Јас кога тргнав во средно ми го одредија овој диоптер и од срам ги носев само дома, а надвор се ќоравев и мижев за да гледам поубаво, ме болеше глава од мижењето... Затоа диоптерот ми се зголеми и сега носам диоптер минус два и пол и можам леќи да земам. Ти можеш да си земеш некоја убава, фраерска рамка, и ако ти е толку проблем за излегување не ги носи, ама гледај што повеќе да ги имаш на себе, како што ти препорачал докторот. Сепак, тој е стручен и знае како треба.
Веќе две години носам наочари со диоптер +0.25. Се изнамолив со оптичарката за да ми даде рецепта, ми викаше мал е диоптерот, не ти треба. Дури ни мајка ми не ми веруваше кога викав дека ослабен ми е видот зошто од секогаш сакав наочари. Порано сум имала очи на сокол, и иако е стварно мал диоптер, мене многу ми менува. И ми помагаат многу надвор, особено на облачно време и навечер. По дома не ги носам. Многу повеќе се свиѓам со наочарите, сега брзо и нови рамки купував. Сметам дека ми ги покриваат подочнаците и очите ми доаѓаат до израз. Мене самодовербата ми е и поголема со наочарите, и за апсолвентската слика за табло со нив се сликав. Мислам дека нема потреба да ги гледате наочарите како вишак на лицето и да ви сметаат. Барем сега можат да се најдат ефтини рамки, можете да си купите во различни бои и да ги направите дел од вашиот имиџ. Во секое време да имате моден додаток со кој можете да го врамите лицето, да ги истакнете очите. Јас сум пресреќна што имам наочари.
Очила носам повеќе од седум години, ми беше чудно првиот пат, ги носев само кога ми беа неопходни, ама никогаш не ми била намалена самодовербата поради нив. И сега не ги носам секогаш, затоа што и онака ми е мал диотерот. На факултет си ги носам (се шалам демек дека ми служат за да изгледам попаметно). Сум добивала комплименти за очилата, повеќето од машки, демек многу секси ми стоеле Еднаш договарав средба со еден дечко и ме замоли да сум ги носела очилата .
јас носам наочари од 7 години и сега диоптерот ми е -8 и -9 што е многу голем и се гледа по дебелина на стаклата.Повеке си се сакам без наочари бидејки тато ми зема едни зелени.Сакам да си ставам леки и се надевам дека ке биде оваа година.Мојот бивши ми ре4е кога го прашав дали ми стојат добро и овој ми вика добри се што ти е.Ама сепак не губам самодоверба сепак човек не треба да биде само убав однадвор туку и одвнатре.
мислам дека нема потреба да биде намалена самодовербата поради носењето на очила,инаку мене девојките со очила баш ми се симпатични
Јас носам наочари 1 година и повеќе,на почетокот диоптерот ми беше на десното -0.50 а левото -0.25 со цилиндар и јас глупа ко демек не ми стојат наочарите гледам и без нив ќе ме исмеваат ова она и така во рок од 6 месеци десното око од -0.50 се зголемил диоптерот на -0.75 ама ако ми е и сега постојно ги носам гајле ми е за другите мислења сега има толку убави рамки шарени тигрести обични еднобојни со линии со циркони (а моите се црни со циркони од страната) а и сега во мода е да се носат наочари со убава рамка па и познавам некои носат наочари без диоптер само онака како моден додаток и тука всушност нема срам тоа е веќе потреба и баш девојчиња со наочари се по секси и мене дефинитивно ми ја зголемуваат самодовербата,а и денес не е ништо срашно да се носат наочари секој втор носи.
Како можам да си ги исчистам наочарите бидејќи со тие марамчињата што ми ги дадоа од оптиката дупло ми ги замаглуваат (зашмрљуваат)стаклата.
Јас носам наочари веќе 3-4 години. Имам диоптер 1.75 ама се осеќам ко да сум слепа. На почетокот ми беше чудно и глупо да ги носам. Бидејки си избрав онака баш geek-овски наочари - луѓето скоро не ме препознаваа. Но сега неможам никаде без нив. А понекогаш и си мислам дека сум си поубава со наочари. А и сега кога планирав да си земам леќи дечко ми на глава ми се качи дека немам потреба од нив и дека со наочари сум му била посекси
Зошто намалена самодоверба? Со добро избрани очила и те како може да се биде посекси Ги носам од 1 година средно само кога премногу ќе ги заморам очите. Знам често да ги менувам, така имам повеќе желба да ги носам :geek:
Да ми е намалена самодовербата заради носење очила, никако во никој случај кога почнав да носам дури ми имаат кажано и дека убаво ми стојат
Има луѓе што на интервју за работа ставаат очила иако немаат потреба од тоа. Тоа е за да изгледаат посериозни и поделовно настроени. Така да.. нема потреба од намалена самодоверба.
Јас, во 7мо одд кога почнав да носам имав едни наочари што не ми се свиѓаа многу многу како ми стојат ама поради тоа што морав, ги купив. Не се чувствував убаво па затоа не ги ни носев редовно, само во школо за на табла или по дома за пред телевизор. Сега веќе ми се зголеми диоптерот и поради тоа што морам да носам наочари, се утепав барајќи некои што стварно ќе ми се свиѓаат за да може постојано да бидат на мене, и не, воопшто не ми е намалена самодовербата. Дури со дечко ми и двајцата си носиме наочари, јес да понекаш ни сметаат ама... љубов. Spoiler многу носи/носам/носиме во една реченица ама ок
Наочари носам веќе 1 година но не секогаш иако имам прилично голем диоптер 1.50 и ми рекоа секогаш да ги носам. Не ми се допаѓаат баш затоа што имам мало лице и многу тешко можам да си најдам и соодветни очила за сонце. На почетокот ги мразев иако многумина скоро сите ми рекоа дека ми стојат прекрасно дури и дека сум поубава со нив, и дечко ми ми има кажано дека сум поубава со нив и знам дека лично тој повеќе сака девојки со наочари затоа што му изгледаат ПАМЕТНИ. Се навикнав да ги носам поретко но сега се обидувам да ги носам секогаш освен на излегување.
Meni,konkretno cure sa naocarima me privlace i one su mnogo vise sexi.... tako da napred,samo pravi odabir..