Нормално дека кучето треба да биде врзано кога е надвор. Исклучок во места кои се наменети за кучиња кадешто може да бидат пуштени. Мислам и закон имаше ваков. Секое куче може да биде опасност. И не, не значи дека ако не го испровоцирам, нема да ме нападне. Може да нападне и без провокација.
Пребуквално почнавме да ги ситниме и тенчиме туѓите зборови пишани во афект небаре самите не сме го напправиле сличното во слични ситуации. Не мора да се зафаќаме за ситници и зборови.
Дап. Исто и маски на муцка треба да носат ако не се лажам сите, не само тие шо се со поголем раст и агресивни и ко ќе се на поводник, а не па ко ќе се пуштени. Барем некогаш било вака пошто барав, ама се надевам уште е.
Што е језиво. Ова што го напишав во афект, нормално нема да му свирнам куршум на некое куче, ама вие сте буквалисти и пишувате како вам ви одговара или тоа што бев нападната со двете деца додека сопствениците си седеа во двор. Колку сте нереални и сакате нешто паметни да испаднете, не ми се верува. Па вие да видете како кучиња лаат по жена со две деца нема ни да помогнете туку сеир ќе фаќате од страна. Страшен народ сме
Ај полека малце. Чекајте Малечка ќе ве опраи сега. Секој кога би се нашол у ситуација со мали деца опколени со кучиња, а газдата ич кур не го боли би го фатило страв. И секој од страна ќе си рече "абе да бев ја вака ќе му направев, да бев ја така". Ама кога ќе се најдете у таква ситуација ви се кочи мозокот и не знаете како да реагирате. И тој посран куршум од прееска што го спомнувате ко слеп да стап кога ќе се фати, може го спомнала за да се пукне у ваздух а не у кучињата да се пукне. По моја логика. Ве опраив. Е така. Фала.
Не додавај драма ефект. Кога ќе напишеш коментар за користење куршуми природно е на човек да му дојде да препраша
Јас се чудам дека околу мене живеат луѓе што ноншалантно зборуваат за користење куршуми. Афект било тоа на улица. Сега си дојдена дома, смирена, на форум си скролаш, не си во афект
Нормално е. Нервозна и исплашена. Ти да беше што ќе направеше? Да не треба да се врати да се извини на сопствениците?
Никој не знае што му се наоѓа во главата на еден човек. Не суди од надвор. Секој може да се смее, а душата да му плаче. Или шо викаше баба ми "колачот од внатре е убав кога ќе го гризнеш од надвор на изглед не". Ма шо кур давам примери ти си дојдена овде контра да маваш, те заболе тебе и за куршум и за све.
Од досега прочитаното во темава видов како напаѓате преплашена личност. И да не е во право за некои напишано работи, не можам да не помислам на „blame the victim“. Читам и гледам како сите се мирни и прибрани од пред тастатура.
Еј ама ја нападнавте..ја колку пати сум рекла дека ќе мавнам некој од земја, или од врата/ѕид итн и се` е кажано во афект.Па не сум го напраила тоа. Него си барате рачки.И ја би го рекла истото да сум на нејзино место или ќе кажев ,,еден шут у глава па ќе се тргнат или ќе си ги приберат" У темана за оној шо го застрела зетот, го фалевте дедото шо го напраил тоа, ќе напраевте се` за свое дете, а овде ја кудите. Ете ви го дуализмот на форумот, и после зашо контрам? Фејкери сте доста од вас.Таму поддржувате, овде не. ќе повратам жими мајка
На погрешно место го насочувате гневот. Наместо на кучиња треба да сте гневни на сопствениците, општината, државата. Ама не, другите ги ставале кучињата пред луѓето. Секогаш со тој застарен и досаден аргумент. Јас разбирам дека е траума, но многу други луѓе исто така доживеале напад од куче па сепак сакаат кучиња. Зошто во нормални држави го немаат овој проблем? Зошто има казни и функционираат институциите. Кучињата се кучиња и во Македонија и во Германија.