Форумџика на годината

Напади од кучиња - со причина или без?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Munchmallow20, 2 јануари 2022.

  1. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Мешаш баби и жаби, кој рече дека некој е директно крив за напад?
    Ти може можеш да влијаеш, фрли му лебче на бездомно нема ни да те загледа после, ќе си јаде и може да почне да те следи за уште.
    Кој рече ти си директно крива што те нападнало куче? Или некој рече дека лажеш?
    Некој друг го оставил, поради некој друг тоа живее на улица, поради нешто друго напаѓа, не поради тебе.

    Мене лично бездомно ме нема нападнато
    Ми се стрча комшиското со ржење по малата, влеговме во двор а дете ко дете трча и кучето изреагира (гладно, непогалено и запоставено куче), и куче со сопственик но пуштено слободно оти било мало и не било опасно ми ја нападна кучката (а она е веќе касната како мала од куче и има всаден страв), затоа и ми е страв да излезам со неа, она се плаши, ми се крие позади нозе, и поради таквите не ја шетам надвор, имам двориште нека трча, ми се траумира кучето од таквите растрчани и разџафкани и не гледам убавина во шетањето со неа надвор бидејќи и е траума да и се затрча друго куче, а и мене ми е, зошто да предизвикувам проблем кај што не мора да го има, трча дома и на планина кога се оди.
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.109
    Допаѓања:
    12.843
    Oснов за тужење секако има. Имаше случај каде лим од покрив кој општината го реновирала се откачи од силен ветер, и повреди жена. Таа си тужеше. Народот треба да почне да тужи, за да општините конечно си ја работат работата.
     
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.534
    Допаѓања:
    21.341
    Не рече, ваљда.
    Ама досадни сте со тоа Па мЕнЕ нЕ мЕ нАПадНАлЕ. Не те нападнале зашто среќа си имала. Многу ствари може да ти се случат ама и не мора. А тука збориме за нешто што и не е баш реткост.
    Ми се имаат пуштено и глутница поодамна и не носев цело кило месо да им го дадам. Башка ако ми се пушти одеднаш, дур бркам у ташна, ќе ме задават. Да не зборам и дека ако е гневно, џабе ќе пробуваш со храна, а и леб не јадат секогаш.
    А и на секое не му се доближувам. У маало отприлика ги знам кои се мирни кои не, па знам кое да го заобиколам скрос, кое не мора.

    Ама не сум само јас. Може на дете да се пушти, може на стар човек, на било кој. Сите ли да шетаме со храна у рака? Пошто вака само тргаме фокус од главната причина која не е неносење храна
    ******

    А тие што ги шетаат без ремче и се прават големи љубители и мајки Терези и срцки луѓе само зашто го пуштиле кучето слободно се одвратни. И ја сакам мачки и не се сметам да бог. Ако го малтретираш кучето си да, идиот. Ама и да го сакаш, пак можеш да бидеш идиот кога на пример не ти е гајле за другите.
    Ехее колку сум сретнала што сакаат животни најмногу ама онака се никакви у карактер.
     
    На Konfetka, Rama, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    3.254
    Пол:
    Женски
    Нека сум имала среќа тогаш. Страв е страв, јас го разбирам стравот, и мене да ме пикнат во кокошарник и да ми речат еве нахрани ги, мене срцето ќе ми пукне од страв, ама не ги сметам за диносауруси ко вие дека кучињата се крволочни животни.
    Но, ете ти дека отприлика ги знаеш кои се какви низ маало нели? Сите ли се исти? Не се.
    Епа тие гневните се гневни со причина, тоа е темата моментално.
    Психата кај кучињата е таа, не може да направи разлика дали ти кога си поминала со точак си го мавала, па ќе го нападне следниот на точак бидејќи очекува напад, дали ме разбираш?

