не ми се допаѓа како размислуваш воопшто. Штом си убава ...наочарите само ти ја креваат цената и прават да изгледаш поинтелектуално и попаметно....Ете моето момче е најубаво во цел град и носи наочари....секси е знај !
Bash sprotivno mislenje imam od tvoeto. Mislam deka na nekoj momci devojkite koi nosat naocari im se bash seksi. I netreba toa da ti go snizuva nivoto na samodoverba, glavata gore sekogash bidi so max samodoverba nedozvoluvaj nici mislenje da ti go narushi svoeto jas nikogash. Pozz
Си носам од 8одд а еве 2 сум на факултет леле кога ми ги дадоа помислив готово толку од самодовербата ама нее убави ми се со убав дезен и без нив сум ..хах едностано не ме бива дел од мене се супер се наочарките..плус за своето здравје се грижиме и да си кажам ги носам само 70% од денот ете така да не одам секаде со нив :geek: :geek: :geek:
Бев сега на очно, изгледа требело да носам и јас.. За дома, пред компјутер, дека не ми бил оштетен видот.. Ама јас таква чувствителна цел ден веќе плачам Со мал диоптер, малце ми е оштетен видот ама не сакам воопшто, а можда и од сега ја изгубив самодовербата
Ајде бе,и јас имав намалена самодоверба,и јас пуштив некоја солза, не ради здравје,туку од помислата дека цел живот ќе останам под стакла,ама до толку бе девојче за очила?Мислам не вреди.Да ти умри козата на соседот е ок,ама за очила? Не,сериозно те сфаќам,и сфаќам на сите како вие,ама јас така сега станав малку од поиздржливите личности,па ќе ви ширам самодоверба .Значи совет еден најголем до сите што имаат мал диоптер,,Носете ги очилата редовно,прво за да ви се намали диоптерот и веќе да немате потреба од очила и второ за да не ви расте како мене и да си останете чорички.,, И сите што имаат поголем диоптер нека си ги носат,зошто ќе ви расте толку брзо,неосетно,а верувајте има лоши последици.И јас така не носев,па сега почнав да ги ставам,ама без нив очите ми плачат,не ми солзат,туку солзи ми течат како да плачам од очи без очила. Од 1.00 до 2.5 ми стигна а сега и повеќе може е. На крај краеви,па земете леќи.И мене никој до сега не ми се пошегувал за очила.А тој што се шегува за очилата ваши,ама ич да не го фермате,и онака секојденвно доволно им обраќаме внимание на прости и глупави луѓе.
Изгледа ми бил 0,75 нешто така.. Само дома ќе ги носам, ама дан знаете отприлика за колку време ќе ми е добар видот?
Порано можеби очилата со диоптер навистина имаа примитивен и неубав дизајн, меѓутоа жално е да се „вадиме“ на нив како пример за намалена самодоверба, посебно сега кога има милиони модели на рамки и при ваквиот огромен избор и во врска со цени и со сѐ. Некаде низ Твитер најверојатно, прочитав нешто во стилот, дека наочарите се еден вид конвертер и моментално ја преобразуваат девојката од „невинашица“ во сексапилна. А оние кои тврдат дека очилата не им стојат, веднаш ќе се навратам на првите реченици од мислењево и ќе речам дека - не постои некој на кој не му стојат очила, ами постојат облици на оквири кои не ни се допаѓаат како изгледаат на различните форми на лица. Кога ќе го пронајдете оној кој ви одговара на лицето, нема да имате гајле. Мене не ми стојат оние класичните очила ете како на Агрона, а толку многу ми се допаѓаат. Оние наочарчиња како на Ленард од Биг Бенг тиори ми стојат најубаво и имам едни такви кои си ги носам онака, за лепота - без диоптер се, се тешам дека уште не сум стигната за диоптер, а чувствувам дека ќе ми треба вери сун. И пак да се навратам на темава - со денешниве дизајни на наочарите, жално е некој да рече дека баш тие се причината за намалената самодоверба.
А може ли ако 0,75 ти се, и да ги носиш само за дома... може да ти се зголеми видот? Јас неубаво се чувствувам кога ги носам, а и протези носам Како грдата Бети.. Ми е страм некако цело време да ги носам се мислам дека погрда сум, и дека ќе ме исмеваат А и во класот има една "таква" што се смее, ама кога ги проба наочарите и се гледаше поубаво.. сепак незнам, страв ми е дан ми се зголеми ..
неее лови1 немој, носи си ги обавезно јас од такво неносење од 0,75 стасав до 3,00, прво се срамев, потоа ме нервираше што неможев да носам очила за сонце, па не ги носев ове за видот, и сега стасав до ниво кога неможам без очилата за вид, сега се чуствувам пријатно со нив дури имам намалена самодоверба кога не ги носам Како и да е ни случајно немој да не ги носиш
Леле па и ти па,абе другарка ми носи и протези и очила,и тоа 5,00 има диптер ,дебели стакла носи и големи наочари,и само се прчи со тоа протезите ко да небаре којзнае што има.Ама стварно ме иритира веќе тоа,тоа е потреба,а не нешто за да се фалиме .Ама зошто срам ако носеш протези?Носи ги сега очилата,за да не треба после како неа да носеш диоптер5.00,па да неможеш да го симнеш.Нема срам и никој нема да ти се шегува.Мислам ако ми треба некогаш самодоверба,црпам од другарка ми(таа со протезите).Многу луѓе порано ја исмеваа,и сеуште по некој,ама таа ич не се замараше со нив.Капа и симнувам,не им обраќај воопшто внимание на таквите,кога ќе видат дека не се замараш и сами ќе престанат.И ајде сега да не се повтроувам,доволно има кажано членките погоре''Ако некој не те сака,верувај не е заради очилата,ако те сака ќе те сака со очила,ништо не менуваат тие''.
