1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наоѓање работа во странство без посредување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Tanjamm, 20 октомври 2015.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Дали е можно да се замине во странство и без посредување да се најде работа?Има ли некој такво искуство?Дали е тешко?Добив идеја за темата од едни мои сограѓани кои со дете заминаа и бараа работа без посредништво, без роднини во странство и се снашле за недела дена,
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm Отишле во странство без да бараат работа претходно и без да исконтактираат со некоја фирма во странство или пред да заминат биле во контакт со некоја фирма од странство за работа? :?:

    Чудно ми е како успеале толку брзо да најдат работа, ако претходно пред да заминат не биле во контакт со некоја фирма од странство.

    А што им е струката? И каква работа успеале да најдат?
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Во Малта отишле со дете и за една недела успеале да најдат работа без никој таму да ги чека или да имаат исконтактирано со фирма. Не знам што точно работат. Има ли некој слично искуство?Мене ми е ризик така да отидеш , да потрошиш пари и да не знаеш дали ќе најдеш работа.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    Искрено, како за прв пат јас мислам подобро е да се оди надвор со посредство или агенција и сл. или пак дирекно преку работодавач, така на слепо што се вика ... не знам, не станува збор за одмор.
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    А бе не е странство како Македонија, па со години да нема работа :D
    Другарка замина пред 1 година во Австралија, за ова време 4 работи смена - кон подобро нормално. Нашиот ум, за жал, е заглавен во овој систем и безредие, и не можеме ни да сфатиме дека работите во светот функционираат поинаку и полесно. И нормално, зборам за високо развиени држави, кон кои повеќето луѓе имигрираат, не за Уганда. Мада може и таму да е полесно од Македонија :rofl:
     
    На Artemission, Umbrella22, FridaKahlo и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    Па, не би рекла дека таму ружи цватат ...сепак секој со своите размислувања.
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ружи може не, ама кактуси, палми и еукалиптуси како растат....мх мх мх
     
    На anakonda88, Elena69221, N.Kety и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    :D овде имаме борови, липи и сл. хахахаха шала на страна, ти познаваш некој што имал среќа можеби, а дека кај нас е тешко точно е, само да не се лажеме дека таму некаде се е супер, тогаш зошто сме овде во Макдеонија и јас и ти сеуште?
    Поззз:hai:
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Другарка ти се сомневам дека заминала во Австралија без посредување одн.помош од некој друг. Немојте со такви муабети, луѓево навистина ќе помислат еј колку е лесно ајде пакуваме куферите и утре одиме во Австралија. За да отидеш во Австралија или во друга високо развиена земја, мора да одиш со посредување. Научна фантастика е да ги исполнуваш сите услови што се бараат односно максимум поени. Мора да имаш некој роднина таму кој финансиски ќе гарантира за тебе. Ако немаш роднина мора да имаш најмалку 20 000 евра (не знам точна сума) за да средиш комплетна документација и отидеш до таму, за да можеш да се издржуваш сам на почетокот. Ако сакаш да студираш пак треба да имаш пари дури и повеќе и пак некој од таму кој би гарантирал за тебе.
    Умре тоа време кога купувале карта, се качувале во авион и правец Австралија.
    Така било пред 30 години, така заминал пријател на татко ми со жената, ниту јазик знаеле, ниту некаква посебна документација средувале и посебни услови не исполнувале. Решиле да заминат, купиле карти и заминале. Сега има процедури и истите се секој ден покомплицирани.
    Да успееш да отидеш во таква развиена земја е супер (дали преку роднини, дали ако имаш пари и сл.) и таму секако дека ќе ти биде полесно, ама ај отиди, еве спремај куферите, купи карта и за месец дена замини во Австралија.
    Сум била на таква мисла многу пати, и уште сум, ама кога ќе почнам со тие документи, па услови, па собирање поени од ова од она, сфаќам дека никогаш нема да успеам ако немаме барем 30 илјади евра за двајцата. Јас ако имам толку кеш и тука нема да ми биде лошо.

    А еве ако е некоја утеха, мислам дека средно квалификуваните стручни работници полесно поминуваат. Занатот е нешто што повеќе се бара кај нив. Овие општествени науки од кај нас тешко дека ќе те однесат до тие развиени земји. И работното искуство е многу битно, ако немаш најмалку 5 години работно искуство во струката за која аплицираш, не се надевај многу.