    И јас се борам за одговорно сопствеништво, не сме на различна страна
    Јас сум одговорна за своите ако нападнат, за веќе напуштените е одговорна општината, државата бидејќи сопственикот да бил немало да ги напушти.
    Бунете се кај нив, тужете, нека исплаќаат оштети, па веројатно ќе им текне дека поефтино ќе поминат правејќи стационари и да ги приберат него ли да плаќаат оштети.
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.799
    Допаѓања:
    169.889
    Пол:
    Женски
    Многу ме иритираат вакви теми за кучиња во зимски период зошто е добредојде на локалните психопати да фрлат отрови и да сме сведоци на гадни глетки. Ради такви психопати лани ова време сите мачки ги изгубив како колатерална штета. |(

    Ова го прочитав и ништо понатаму оти се е кажано:
    Кучињата секогаш даваат знаци. Никогаш не напаѓат дирек. Од ко имам куче, го дресирам јас и учев како реагират, како сфаќаат, за да можам да го израснам во неагресивно и мило куче и среќа сум да кажам дека успевам во то. И сфатив колку не знаев претходно и сум се плашела од рандом кучиња на улица just cuz. Многу време и се плашев сама да си го шетам кучето, цела година еј, го шетав јас низ маало татко ми подалеку од страв. Страв шо сега го немам и го социјализирам со други џукели, можи некоја рода му е. Опашката за почеток кажва многу. Како ја мафта, колку, кај е крената, колку е крената, какви движења прај. Поставеност на тело. Кај се предни шепи, каде задни, кај е опашката во секоја поставеност на телото. Ушите како ги има тргнато. Поставеност на муцка. Ама и то не е важно, не треба да има улични кучиња на улица и океј е некој да се плаши. Не е океј да се убиват туку да се бара темелно да се среди проблемот. Само ко ќе се бара да се среди темелно проблемот тогаш одма се врти друга реторика: „ама колку работи има во државата, па до ова стигна“. Скроз стојам зад то дека ако кучето е домашно треба да си е средено, пред се за негово добро. Пуштено на улица да трча можи да се отруе. Маска на муцка го превентира то. Трчање во парк или на ливада само ако е мирно куче и ако си присутен ти, ама идеално е во затворен простор како паркови за кучиња кои се поќе и поќе ги има, а во кај било на друго место можи да се уплаши, да забега, да се повреди и пак - да се отруе пошто светов е полн психопати.

    Јас чувам куче. А неќам други кучиња ако сум искрена па дури и се плашам од нив. I'm your average cat person. И баш зато имам начини за справување со нив особено зимски период. Ако не се грижи државата за мене, ќе се грижам самата јас оти ме засега. Ама да, кучето не е криво. Не можи да разонира. Многу од уличните се тепани и бркани а знајме дека агресија вродва само со поќе агресија. Агресија можи да е и реакција на страв.

    upload_2022-1-7_13-0-0.png
    Линк до темата.

    Годинава прв пат не ранам улични кучиња пошто сум на сегде и немам време како шо праев претходно, и нешто пред НГ ми се пуштија 2. И решив дека ќе се втрчам дирек во нив и ги избркав. Не беше ова импулсивна одлука, туку пак ќе речам, да искажиш доминантност е тој примарен инстикт. Зато наведнување по демек камен, функционира скоро секогаш. Секогаш се смеам за ова оти се осетив како пештерски чоек во моментот, ме напаѓаат агресивно и јас уште поагресивно возвраќам, искажвање доминантност и слични срања. Се осетив како да ги помочав искажвајќи доминантност. :D Али дип се брзав, ми се има случено кога сум со кучето на раскрсница и 5-6 да ме лаат, а јас и Пес ладнокрвно чекаме зелено да светни.

    Поентата ми е, колку шо има причина за напад од кучиња, толку и нема причина ( одговарам за насловот). Причини можи да се глад пошто иако се улични кучиња сопственост на државата, та не се грижи да се наранети. Причина можи да е лоша дресура ако кучињата се на сопственик, зошто не сите сопственици се совесни. Ама куче ко куче нема ни поголема свест за целосната вина да ја ставиме на него. Пошто околностите ние му ги правиме. Ние направивме да постојат кучиња, ради нас постојат сега улични, и ради нас страдаат сега како тие, така и ние.

    Проблем со улични кучиња има. И секоја година, таман вака традиционално околу Божиќ повторуваме кои се вистинските и темелните решенија ама :*: на никој не му е гајле :*: али ај да повториме: 1) чипирање на домашни и улични кучиња 2) стерилизација на улични пси 3) места за ранење на улични пси каде ќе бидат ранети до крајот на нивниот природен живот, без можност да се множат 4) казни за пуштање домашни кучиња на улица, зато постои причина 1. Одзема време, ама ако кучињата се во помал број, кој не се зголемва постојано и ако имаат доволно за јадење, и не се некоја опасност.