Исто како јас да сум го писшувала постот/советот само што јас до 1,50 стигнав од 0,75. Така да внимавајте, не си играјте играчки срам не срам Многу брзо расте диоптерот, на секои 6 месеци по 0,50 така да не се зезајте! И ја се срамев. Сега дури и на излегување ги носам. Чудно ми е кога не ги носам. И нема потреба да се срамиш дека нема да ти стојат наочарите, сега бар има секакви рамки, не е како порано што било. Се согласувам feminium по намалена самодоверба имам кога не ги носам, зашто неможам во очи убаво да ја гледам личноста со која што зборувам. Морам да се напрегам да ги замижувам очите за да видам нешто остро.
Девојки девојки нема никаква врска носењето на очила со самодоверба, ако се чуствуваш пријатно и привлечно во своето тело и по едно обично парталче што се вика да излезиш ќе се чуствуваш привлечно и ке си бидиш самоуверена , а искрено мене не ми менува фактот што девојката ми носи очила или не, не се замарам со тоа.Исто и јас си носам очила и тоа нон стоп си ги носам и кога сум по дома, на компјутер и кога си излегувам навечер.Едноставно јас си се чуствувам привлечно каков што си сум дали без очила или со очила, па и на крај краева таа што ќе ме сака ќе ме сака и со очила и без очила очила започнав да носам од 1-ва година, диоптерот е за оддалеку мислам -1,5 со -1,7 ми се.Најпрво имаше онака шали на моја сметка од страна на другарите и останатите но јас едноставно не си го земав тоа здраво за готово не ни ги слушав глупостите што ги тресеа тие.Затоа девојки на тие што ве исмеваат поради тоа што носите очила можете да му покажете еден голем .!. и слободно да се гонат по ѓаволите, уживајте и немојте да имате намалена самодоверба поради носење очила .
ИМАШ НАМАЛЕНА САМОДОВЕРБА ПОРАДИ ТОА ШТО НОСИШ НАОЧАРИ ??? леле а јас толку сакам да носам наочари, од секогаш во класот сум му ги земала на децата за да ги носам, макар што подоцна имав голема главоболка поради јачината на диоптерот..што знам, мене од секогаш ми биле симпатични децата со наочари, ајде па ти, животот продолжува и никого не чека, биди заводничка со наочарите секогаш кога ќе поминеш повкрај убаво машко подсимни ги малце и шмекни го, го можеш ти тоа, убедена сум дека и со наочари ти си најубавата девојка на светот
Доколку имаш намалена самодоверба поради носење очила сигурно не ти се допаѓа како изгледаш со нив или важно ти е како изгледаш во очите на другите. Ти советувам да ги смениш очилата,да си купиш некои кои ќе одговараат на твоето лице (мали,големи,издолжени и сл.) па така ќе се чувствуваш многу подобро.. А носењето очила воопшто не треба да ти претставува проблем затоа што девојките со очила се многу женствени, провокативни, авторитетни и дејствуваат добро врз спротивниот пол поздрав
може и тоа е, јас си купив едни и мислев само дома ќе ги носам па не бирав многу на изглед.. Ама сега пред една недела ги купив.. И сега сакав за да ми се подобри видот да ги носам секаде, ама видов едни црни подобри.. И сега овие моие не ми се свиѓаат,треба да почекам барем еден месец вака нема да дозволат Фала ви многу на сите, сепак се решив да ги носам
Носам наочари скоро 2 месеци и воопшто не ми е намалена самодовербата, напротив, баш повеќе си се сакам со наочари. Диоптерот не ми е многу голем ама ќе внимавам да не го зголемам, иако докторката ми рече со тек на времето ќе се зголемува, ама да внимаваш да не биде тоа наеднаш. Еден месец носев наочари со обични рамки, а сега имам вакви слични (nerdy glasses): Spoiler И во никој случај да не си ја намалувате самодовербата. Едни наочари вас не ве градат како личност. Чувајте си го здравјето, најважно е тоа. Со денешната технологија секој трет носи наочари. Не сте ни први ни последни. Носењето наочари порано и денеска е поинаку разбрано, денеска и од мода ги носат.
Никако немојте да се срамите сами од себе затоа што носите наочари. А за тие што ви се смеат, не обрнувајте внимание, самите се казнети од господ што им дал толку памет. Не сте ни први ни последни, сакајте се сами за да ве сакаат и другите
Ми одредија диоптер -0.5 знам дека нее е многу голем диоптер и докторката ми кажа дека немора да си носам нонстоп,туку само по потреба т.е само пред компјутер,за на табла во училиште и за тв.Што мислите вие,би требало да ги носам нонстоп или сепак не? Ужасно се чувствувам кога ги носам