    Конкретно за Малта, се наоѓа работа, ама Малта не е толку развиена и нема големи плати, особено за странци кои сезонски работат. А и кој како се снајде. Ако отидат друштво, нема да им смета и да седат 10 луѓе во еднособен стан, само за да заштедат повеќе. Ама ако си фамилијарно со деца е друго, ќе работи само едниот а другиот ќе чува деца. Од една плата тешко дека ќе може да живее скромно со се кирија, сметки, трошоци.
     
    На Aquamarine93, krofnicka27, koritsaki и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    За тебе не знам, јас уште кратко. Позз :hai:

    Абеја....муабети на слепо. НИЕ го правиме тој процес во моментов, и да, собравме поени. Имавме среќа на листата да се наоѓа занимањето на сопругот, и тоа е тоа, толку лесно било. Ако не бевме на листа, ќе пустевме, ќе баравме, чаре ќе најдевме. Тој што не бара или се откажува - никогаш решение не наоѓа, па останува она: Демек таму подобро се живее од тука, седи ќути, барем твоите се блиску до тебе.
    Пријателката аплицираа, за 3 месеци (оу јес!) добија покана да аплицираат за виза, за 4 замина САМА во Сиднеј, за 1 месец најде работа во ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА на Сиднеј, и од тогаш еве 4та веќе промени.

    А бе семки да продавам, и тоа парт тајм, ќе живеам како со 10 саати работа тука! Да не речам и подобро :D
    И уште еднаш - не ПРЕТПОСТАВУВАЈТЕ како е таму. Или од лично искуство зборете, или одберете некого кој заминал, а кому ќе верувате на збор. Секако последниве години многу се такви, одберете кој ви одговара.
     
    На Vindetta, green.eyes и Annath им се допаѓа ова.
  11. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    Не би требало еуфоријата да ти ја расипуаве, со среќа нека ви е, само едно да знаеш како викаат нов бунар копај на стариот не плукај...инаку да, познавам неколкумина што баш од Австралија се вратиле, еден едвај издржа таму и си се врати дома мила. Така штонека ви е со лесно, прошетај по форумов ќе прочиташ од прва рака за Австралија, поздрав.
     
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Стар „бунар“? Точно опишано :D
    Новиот? Јас ќе го креирам со се` што можам за моите 2 деца.
    Еуфорија? И да знаеш колкава имам, едвај чекам да почнам да живеам :dance:

    Јас одбирам на кого ќе верувам, не читам и не слушам туку така. Нас процесот ни е скоро при крај, работата таму веќе го чека сопругот, не` чекаат само да ги докомплетираме документите и да одиме.
    Пријателката ја знам одамна, и знам од што замина - со такви плати, 80% од членовите тука, ќе велеа дека живеат во рајот, ама не е само до парите, повеќе е од очигледно дека квалитетот на живот е примарен .

    Еден иселеник некни ни рече: Да си ја ставите сликата на Амди Бајрам во телефон, за кога ќе ве фати криза, а ЌЕ ве фати, да се потсетувате кој одлучува за вашите деца во парламентот.

    [​IMG]
     
    На Vindetta, green.eyes, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Во право си. Познавам девојка која се омажи за Македонец, се венчаа тука, направија свадба, се и една година чекаше да среди документи за да отиде и трајно да се пресели кај нашиот од дијаспора. Имам роднини кои 3 децении се во Австралија, па кога ќе дојдат еднаш во 5 години овде де протези ставаат, де заби прават, облека купуваат и ја носат од овде натаму. А за тоа дека таму ќе почнете да живеете , кажуваат дека комшиите им се Балканци во млебурн, Срби, Хрвати, ама и тие вика во 30 години по еднаш во куќа ми дошле. Таму може ќе имате пари, платена работа, ама ќе немате слобода и пиење кафе скоро секој ден како овде. Овде пола администрација во сред работно време се по кафиќи. И да плачат за нас јадните Македонци што си немате држава веќе во странство.

    Некој ќе замине, ама како што кажа Абеја со искуство, добар факултете или занает, струка што се бара, познавање на јазик, а за мнозинството пуста желба ќе биде странство.Јас не би отишла како луѓето што пишав на Малта, без никого таму, без гаранција, ама ете некој ризикува.
     
