури ми станаа дел од имиџот (исто како и со наочарите за сонце). Дури на моменти повеќе си се допаѓам со наочари отколку без. Ми рекоа да ги носам кога работам на компјутер или навечер за возење, ама јас ги форсирам постојано, едноставно фино ми е, а да не зборам дека сите многу поубаво ги гледам и ја намалувам можноста за брчки околу очите од многу напрегање при гледање и зумирање. Само права форма на рамките според лицето, мал осмех и на секој може да му стојат добро :geek:
На различни возрасти различно се третираат. Јас почнав да носам во 8-мо одд. и ме сметаа за geek. Потоа, на факс веќе на никој не му беше гајле дали носиш или не наочари....
и јас како Марама носам очила од 7 години-иако сакав да си ставам леки, ама еден од офталмолозите кај кои бев на преглед ме посоветува да не го правам тоа, оти како што ми бегаат очите на страна, ке бидам ко Кинескиња а не можам без нив, дури и да решам да се оперирам пак ке морам да носам оти такви ми се болестите на очите(астигматизам и страбизам) и ако како помала ги вадев за да не ме запознаат нови личности со очила, но сега веке не-како што ми кажа една личност дека со овие очила сум како професорица не гледам ништо срамно во носењето очила
Искрено, не ми се допаѓа како изгледам со очила. Сериозно изгледам а воопшто не сум таква. Ги носам со себе на факултет, ми требаат за предавања. После тоа ги носам само ако ме мрзи да ги ставам во ташна (до толку сум мрзлива) или ако се брзам. Сум добила комплименти и се тоа, ама сепак си продолжувам така.
Јас носам наочари од 7 години,на почетокот ми беше страм да ги носам оти бев малечка....после тоа се навикнав и си стаив во глава дека без нив неможам и нон стоп си ги носев,единствено не се сликав со нив оти не си се свигав како изгледам на слики..пред две години си земав и леки и нови наочари ..едно време ги носев само леките а сеа па само наочарите и се осекам мн убаво со нив,баш напротив,самободевраба ми е зголемена кога носам наочари и станав зависна о нив,ако не се тие за вид оние за сонце
Јас очила не носам, а и да носам не би имала помала самодоверба. Никогаш, ама баш никогаш немојте да имате намалена самодоверба заради очилата. Според мене, а според повеќето луѓето кои носат очила изгледаат попаметни. Еве пример: имам сокласник кој носе очила и уште во прва година, првите средношколски денови сите останати сокласници мислевме дека тој е еден многу паметен ученик, бубалица со сите петки, затоа што така изгледаше со очилата. За жал не испадна така, ама не е важно. Важно е дека ние сите мислевме дека е тој многу паметен и начитан дечко. Затоа никогаш не се срамете од очилата, одберете си некои убави, ем ќе изгледате модерно, ем паметно.
Јас носам наочари 4/5 години и спротивно од тебе мојата самодоверба а многу поголема отколку без наочари.На почетокот и јас бев како тебе ама сите ми викат дека сум поубава со наочари
Како помала не сакав да ги носам, моите ми ги купуваа и ги мразев. А сега ги обожавам, неможам да се замислам без очила (остај што сум слепец). Ако ги изберете правите рамки на очила што му одговараат на вашето лице ќе имате само дополнителен аксесоар кој може да ве плус разубави. Носам со темно црвени рамки, а имам црвена коса, со некое светло црвено карминче стварно убаво изгледа. И плус, ми ја прикрива коската кај носот која во профил си штрчи. Си ги сакам наочаркиве
немам намалена самодоверба воопшто. ги носам од 3 одд и тоа нон стоп. едноставно неможам без нив. имам сменето многу оквири и сите убаво ми стојат. пред 1 год си купив и леки и нив си ги носам за излегување најчесто а наочарите останатиот дел од времето
Не дека ми е намалена самодовербата,али не сакам да ги носам во јавност ги носам само дома. На работа нема шанси нееее,едноставно не си се допаѓам со очилата, бајдавеј треба редовно да ги носам
Не ми е намалена самодовербата, али сепак глупо ми е да ги носам наочариве надвор не дека лошо ми стојат, туку крива ми е рамката,а и само едното стакло ми е со диоптер, така да со другото око си гледам најнормално и може и поради тоа не ги носам надвор очилата
Де бре луѓе! Јас носам очила скоро 11 години, значи, од својата седма година. Можеби немам некој комплекс поради тоа дека од малечка ги носам, ама у секој случај, ниту еднаш до сега не ми била намалена самодовербата поради очилата. Не знам што се толку страшни? Каков впечаток, уствари мислите дека им оставате на момчињата/другите околу вас? Демек, носи очила и е бубалка, или носи очила и е слепа, или носи очила и грда е? НЕ. Искрено да ви кажам, никој не ви ги ни забележува очилата. Ми се има случено многу луѓе, дури по прилично долг период дружење да забележат дека носам очила. Ако толку ви сметаат, имате контактни леќи. Не е срамота, ниту којзнае колкава работа ако носите очила е*аго!
