Намален апетит кај бебе до 1 год

Дискусија во 'Бебе' започната од kallias, 9 јануари 2014.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Ја пребарав и не најдов ваква тема па ако има слична префрлете ја.
    Јас веќе некои месец, два како имам проблем со моето синче кое многу слабо јаде, само 2,3 залчиња и толку, не сака повеќе. Кога че ме види со чинијата абе бега, врти глава, прво погледнува што е и одма се врти на другата страна. Пробав многу работи за да јаде, го оставам гладен повеќе часа-не сака пак да јаде, му правам полека храна -пак не сака да јаде, се молиме со саати , се лажеме види го ова, ај она, јас не знам навистина што веќе да превземам :tmi:
    На некоја друга тема или форум беше, прочитав дека има сирупи за зголемување на апетитот само што не знам колку е добро, тоа е се вештачки работи, па не знам колку би нам помогнале. Јајце исто така ми кажаа да су ставам во млекото, т.е. тврдо варена жолчка, тоа демек го подобрувала апетитот...не знам, навистина веќе не сум свесна што да правам само да почне син ми да си јаде нај нормално.
    Ако знаете нешто од искуство ве молам поделете го со мене, дајте ми некој совет, секој ден кога доаѓа време за јадење мене ми е смрт :worried:
     
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Калиас, да не се запчиња? Знам мене синко така ми правеше. Го болеа непцата се нервираши и никако да јаде. Спас ни беше една бразилска емисија со детски песни на кои мали полудуваше (Patati o patata- O pincino piu ili Chuveiro) ќе ја слушнеше и јадеше со задоволство ма чудо едно. И на другрка ми малата се смири со овие песни да седне да јаде. Кај секој е различно, ама пробај и имај трпение. Понуди му тенџерче со капакот да тропка да се занимава, чудо едно колку гиинтересираат работи од кујна. Тоа можам да ти дадам совет, да изнајдеш занимација некоја и да имаш трпение. Јас имав и успеав, оти не сакам да го клукам со се и сешто. Период е верувај, ќе помине.
    Секое добро
     
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Noelle Page имам пробано се и сешто ама џабе е, песнички, играчки, се што наброја и ти ама не помага ништо.
    За забчиња не знам , може и тоа да е во прашање, ама трае ли со месеци нејадењето од заби??? :?:
     
  4. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Калиас драга за жал да. Месец и пол се мачеше синко со 7ките и еве ги конечно. Имај трпение и пробувај пак и пак, нема зијан. А за апетит може си има детето ама го нервираат запчиња според мене, па го боли при касање, нервоза има па затоа не може да јаде, а не дека не сака. Не може по цели денови да не му се јаде. Пробај чешкај го со детска четкичка за заби, ако се смири и му е убаво можеби навистина се заби. И не се откажувај, џабе за апетит ситупи, ако дете си има апетит ама не може да јаде, Тоа ти се две различни работи. Откриј зошто не јаде, за да го избереш најдобриот пристап. Тешко е оти не моќе само да ти каже, ама поголема е штетата ако третираш, а не знаеш што всушност третираш.
    Мое мислење, се надевам помогнав бар малку
     
  5. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Noelle Page ти благодарам многу на издвоеното време да ми пишешнеколку работи за да ме смириш.
    Јас гледам дека има апетит затоа што за чоколадо да видиш како отвара уста или за бисквита ооо и мене ќе ме изеде, а штом ја виде лажичката почнува да плаче замисли :tmi: затоа не знам во што е проблемот, тој ја гледа бојата што има внатре и не сака да јаде, било зелено, портокалово, жолто , не сака, ќе се полаже ќе отвори уста ќе проба лажиче, две и толку, не сака повеќе, тоа е секојдневно така, а за забчиња не знам, не става прсти во уста, не гризе сега ама баш ништо.....којзнае што е веќе не сум свесна што да мислам :worried:
     
  6. macy28102012

    macy28102012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Истиот случај е и со моето бебе. Воопшто уста не отвора после 3-4 лажички, освен малку повеќе зеленчукови, по 1 до 2 банани во денот, и тоа е се. Среќа што цица, но и тоа е многу слабо, 2-3 минути и толку. Ајде до забите беше во почетокот, па после воспоставивме некаков ред, па на 2ри јануари уште 1 запче и од тогаш јадење никако. За жолчката, пробај испасирај ја со банана и доколку не сака со лажичка, пробај со прст да и дадеш, барем кај мене тоа успеа вчера и целата жолчка ја изеде со банана. Има 10 месеци и тежи 8200. Исто можеш и другите кашички со прст да и дадеш да проба да ги јаде.
     