    На Vindetta и Outlook им се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    @Moira не сакам да ти влегувам во детали, ама бидејќи веќе почнавте, би можела да кажеш во која струка маж ти најде работа, дали ти имаш барана струка за таму, дали немате ама баш никој таму што финансиски би гарантирал за вас и колку ве чинеше целата процедура со се документи и потребни финансии кои мора да ги поседувате за таму? Дали маж ти има повеќе од пет години искуство во струката за која добил работа? Јас не реков дека е невозможно, пишав дека има струки, најчесто занаети, кои се барани по услов работно искуство. А кај нас тешко се доаѓа до работа по струка а не па да стекнеш толкаво искуство.
    А пријателката мора да има завршено некој меѓународно признат факултет, по можност во странство, за да дојде до такво место.
    Можеби немам искуство во процедурата, ама условите и пречките ми се јасни.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm и Nausicaa им се допаѓа ова.
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Construction е сопругот, повеќе од 8 год искуство. Мојата струка не е на листата, а сопругот има тетка во Сиднеј. Процедурата би чинела вкупно околу 3-4.000$, зборам со се преводи, заверки, нострификација на диплома и искуство и платени визи и прегледи. Немаме информација за потребен износ при влез, ниту можам да најдам на нет, ама како и да е, тоа е најмал проблем.

    Пријателката заврши Електро во Скопје, исто како и сопругот. Разликата со интернационален факултет е во англискиот јазик, кој можеби нема да бараат да го полагаш ако си студирала на англиски. Иначе ние полагавме Иелтс уште пред 1год.

    Во врска со искуството - тоа е таа Македонија од која бегаме :)
     
    На Vindetta, CameliaMiller, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Зависи каква работа планираш да бараш.
    Дали би работела што годе, келнер/шанкер/собарка итн.
    На пример да отидеш околу 20ти мај во Црна Гора, Будва, Петровац, Бар, Херцег Нови, гарантирано наоѓаш работа. Е сега, нема да бидеш директор де, тоа е сезонска работа, ама и тука можам да ти кажам дека добро се проаѓа.
    Има газди што ти плаќаат смештај, бакшишот не е лош. Просечна келнерска/шанкерска плата во ЦГ ти е 300-350 евра, плус бакшишот кога ќе го ставиш, особено ако си на некое поелитно место, многу ќар се вади. Без најмалку 500евра месечно нема да бидеш, и тоа чисти ќе ти остануваат, или еве да не е платен станот наоѓаш соба за 2ипол евра од вечер или цимерка со која ќе делите по пола и решен проблем.
    За летото, т.е. за 3-4 месеци си однела преку 1500 евра.
    А тоа е одлично.
    Плус ќе се проведеш на море и одмор ќе истераш.

    Само едноставно пакуваш куферот, одиш, наоѓаш работа и тоа е тоа.
    Знам доста луѓе што отидоа за Малта, мислам претежно и таму се бараат исто, келнери/шанкер и тако даље.
    Не е лоша таа опција да се разгледа ин д фјучр.
     
    На Vindetta и imelda им се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ау чудото големо ако не ти окапуваат комшики по цел ден дома на кафе.
    Мене никој не ми иде и јас сум многу среќна поради таа причина.
    Мојот дом е моја приватност. Јас несакам некој да ми се воева кога ми се ќефнува. Ни свекрвата ни па некој ненајавен да ми доаѓа. На ненајавени не им отварам врата просто и едноставно и тоа е мое правило.
    И со луѓето со кои си го имам кафето откако дојдов овде им напоменав дека преферирам кој и да сака да дојде кај мене, прво да се најави.
    Само во Македонија се има таа слобода секој да ти ровари во домот како да е негов дом и да влегува кога му се присакува без воопшто да тропне или заѕвони.
    А имам другарка во Австралија на пример, нормално си живее девојчето и има другарки со кои излегува по кафичи на кафе, или по ресторани и така.
    За се си има време и начин.
     
    На Tanjamm, green.eyes, Artemission и 11 други им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.538
    Пол:
    Женски
    Затоа државата не ни чини ни животот овде.Ем пари да имате ем пола работно време да го скитате сакате.Во странство се држи ред и дисциплина за тие нешта.
    Имам другарка во Чикаго.Она не е вработена,маж и раб како шофер на камион.
    Комшики за иди дојди нема,имаат лошо здравство,ги принудуваат да се вакцинираат...АМА имаат парички за лагоден живот.
    Она носи валентино чевли од скоро 2000 евра.
    Е јас не ги вакцинирам децата,имам комшии за кафе на извоз,можам од раб да излезам кога сакам ама чевли носам и од Мат Стар од по 600 ден.
    Ја сваќаш компарацијата?
    Види кои ти се приоритетите во живот па одлучи дали за странство или не
     
    На Tanjamm, CameliaMiller, blue rose и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.563
    Пол:
    Женски
    Како личност што живеела привремено во странство можам да го дадам своето мислење околу муабетов, иако е надвор од темава, затоа што девојкава прашува како да најде работа без посредување, а не каков е животот таму..

