EE неможам да ги разберам тие кои се срамат да носат очила Јас би сакала да носам очила,но ете очите ми се здрави како дрен!А сега и е модерно да се носат очила
Зашто бе намалена самодоверба? Мене ми се многу секси наочарите Јас открив дека имам миопија на систематски преглед во прва година средно диоптер -0,50, а сега не сум била оддамна на лекар ( па ке одам наскоро ), и носев наочари прво имав едни мали со тенки црни рамки. Потоа ги сменив па земав со црни подобели рамки. Потоа пак ги сменив. Ама признавам дека не ги носам често. Некако неможам добра рамка да си најдам. Сега сакам наочари еве вакви па сум во потрага Spoiler (ако знае некој да ми каже дали постојат на зелен пазар нека каже )
Јас купив леки, ги ставив 5 пати во еден месец и дојдов до заклучок на годината: Очила си се очила. Ги поштуем, повеќе ги сакам. Додека ги носев леките ми недостасуваше моментот кога очилата играат улога на венче за коса.
Јас носам леќи, носев очила 3 години но никогаш не ги носев за излегување ...едноставно не ми беше убаво со наочари. Ги предлагам леќите како супер решение. Ги разбирам сите на кои носењето очила им влијаат на самодовербата. Леќите не се ниту тешки за одржување ниту проблем за носење, потребно е малку време да се навикнете нот не е ништо страшно. Едноставно ако не се чуствуваш убаво со очила никој неможе да те убеди во спротивното, сигурно секој најубаво си знае што влијае на неговата самодоверба. Среќа што постои решение. Нема потреба од нервирање и проблеми со самодоверба.
Како бе срам? Мене дечко ми ме тера да ги носам, па од што сум била привлечна така имам 'забрана' без него да ги носам. (ко божемски) Башка и со другари што вака имам правено муабет, на сите им е секси девојка со добра наочара и малку шминка. Е сега. Не за теглите! Некое шик рамче и you're good to go.
несвакам зошто се срамите да носите очила?? и јас носам (само пред пц и кога читам нешто) и па кога ке се погледнам у огледало викам да шмизло не се запоставувај убава си!! и оние шо носат очила тоа е нешто шо ги праве посебни на некој начин тоа те праве посебна..и нем заради наочари да си ја намалете самодовербата!!
Девојки, не срамете се што носите очила! Напротив, бидете среќни што има начин на кој можете да си го поправите видот... Некои го немаат ни тоа... Плус, кај девојките со убави продорни очи, очилата само уште толку го истакнуваат тоа и помагаат во „лов“ на машки.
Мислам дека очилата не треба да влијаат на нашата самодоверба, јас носам очила од прво одделение, а сега веќе имам 18 години, значи буквално ми станаа најдобри другари Имаше и период кога сакав да носам леки, но при самата помисла дека можам да добијам некоја инфекција се исплашив и си велам што ми фали со очила бе Инаку нова сум на форумов и се надевам на одлична дружба. Поздрав
И јас треба да носам очила само што до скоро,се додека не ме охрабривте вие не ги носев.Не,не ми се намали самодовербата,туку неможев да се навикнам со нив па уште од почеток барав на докторката да ми пиши леќи,но рече сум имала мал диоптер -1.5,а ми рече леќи се носеле од 3.0 па нагоре,потоа на втората контрола зошто не ги носев имав диоптер -2.5.Требаше да одам пак на контрола пред два месеци и зошто не ги ставаав воопшто не отидов на контрола.Сега сигурно ми е можеби и -3.0 или повеќе.Откако ве прочитав некако се охрабрив и еве веќе 2 дена ги носам и ќе продолжам да ги носам,се надевам Инаку се од skechers, вакви само се темно лилави со сиви цветови и сив е натписот.
Како тинејџерка носев oчила! Но,земав едни баш катастрофа рамки а убави пари си платија моите и дали ги носев само 1 месец. Уште стојат во фиока ама нема шанси да се осмелам да ги носам... не повеќе. Инаку за самодоверба со или без нив тоа нема врска. Ако си ја имаш „онаа“ самодоверба што ти е баш потреба очилата тоа нема да го нарушат. Јас сметам дека тоа е една глупост за наочари да губиш самодоверба. Па и баш ми се секси на мене очилата...само ако најдеш вистинска рамка Јас имам другарка што носи очила,ептен е убава јака типка ама само и се мота во глава дека поради очилата машките не ја приметуват. Баш си се држи до тоа и не верува што и да и кажам. Ама утре,другиден ќе свати дека е ПРЕКРАСНА СО ОЧИЛА. Дури и некои ми се поубави со нив..