    И тоето. Секоја зима, нова тема за како кучињата се the devil. Tis the season. :d:
     
    На Biljarkata, Amellie13, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    На Ugly Duckling и Amellie13 им се допаѓа ова.
  7. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.610
    Допаѓања:
    43.176
    Пол:
    Женски
    Во Турција ги видов најдебелите мачки и кучиња. Буквално да не знаеш дали е магаре или куче. Имам слики со другар ми од 2 метра, кучето му е до половина.
    Прашав зошто и како имате толку дебели кучиња, одговорот цитирам: и луѓето шо не сакаат животни им оставаат јадење, непишано правило.
    Ги има на секој чекор, а ниедно не лае, никој минувач не писка дека има куче.
    Им се восхитувам, барем да бевме половина од нив!
    Кај нас кај изгладнети, па уште и тепани, испцуени и на крај криви за се'.
     
    На theowndemon, СуперДевојка и Amellie13 им се допаѓа ова.
  8. Stweri

    Stweri Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2021
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    9
    Да вртиш 11стр по темава точно ќе видиш кој сака а кој не сака кучиња. Не викам не има луѓе кои имаат лошо искуство со нив и самата психа не им дава да се опуштат во нивно присуство. Но дали сте помислиле на тоа каква е психата на тоа куче? Секој кој има проблем од улично куче,го лаело,го забркало и слично одма пцуење,викање и жалење на сите како го бркало куче. Ако барем 40% од народот им пружи храна или барем стави кебенце под некое дрво помалце ќе имаше вакви скучаеви. Тоа куче за да нападне човек никој не знае колку дена нема јадено и колку е премрзнато или во летно време кога пиело вода. Ние како народ сме многу заостанати кога се во прашање миленици а поготово кучиња. Во било која друга земја надвор од Балкан, милениците поготово кучињата се третирани повеќе од човекот,нема да видиш ниту едно куче на улица бидејќи државата ги заштитува и згрижува. Кај нас во Македонија ако сакаш да однесеш куче во стационар,не можеш да најдеш стационар а не па да го однесеш. Вардариште не постои а Лајка не може да ги згрижи ситее кучиња. Ми се полни срцето кога ќе видам дека луѓе им ставаат куќички по паркови или храна а некои дури и дома по 5 6 чуваат за да не смрзнат надвор. Стравот од кучиња не постои бидејќи човек не се раѓа со тој страв. Со тек на време тоа се појавува од разни ситуации. Како што го исфрлате бесот на кучињата со шутирање и камења така и размислете како тоа куче живее. Дома ги чувам две,кога го шетам малото ми се има случувано дете од 5 6 години сака да го погали татко му го влече за рака и вика: "Немој ќе те гризне" а збориме за куче од 8кг. Секако дека во тоа дете ќе се појави страв и утре ќе мисли дека секое куче "ќе го гризне". Секое куче бара љубов и најкрволочното куче ако го земеш да го чуваш,му пружиш љубов и тоа ќе стане мирно и питомо куче. Поминал некој го клоцнал после поминуваш ти тоа мисли дека и ти ќе му наштетиш па се пушта на тебе. Кучињата не се злобни,луѓето ги прават такви. Кучето чувствува како секој човек.
     
    На cutieee123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да разберам како може некој што чува куче во двор да си седе мртов ладен во двор додека неговото куче излезе на улица и трча и лае по мајка со две деца. Ова ми се случи пред некој ден додека ги шетав децата низ населба Морав да му се јавам на маж ми да дојде оти буквално бевме заобиколени со децата од кучиња. Додека сопствениците си седеа мртви ладни во двор и ништо не превземаа. Џукели. Еден куршум па да видеме ќе седете ли со скрстени раце. Болни
    Да напоменам дека кучињата не беа испровоцирани никако од наша страна, страв имам од кучиња и не ги ни погледнувам, а не да ги провоцирам
     
    На ane.bella и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.799
    Допаѓања:
    169.889
    Пол:
    Женски
    Ију.

