Не ја губај самодовербата и јас бев така до пред 6 месеца се додека не го запознав дечкото јас носам наочари од 7 години бидејки имам потреба знам како ти е поврати си ја самодовербата не се замарај што ќе зборуват другите ти си го живеј животот за себе а не за другите што би кажале
И јас носам очила веќе неколку месеци.Кога ми ги дадоа да ги носам носев дури и фиксна протеза.Се осеќав грдо и глупаво навистина.Ми ја извадија по некое време фиксната сега сум само со очила.Цело време мислам дека ми стојат преубаво иако понекогаш ми се иде да ги фрлам ми се здосадува од нив али што се мора се мора.Воопшто немој да се нервираш! Некој ако те сака ќе те сака каква што си . А тоа дека момчињаната не сакале девојќи со очила....хммм ... мислам дека не се сите исти па да имаат сите ист вкус хехе..Уживај немој да се нервираш..поздрав
nema nikakov problem vo toa sto nosis naocari .. ima maski sto poveke sakaat devojki sto nosat naocari mislam deka vo sekoj slucaj pozrelite maski poveke cenat dali taa devojka znae da napravi asalen muabet i dali e interesna i zabavna nego li dali taa devojka nosi naocari ili ne
Јас носам очила од прво одделение.И се до денес.И сега ќе бидам осмо.Имам едни рамки така малце сивкасти..Неможам да менувам рамки пошо сум приврзана за овие и си мислам дека идните нема да ми стојат добро.Да, самодовербата ми е некогаш намалена.Ме навредуваат,ми се смејат,ми викаат често кога нешто ќе згрешам "ај иди земи си поголем диоптер.." "слепа ли си ти..?" Јас не враќам,и потоа цело време ми се вртат навредите во глава.И диоптерот се повеќе и повеќе ми се зголемува.Од -0,5 сега ми е -3,5 Несакам како мајка ми луѓе,таа имала диоптер -13,и морала да прави операција..Едноставно многу ми е лош видот! Се би дала за да престанам да носам наочари ама ете.. Не викам дека луѓето со наочари се грди,ама ај денешниве деца да ги видите,од 14-15 години..секој втор навредува поради наочарите.Неможам ез наочарите,дури и на тренинзи (кошарка) идам со нив,цело време сум буквално со нив,освен кога спијам и кога се бањам.
Па веќе наочариве се и моден тренд. Јас никогаш не ни помислував дека се намалува самодовербата со носење очила. Јас имам проблем со читање, ги менувам често рамките и воопшто не се срамам со тоа.
И јас носам наочари веќе две години, до сега сум била вљубена во дете кое исто така носи наочари, и тој ми а возвратуваше љубовта, иако околу него имаше девојки кои не носат наочари и беа поубави од мене а сепак го сакаа, но тој не обрнуваше внимание, затоа што тие за него ја имаа улогата на кучка. Тој ја гледаше внатрешноста. Ако мислеш дека е до твоите наочари, не ставај контактни леќи, на нив треба да им се обрнува поголемо внимание отколку на наочарите, пробај со подруг вид на оквир, јас го сменив и моментално носам рејбанки, можеби се големи но мене навистина ми стојат на формата на лицето, ако и тебе ти одговараат пробај и ти со тој вид на оквир.
Имам дома два пара рејбан такви црнии ( и знаете за што ми се?за сликање си ги земав како демек да ги напраам со диоптер,ама дома кога ќе дојдам сфаќам дека не ми стојат,и ене ми ги,фаќаат прашина.
Ej зошто така ? Да си ги носиш. Баш читав некои статистики деновиве дека на машките повеќе им се допаѓале девојчиња кои носеле очила , а општо луѓето кои носеле очила полесно можеле да се вработат. Што знам можеби само статистики , ама така пишуваше.
