1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Намален имунитет после прележана корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од FroggyLover, 22 март 2023.

  1. FroggyLover

    FroggyLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2021
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    163
    Пол:
    Женски
    Ја отворив оваа тема за да видам дали некој имал слично искуство.
    Прележав корона во 2021, кога имав 18 години. Пред тоа бев релативно здрава. Освен проблеми со лактоза, и грип еднаш годишно ништо друго страшно немаше. Но откако прележав ковид јас сум цело време настината! Како имунитетот на 0 да ми дојде последниве 2 години. Моментално имам грип и ми беше тешко да се натерам себеси да одам на доктор зошто и онака кашлам од пред почеток на годинава. Исто така, од летото 2021 до летото 2022 циклусот скроз ми се поремети. Некој друг со слично искуство?
     
    На 1209 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.048
    Допаѓања:
    7.996
    Пол:
    Женски
    Сите вируси во принцип го слабеат организмот и неговиот имунитет. Особено гриповите.
    Ми се случувало после грип и мене и на децата да им се јават други болести, најверојатно од ослабнат имунитет.

    Конкретно за вирусот на ковид сега многу често се зборува и пишува за пролонгиран ковид, каде што со месеци после прележувањето сеуште егзистираат некои симптоми и тоа не само респираторни проблеми туку и општ замор, проблеми со концентрација (brain fog) и сл. Види дали може тоа да е случај и со тебе.

    Јас штотуку прележав ковид и можам да кажам дека не е ич едноставно опоравувањето, колку сака нека е лесно помината инфекцијата. И колку сака нека е потценет во моментов самиот вирус.

    Како вирус си прави проблеми. Веднаш после него се соочувам секој втор ден со различни проблеми, никако да се опоравам целосно и да здивнам. Моментално имам циститис, нешто што не сум имала со години, пред тоа беше нарушена работа на цревата и уништена микрофлора, а мигренозни главоболки имам скоро секој ден и сеуште имам болки во нозете (налик на реуматични болки или грчеви) заради што речиси секој ден пијам апчиња за болка.
    На инфективна ми рекоа дека антителата што се создаваат во борбата против вирусот може да нападнат и одредени делови од организмот и постковид може да се развие дури и автоимуна болест (како реуматичен артритис на пример).
    Ако после месец-два од прележување ковид човек имам симптоми кои перзистираат, а кои не се респираторни, ми рекоа да не барам помош на инфективна, туку на соодветните специјалисти за тие проблеми.
    Ковидот по таа логика, според нивните објаснувања, напаѓа кај што веќе имаш проблем или предиспозиција.

    Терапијата што се прима во текот на лечењето создава истотака свои проблеми (антибиотици, кортикостероиди и сл), со кои отпосле се расправаме..

    Кардиолозите велат дека после ковид добро е да се направи и кардиолошки преглед. Зошто ковидот (сите веќе знаат не само докторите) не е само респираторна болест туку и болест што го напаѓа кардиоваскуларниот систем.
    Според нивни статистики после прележувањето е зголемен бројот на срцеви удари и кардиолошки проблеми за трипати. Луѓето не прават контроли на кардиолог и после личи како да им се случува проблем од ведро небо..
     
    На KuklickaSk, Ugly Duckling, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. mama*rose

    mama*rose Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2018
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    1.001
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе кажам од мој аспект.
    2021 летото се вакцинирав против ковид иако до тогаш немав прележано како демек ради ,,превентива,, но искрено и многу ни вршеше притисок газдата на работа дека мора да се вакцинираме ради заштита, и го направивме тоа најмногу ради него зашто имаше многу уцени .
    (Да ми е овој памет никогаш не би се вакцинирала па макар добила и отказ).
    Од тогаш ја имав прележано 2 пати короната, од кои првиот пат 5 месеци после примена втора доза и можам да кажам дека ми требаа скоро 3 месеци да се опоравам и многу тешко поминав од температури,кашлици све и свашта. Вториот пат поминав многу лесно дури немаше ни да знам дека сум имала корона ако не требаше да се оперирам, а требаше да се достави негативен тест но кај мене испадна позитивен и тоа со crp 2.
    Нејсе зборот ми беше дека откако ги примав тие вакцини мене имунитетот ми е 0 не знам колку пати се разболев од обичен грип, и колку имам испиено антибиотици. А пред вакцините можам да кажам дека се разболував еднаш во пет години и тоа од настинка но сега веќе не е така.
    Затоа почнав да пијам витамини и суплементи за подобрување на имунитетот се надевам дека ќе ми помогнат да си бидам онаа стара јас.
     
    На 1209 и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  4. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.089
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Машки
    Се почесто го слушам ова.
    И јас имам послаб имунитет во последно време, но не сум го поврзал конкретно со последици од ковидот.

    Искрено, логичното објаснување ми е дека медицинските маски сепак направија разилка, ако ништо друго барем во заштитата од обичните настинки и вируси.
    Па сега кога веќе не ги користиме си фаќаме вируси многу полесно.
    Плус имунитетот секако ни е послаб од истата причина, "понежни" сме на вируси бидејќи две години ги изолиравме и не бевме изложени.
     
    На NoirSerpentine, Cosmic Girl, La-loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Еве да споделам и јас искуство, прележав корона пред година и пол и тоа ја поминав од нога. Пред месец повторно со тешка бронхопневмонија 5 дена во болница на системи и инекции,поради лошата состојба беа вклучени и орално два антибиотици плус покрај интравенозниот, температура 13 дена константно, крвна слика катастрофа и сега после 4ри недели многу лесно се заморувам што ужасно ми смета, и се потам премногу во спиење, не ми е јасно што се случува.
    Тромбоцитите уште неможиме да ги средиме и АСТ и АЛТ.
    Искрено се надевам дека ке има помин пре многу нус појави за жал.
     
  6. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Од кога се разболевме од Ковид минатата година, секој месец сме болни, и јас и двете деца. Сите можни вируси од градинка и школо ги исповрвчевме, секој божји месец, некогаш полесно, некогаш потешко. Сега пак со симптоми на Ковид, треска, кашлица, болки.. во јануари исти бевме, во октомври есенва исто. Кој што сака нека каже, не е баш мачји кашаљ, како да отвори врата за секакви гадурии. Деца не можат глава да кренат, и витамини, и сирупи, и исхрана и никако да ги извлечам. Гаден, гнасен ковид
     
    На KuklickaSk и Cosmic Girl им се допаѓа ова.