    Ти ја сфаќам фрустрацијата и со тебе сум. Сопственик е одговорен за своето куче и комотно можиш да го пријавиш за ова пошто е опасна ситуација особено ако кучињата ти се пуштат и ако се поќе од едно. Сепак куче е слика- прилика на свој сопственик. Особено ми смета ова од кога јас имам куче пошто како самец не ми се пуштаат пси вака, ама од кога сум со куче рает не сум. И најголем % на пси шо ми се пуштаат кога шетам со мое куче се пси на други сопственици, не улични. Ко сфаќам дека пуштено да трчка е добро за кучето ама дур сум низ град ако не можам да му вервам на кучето мое да седи до мене - нема да го пуштам да шета само, туку ќе е на поводник. Ќе го пуштам в двор. Ќе го однесам во парк за кучиња. Не кај шо можи да е потенцијална опасност. Во најмала рака барем маски да му клават ко ќе ги пуштат слободно ама не. Ок сем едни не од сопственик ми се пуштаат редовно, тие се улично- домашни мали, клети ( домашни се ама през ден ги пуштаат сите куќи да си играт заедно надвор, а јас морам од таму да поминам со кучето) ама во исто време мојот ако им посвети внимание ( читај, се сврти кон нив колку да ги види, генерално игнорира кучиња) бегат како животот да им зависи од то. Ама то сум јас и мојата лична предрасуда против кучиња од мал раст и лична предрасуда против неодговорни сопственици на кучиња. :D
     
    На christinnn, Amellie13, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    26.980
    Абе се едни исти особи се нападнати од кучиња без посебни причини тука на форумов нели ги научи и ти. Веќе не се ни интересни :D
     
    На elimkd, СуперДевојка, Mantub и 2 други им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Да да, јас и моите деца што се шетавме ги провоциравме кучињата. Читаш ли се што пишуваш?
     
    На ane.bella и Just.do.it им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.668
    Допаѓања:
    39.575
    Пол:
    Женски
    Како сум јас поврзана со муабетов па ме цитираш...?
     
    На Bitter-Sweet, Amellie13, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Се надоврзав, лол
     
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    26.980
    Не знам, не сум била со вас па да знам шо сте и правиле на кучињата. Читам се и тебе те читам со куршуми и џукели
     
    На _adi_5 и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.668
    Допаѓања:
    39.575
    Пол:
    Женски
    Па нема некако смисла еден со друг муабет ама добро :D
     
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    За луѓето пишав дека се џукели. И точно е не беше со нас за да знаеш како бебе од година и дете од 4г ќе ги испровоцира кучињата
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.799
    Допаѓања:
    169.889
    Пол:
    Женски
    Си реков злобно е на „ију“ да остам муабетот, си викам ако понудам баланс можи некој ќе прифати. :D Пошто во случајот нема шо да се наштети на куче, шо е дел од семејството. Секогаш кога се збора за кучиња енергијата, без исклучок, е насочена на грешно место. Секогаш е кон кучињата насочена, никогаш кон сопственик, или ако се улични - кон општината и државата. Едноставно функционираме на поинакво ниво на свесност со куче и кога сопственик зема куче зема и одговорност за неговото однесување. Знам дека моментот кога го земав Пес земав одговорност за се шо прај. Зато и лично го дресирав позитивно, без тепање и насилство зошто неќев да е опасност за околината. И еве јас се сметам себеси за cat person шо на неќење зеде куче, и искрено цела година од кога го имав Пес јас го шетав низ маало, татко ми подалеку оти е греота нели пред да се охрабрам да го шетам сама пошто јас се плашам дека куче ќе ми се пушти. Првите пати ко се охрабрував да го шетам, значи на штрек бев еј. И зато велам дека ја сфаќам фрустрацијата, ама пак, на грешно место насочена. Сега сум веќе во фаза кај шо ни кучето ми е засегнато ако куче ни се пушти, а богами ни јас. :D
     
    На Amellie13, nextredstyle, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Мојата фрустрација е кон луѓето што чуваат куче и не реагираат, ама не читате добро
     
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.390
    Допаѓања:
    126.473
    Пол:
    Женски
    Да, сопствениците не требало да седат мртви ладни, туку требало да реагираат.
    Ама, зошто спомнуваш куршум? :^)
    Или разговараш со нив за да не се повтори тоа или ги пријавуваш.
     
    На Amellie13 и theowndemon им се допаѓа ова.