Носам наочари уште од 5 години, ама имав набиено многу комплекси од мојата околина, единствена бев во основно која што носеше наочари, имав секакви дофрлања од тегла па не знам до која крајност. Во 7 одделение ви фрлив и не ги носев до 4-та година средно, баш периодот кога јас требаше да ги носам и да си го подобрам видот, јас го уништив уште толку. Сум имала многу висок диоптер, но до 7 мо оделение сум го симнала и тоа многу, некаде до 1,2... Ама кога отидов во 4 та година, во несвест паднав, 5 (десно), 4(лево), ма и повеќе... Докторката ме искара, уште што не ме истепа.... Моето прво излагање во јавност со наочарите беше уште потрагично, мој "другар" кога ме виде со нив почна да вика: што ти е тоа на очите? Симни го под итно? Леле, што си направила? Како можеш тоа да го носиш? ииии уште многу тешки зборови, мн ми беше мака, мислам дека плачев три дена... Ама ете помина, веќе не се замарам за тоа, тој што ме сака, ме сака и со нив, ме цени по тоа што го носам во мене, а не поради тоа што имам или немам диоптер... Само да знаете колку ми е криво поради оваа непромислена постапка, ете сега ќе си ја плаќам цената поради мојата пубертетска и непромислена одлука.... Аххх дете, дете каква грешка си направила, ама лудост младост, немале дечковците да ме сакаат со наочари..... кај ми бил паметот.... Сега си ги носам нон-стоп, тие се дел од мојот имиџ, не можам да замислам да бидам без нив Така да девојки не ја правете мојата грешка, немојте подоцна да се каете, поради намалената самодоверба. НЕ ви требаат луѓето кои што се против вашите наочари. ма да мислам дека сега се ретки тие луѓе што мислат дека е грев да носиш наочари.....
Никогаш ама баш никогаш во животот немој да дозволиш било што да ти ја намали самодовербата, ако некој те цени или почитува тоа ќе го прави безразлика дали носиш очила или не затоа узивај си и си немај гајле
И јас носам наочари уште од мала,кога бев трето одделение,па се страмев демек немав самодоверба поради тоа,а всушност сум била глупава што не ги носев,но тоа беше само краток период.Откако почнав да ги носам ми се намали диоптерерот и сега ги носам само кога сум пред компјутер или кога читам нешто.Така да девојки тоа што носите очила не значи дека сте помалку убави или помалце ве ценат поради тоа.Другите што сакаат нека зборуваат.Никој не е совршен,а мосењето на нив и не е некоја мана. за очилата
Зошто бе намалена самодоверба? Јас очила почнав да носам од 1 одд и од тогаш си го сватив тоа сериозно. Постојано ги носев и немав никаков проблем. Сега уште си носам и воопшто не се замарам кој што мисли, јас важно убаво си гледам.
Додека бев помала и јас сметав дека би ми било непријатно ако некогаш дојдам во ситуација да носам очила, но сега го променив мислењето а исто така знам и многу другарки кои имаат по некој пар наочари без диоптер само колку да ги носат естетски во некои комбинации бидејќи делуваат интересно. Барем денеска технологијата и медицината се напредни ако не наочари можат да се носат леќи, а ако сепак изборот е наочари постојат рамки, модели во најразлични бои со различни интересни детали кои не изгледаат воопшто напдано или неубаво, а да не забораваме дека сепак се работи за здравје Затоа без никакви грижи и намалена самодоверба поради наочарите, тие не се ни приближно до клучен фактор за проценување на тоа кој колку би бил привлечен или не Spoiler
Не ми стојат рејбанки :// некако ми изгледаат полеми а уште па кога ќе ставам диоптер окото ќе ми изгледа многу помало..А помали рамки немаше ..така да ќе си терам со овие сега
ги обожавам моите очила. секогаш ги носам . речиси секогаш хах. имам мали очи кои баш и не ги обожавам и сега очилата ги истакнувам повеќе одколку очите. а што се однесува до леќите , јас и не би ги препорачала на никој. :geek:
Немам потреба да носам очила,ама дефинитивно тие што носат не треба да имаат намалена самодоверба поради нив. Мене тоа не ми е во ред. Ако нешто треба значи ми е важен дел за моето здравје ќе го носам со гордост без никакви предрасуди.Мене па посимпатично ми делуваат девојки кога ќе видам со очила. Баш денес има очила со прекрасни рамки,бои и дезени.
Абре што самите си создавате комплекси.. Јас до пред два месеци се мислев дека имам совршени заби и целата само се смеев и сите ми велеа колку убава насмевка имам.Но сум имала мала аномалија и поради тоа ми ставија протеза за во иднина да не ми создаде проблеми на горната вилица и јас срекна сум што ја носам ..и другите баш тоа и ми завидуваат и дури машките го сметаат тоа за секси .А вие за наочари сте се замрале.Па ако се типски наочарите може девојка да изгледа многу секси познавам многу девојки кои носат наочари а имат стаус на убава девојка
Вистинската убавина доаѓа одвнатре,вашето однесување,самодоверба,вашата насмевка. Ако делувате среќно,позитивно,ќе изгледате убаво,што тука можат очилата да променат? Јас не носам очила,но и кога би носела,не би се грижела премногу за тоа
Јас баш се осекам супер коа си ги носам моите наочарчиња.Нема зошто да ја губам самодовербата кога ги носам,супер ми стојат а и кога ги носам понекогаш и ги заборавам дека се на мене.Одбериси некоја добра рамка за очила и уживај не си ни прва ни посдледна со очила