Порано носев наочари. Но барем денеска има толкав голем избор на рамки и облици, што навистина нема потреба човек да губи самодоверба. Луѓе тоа е секојневие. Тоа потребно за вашето здравје - и друго ништо не е важно.
Зашто намалена самодоверба ? Јас носам очила од кога знам за мене, пред 10 години. И покрај погрдните зборови кои ги слушав, сепак си останав на нив, не ставив леќи, зашто знам дека ми помагаат кога ги носам, ми требаат. Нема што некој мене да ми руши самодоверба зашто него не му се допаѓаат очила или не му се допаѓам јас со очила. Сега, технологијата и напредноста дозволуваат различни облици, бои, па можеш какви сакаш да имаш. Да изгледаш ем штосно ем паметно, ем да ти користат. Јас исто мислам дека очилата се многу секси. Не мислам конкретно за мене, но познавам личности кои изгледаат навистина згодно и паметно со очила.
Јас денес си купив очила од Ицо оптика , многу се слатки светло розеви не се ни познаваат кога ги носам. Овални се и сега морам често да ги носам и заради тоа што не гледам и ми се покачи диоптерот 2 од 0,5.Скоро еден саат бирав какви да земам , но тие што се правоаголни и со пластични рамки , воопшто не ми стојат убаво Кога ги ставив ми се сврте во глава мислев дека ке паднам , изгледа дека оддамна немам носено Ама што убаво , сега мислам дека и дрвјата на Водно ги гледам Подоцна ке ставам слика
^ Јас се сложувам со тебе, но не секои очила одговараат на лицето. Овие повеќе ми се за 20 - 30 годишни девојки, иако има лица на кои одговараат. Како модел мене ми се интересни. Туку, има ли некоја оптика во Скопје која располага со интересни маски ? Сега бев на преглед, имам зголемен диоптер и секогаш вака менувам рамка, па сакам некоја нова. Едно советче од мене, јас како детенце. Ги знаеме сите оние nerdy glasses. Овие се тие. Имам забележано во оптикиве, барем во Велес, дека се продаваат како рамки. Можеме да изгледаме ем модерно, ем да ни помагаат. Мене ми се кјутерски. И овие ми се допаѓаат.
Па Чоклејт, баш во таа категорија сум од 20 до 30 години . Би сакала да си купам следно такви, само во друга боја затоа што не сум плавуша. И дали после толку убави модели се` уште има девојки кои се срамат од тоа што носат очила? Немојте. Ако не се чувстувате убаво што носите очила тоа значи дека го немате најдено вистинскиот модел за вас .
Мене ми се премногу слатки девојките со очила. Јас никогаш не сум имала потреба да носам, но сакам да пробам да носам подолг период, но штом немаш потреба не се ни решаваш на таков чекор. Омилени ми се они кои ги викаат мачкини или нешто така, со мачка Имам видено и женски кои се разубавеле откако почнале да носат очила, на некои им стојат и многу секси и привлечно, некои девојки ги прават многу слатки, а некоја да ја направат грда и непривлечна, баш и немам видено, затоа сметам дека нема потреба од намалена самодоверба. Времето е такво, какво што можеш да пронајдеш од пиле млеко, и со малку повече парички во некоја добро снабдена продавница за очила би можело да се најдат прекрасни моделчиња. Еве за какви очила јас ви зборувам: Еве и некои страници за шминкање на девојки кои носат очила и за други модели од очила-мачка http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ub ... i-so-ocila http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ub ... ila-machka
Уште од 10 години носам очила тоа ни е наследно. Кога бев тинејџерка не сакав да ги носам, бидејќи мислев дека им сум смешна на сите со очила дека ќе ми се смеат луѓето. Како што ги запоставува очилата да не ги носам од 0,50 стасав на 2 и пол Не гледам надалеку и многу тешко ми е. Но, откако ми помина таа фаза, сфатив дека морам да ги носам очилата да ми се поправи видот за мое добро. И еве денес си ги носам редовно, некогаш ги вадам да ги одморам очите. Еве ме со очила :geek:
Мене ми се многу убави девојките што носат очила, сестрами носи од малечка и секогаш и викам да не ги симнува така ми е поубава, и нема зошто да имате страм најважно е здравјето.