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Тоа се периоди, мислам дека скоро сите деца ги поминуваат. Кај нас помогна тоа што ја пуштав сама да јаде. Со прсти, со лажица, што околу неа, што на неа, ама веројатно ѝ беше интересно и така се лажевме. Едно време ме пушташе таа една лажичка, јас друга, и така ја залажував, ама тоа кусо траеше, после се лутеше ако ѝ се мешам :) . Ме оставаше да ѝ давам дури кога ќе се измореше. Со првото бев навистина попотресена да се изеде јадењето како што треба, демек навика да стекне... врска нема. И ден денес е потежок за јадење. Потоа читав дека кога ќе почнат да разбираат повеќе (оваа возраст некаде) прво други работи повеќе ги интересираат и не им се губи време во јадење, а второ, треба да им се изгради пријателски однос кон храната, да не ја доживуваат како закана, како некој напор. И така, малава јадеше со прсти на пример тестенини (јувки со павлака и брокула, таман да се размачка цела), ама веќе имав искуство од претходното, и ич не се замарав колку ќе се извалка или како ќе изеде, нека изеде важно. Кога учеше лажичка да користи тоа беше шоу, ќе ја сврти пред да стигне во уста, ќе и падне супата на неа и се чуди после зошто е празна :D . Ама има каде-каде поздрав однос кон јадењето. Се трудев да го почитувам нејзиниот ритам, да јаде кога и се јаде, не кога јас мислам дека е време за јадење (значи, ручекот да биде во некое време за ручек, ама не мора да кажеме во 2, може да е и во 1 и во 3), ја пуштав да си игра со јадењето (иако старите прво викаат дека јадењето не е играчка, тоа е многу погрешно, детето гради однос кон работите преку допир, со испитување, така ги запознава и ги прифаќа). Ние имавме ситуации кога се правеше свинче, ама барем јадењето не ни беше стрес.
    Не знам дали помогнав нешто, ама пробајте така. Дај му и него лажичка, или ако е посуво јадење, нека си зема со раце, покажувај му како, да те види тебе, ќе сака да те имитира. Понуди му, па ако не сака, не напнувај, тргни го јадењето, понуди му после 15-20 мин пак истото, ако пак не сака, пак биди кул, тргни го и причекај... Кај нас овие работи МНОГУ ни помогнаа.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Потполно се согласувам со Лионес. Мора да се има трпение,но и да се остават сами да откриваат што јадат. Јас од мал почнав да не му бладирам, само пасирано со вилушка за да се учи на текстура кога јаде.
    Многу ми помогна за понатака, а и во градинка мали со 1 година почна и ги оставаа сами да јадат како ние што јадеме, што ќе му дадат тие, што само ќе си земе да јаде. Кога јаде банана или му ја давам на две половини сам да јаде, или на малецки тркалца сам, или со заоблено вилувче со тапи врвови. Домати на четвртинки ги смука, го јаде месото, а лушпите сам ги плука, јаболче, ананас сам грицка. За маџички или вид на пире со цел грашок на пр го оставам сам со лажичка да проба, или јас го ранам. За делот со валкањето решение се лигавчиња заоблени долу пластични, па храната што паѓа не оди на под, или лигавчиња со врзување , но како маичка со ракави што се.
    Пробај да го оставаш сам да открива, сејте се, песнички да си поврзе дека јадењето е убаво и забавно , а не нешто принудно. Верувај се исплаќа.
     
    На Li0ness и kallias им се допаѓа ова.