Јас неносам наочари имам добар вид меќутоа не можам да разберам зошто намалена самодоверба? Мене ми се по слатки луќево со наочари еве на пр.братучетка ми таа отсекогаш носи наочари и секогаш имаше расправија кога требаше да ги носи во град,потоа годините минуваа таа заврши факултет сега работи професорка и понекогаш пак знаеше, да рече леле се чуствувам како поинаква се додека нејзиниот колега сегашен вереник не и рекол дека е многу слатка.Со еден збор тие не треба да се срамат ниту да им се намалува самодовербата,мене ми се баш супер
Еве јас сум чист пример. Од ништо направив нешто. Во почетокот не признавав дека не гледам сјајно, се додека не ме фатија од дома и од седмо одделение како носам очила и тоа јас започнав веднаш од диопетер -1, за далеку ми се. И во почетокот ги носев само за дома постојано за да се навикнам и на училиште,ама кога не пишуваме од табла ги ваѓав. И така зголемив само проблем. Се зголеми на -1,5 и сега чувствувам дека сум како изгубена по улица и почнав да ги носам постојано. И на училиште, на кафе, по пат, секаде. Единствено на некоја прослава и во град за викенд ги ваѓам ама ги носам во чанта Сега во последно време дури и многу почнав да се допаѓам самата себеси со очилата, поготово кога косата ми е во пунџа а очилата ми се со тенки рамки и ми ги истакнуваа очите. А самодовербата не ми била никогаш намалена. Спротивно баш е зголемена поради можноста да можам да видам се, а не да гледам само во близина, бидејќи колку пати ми се случило по пут да не видам некого. Така да тоа не треба да го сметате како маана, туку како доблест,која треба да биде искористена и прифатена. :geek:
Jaс носам очила откако дознав дека имам проблеми со видот (мислам дека ми се појавија со почеток на пубертет, 3-4 одделение, скоро све тој период ми се за*ба па и видот). На почеток носев очила, многу бев мала за леќи а и кога пораснав не се одлучив за леќи затоа што премногу сум плашливка за да се охрабрам да си брцам во окото и затоа решив да се помирам со идејата дека ќе продолжам со очилата. Иако јас тука воопшто не гледам проблем. Зошто намалена самодоверба? Барем денес има најразлични модели на рамки за сечиј вкус и ако соодветно ги избереш можеш да изгледаш дури и подобро и попривлечно. Еве моите се килибар боја со метални елементи во златна боја. Ама мене премногу ми се допаѓаат како ми стојат. На крајот на краиштата, постојат и такви без рамки околу стаклата, само од страна, па ќе изгледа речиси како и да не носите очила. Мада денес таков проблем не би требало да има. Па секакви рамки ги има...
Се согласувам со тебе, а во врска со леќите сакав да прокоментирам. Во последно време ми се узврте дека не сакам веќе очила и барав леќи,но од дома не ми дозволуваат и жал ми е. Но сепак хигиена и големо внимание е потребно. Јас кажав, со првата плата ќе си купам едни за проба ако не за нешто друго
Носам очила од втора година средно школо. На почеток ми беше не тешко туку чудно. Мислев ќе ме зезаат па кога излегував не ги носев, а во школо само на часовите. Со текот на времето сфатив дека тие се составен дел од мене и без нив потешко ми е.Почнав со тоа што си купив впечатлива интересна рамка и полека полека си ја збогатувам колекцијата. Сега ми се совршен аксесорис. Има луѓе од мода носат, а немаат потреба. И баш напротив им се зголемува самодовербата. Сакам да пробам и леќи некогаш, ама сепак тоа нема да бидам јас. Од друга страна, заради редовното носење дури и диоптерот ми се намали и сега стагнира. Овие ми се најнови и откако ги купив само нив ги носам.