Јас па не знам на кој форум пишувам. Тука кучињата се повеќе ценат од животот и безбедноста на децата. Бљак
Па да де. Битното е тоа што сум напишала еден куршум... А тоа што кучињата ничим изазвани лаеја и трчаа по нас додека сопствениците си седеа во двор, небитно е. Небитно е што бевме сами со децата, детето се туткаше во мене исплашена додека некој од страна гледаше. Ама не бе, ние сме ги испровоцирале.
Пријави бре жено. Пријави. Ако добро ме држи меморија 11-2 кучиња ми се имат пуштено најмногу до сега. Малите кучиња шо редовно ме лаат се точно 6 на број. And it ain't a competition. Ништо не е црно- бело и стварно пробав да комуницирам ама ваљда не сегде се можи. Се шо ти реплицирав е дека те разбирам и ја сфаќам фрустрацијата пошто бев чоек со страв и чоек со исто искуство. Али цел филм напрај од после така да сите прајме грешни проценки јбг.
Луѓе, кучињата се реален проблем и оние по улици што се движат чопоративно почнаа и мене да ме плашат особено ако е подоцна навечер зошто знаат да се залетаат, а никогаш не се случило да имам проблем. Сите сакаме животни ама застанете од страна на луѓето зошто навистина е страшно. Сигурно од афект пишува така, а не дека ќе отиде и тоа ќе го направи (нели, куче кое лае не каса ).
Лично, би одела со полиција. Па ако не е за таму ваљда тие знат каде? Ама ако се со сопственик дефинитивно во полиција пошто уствари јас го пријавувам сопственикот. И знам слична ситуација како членката шо опиша каде сопственикот беше пријавен и тужен покасно.
Вие мене ме нападнавте и ги браневте кучињата, а јас никаде не ги нападнав кучињата туку сопствениците, па сега тражили сте добили сте
@theowndemon домашни можеби. Ако се работи за улични кучиња полицијата не може ништо да направи и не знае каде да упати. Имам пријавувано, дури погорни по хиерархија ме примија и единствено што направија е записник, а кучињата години подоцна, откако се одвоија и остана само едно (и така не е страшно) го припитомив, го хранам, ама додека да се припитоми сите имаа страв. Нема каде да се пријави.
Дајте малку реално за ситуацијава. Аман не се правете јаки на форум. Факт е дека има полно кучиња кои се опасни, ако вашето куче не е, не мора да значи дека сите не се. И јас сум љубител на животни, имам и кучиња и мачиња ама па секогаш сум внимателна со нив, сепак е тоа животно. Не му се знае што може да направи, а и такво нешто не се предвидува. Некогаш на форумов стварно знаете да избегате од реалноста. Јас не го поддржувам она што членката го пиша, сигурно во нервоза го пишала сето тоа ама ѝ верувам дека била нападната и не би сакала да сум на нејзино место.
Да, за домашни знам дека можи. За улични обично викаат шинтери али то ми е слушнато од луѓе шо имале проблеми во маало со глутници, ама такво искуство немам па искрено - не знам ни како да се јавам таму.
Со што ги испровоцира кучињата за да ти се пуштат? Оти според грлроуз кучињата не напаѓаат ако не се испровоцирани Тоа ме највеќе нервира, кога некој рече дека не напаѓаат ако не се провоцирани. Ахм
Апоропо муабетов, сум била нападната од домашно милениче, паднав си ја скршив раката (ете, и се остварила не толку злобната желба на членката ). Не доведе до тоа да ги мразам кучињата. И според мене луѓето кои не сакаат животни немаат душа, па колку сакаат нека се удараат во гради. Проблем се уличните животни, да. Ама, нека ви текне кој ги фрла по улици кога ќе и здосадат. И така магичен круг. Душо, јас реков дека не сум била со вас и да не сум видела. А, вака да си додаваш и оддаваш работи не е убаво. Ама, ти си знаеш...
Не знам што ќе направите во ситуација на @forumce опколени со кучиња а вие со двете деца,па едното куче не дај боже посегне по едно од децата, па другото по другото дете а сопствениците мува не ги лази, не знам како ќе ви беше,ни до телефон нема да стигневте да се јавите. И тогаш во таа ситуација ќе останете да гледате само бидејќи еден човек не може сам да се справи со бесно куче. Сме дискутирале на велико за темава, таа нема да му свирне куршум уште сега одма и да одговара за него, не бидете буквалисти и не преовеличувајте. Да не било толку страшно немало да го побара маж ѝ.
Му влегов на нивна територија, искрено, јас бев крива. Т.е. татко ми, пошто му кажав дека таму има кучиња и да ги заокружиме али тој сметаше дека е одлична идеја да одиме дирек низ нивното. Сме имале среќа само ќе речам оти глутници се преопасни. И јас би се согласила дека има, особено на зима, гладни кучиња и насилни, ама поќето улични се само гладни, друго и не баш. Ама и то не е ситуацијата и темата сега зошто ти нагласи дека имаат сопственик. Исто така ако се има сопственик, како шо пишав и првиот пат ко те цитирав - е слика прилика на сопственик. Многу поќе имам сретнато агресивни кучиња со сопственик, него без сопственик. Пошто многу сопственици не знат дресура. „Дресираат“ со тепање и насилство и само природно кучето така ќе се однесува и без провокација. Понатаму и потврдено со реакцијата, или поточно, недостатокот на реакција на сопствениците. И пошто ситуацијата ти е со кучиња со сопственик - пријави. И за ова знам дека ќе има добар исход пошто знам за ситуации каде куче со сопственик напаѓа или преплашва некој и тој некој пријавува во полиција и после се тужат. За улични не знам како да се пријават, немам пријавувано, и ве молам нека ме цитира некој ако знај пошто мислам дека е корисна информација шо ќе сакам да ја раширам при вакви муабети.