    За Австралија и Нов Зеланд можеш да заминеш за прилично кратко време, за Канада нешто подолго се чека ама веројатно се е на среќа..
    За САД е веројатно најтешко затоа што работни визи тешко се добиваат.. а зелена карта уште потешко.
    Не знам зошто ги плашите луѓето дека е тешко да се замине, кога со малку читање на интернет и следење на чекорите, можеш да аплицираш и да добиеш иселеничка виза ...

    Јас живеев во Њујорк, на 51ва и 8ма авенија, за тие што не знаат таму е најголемиот хаос.. Животот не е сјаен, после некое време потајно почнуваш да го мразиш градот, ама не се предаваш..
    Живот во срцето на таква џунгла е динамичен самиот по себе што не ти се потребни комшивки за кафе и трачарење. Во зграда каде што имаш 150-200 станови, подобро е да се пазиш од комшиите отколку да ги викаш на кафе! Да можам сите комшии+станот би ги трампала за едно местенце во таа урбана џунгла без познати комшии..
    Од друга страна пак пријателите..
    Пријателите се пријатели, каде и да си. Ако стекнеш вистински пријатели, можеш да ги правиш истите работи што си ги правел и во МК.

    Смешни сте со муабетите дека иселениците доаѓаат во МК еднаш на 5 години за да стават протези, да поправат заби и да однесат храна со нив. Ајде да не бидеме смешни, таму храната е дури и со попристапни цени од МК плус има ненормално голем избор! Доаѓаат да поправат заби и попатно да се видат со роднините затоа што 600-1000 долари за заб е колку и повратен билет. И да, интересно е што доаѓаат претежно поради таа причина. Зошто инаку би дошол назад, кога за тие пари можеш да уживаш цела недела на некоја плажа во Мексико, да одиш на крстарење и да правиш тоа што ти се прави..


    Слобода и пиење кафе скоро секој ден? Па искрено за тие што одат на кафе секој ден имам само еден збор - расипници. Секој ден по 100 денари за кафе (плус цигари) а цел месец ги слушам како кукаат дека не им стигаат парите..
    Да пиеш кафе секој ден, не е слобода. Слобода е да одиш да гласаш без притоа некој да те ставил на список и да ти сугерира да гласаш за Петко кога сакаш да гласаш за Станко. Слобода е кога ќе излезеш од влез без некоја комшивка да те испраша каде ќе скиташ. Слобода е да се вратиш со полни кеси од маркет, а комшивката да не ти ги скенира кесите од балкон. Слобода е да купиш пица, а комшивката од приземје да не раскаже дека само пари за пица фрлаш, па цела населба да се чуди ..
    Слободен си да правиш што сакаш без притоа да одговараш пред душегрижците..

    Да заминеш од ова парче земја, значи да созрееш. Тогаш веќе не ти се важни излегувањата и пијанчењето до сабајле, затоа што имаш ВИСТИНСКА работа што ти почнува од кај 8-9 наутро. Наместо да излезеш и да се начукаш, ќе излезеш на вечера и ќе си поминеш убаво.

    Пријателите..
    Секогаш има време за пријатели. За гледање спортски натпревари, за спортување, за кафе, за оговарање на скајп со пријателките во МК..

    Едно нешто треба да ви е јасно..

    Животот тука и животот таму, ќе бидат такви какви што САМИОТ ќе си ги направиш!
    Ќе ти бидат или вистински пекол или вистински рај. Од нас самите зависи.



    Патем, ти ја посакувам целата среќа на светов @Moira ! Луѓе како тебе немаат проблеми да се прилагодат било каде..
    Верувам дека ќе успеете!
     
    На Vindetta, WinterGirl16, mouse и 25 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Јас не работам во администрација, не се шетам на кафе во сред работно време, само кажувам како кај нас функционираат работите. не дека сакам на ваков начин да заминам во странство, туку да ја прокоментираме темата, колку е тоа сигурна опција, дали може да се најде на тој начин работа?Дали вреди без никој никаде да се замине и да се бара работа?