Во последно време се повеќе се забележува агресија кај кучиња од сопственици, дали од недоволно грижа, шетање и мешање меѓу другите луѓе и кучиња, него ли кај бездомници кучиња кој се само уплашени, но слободно и мирно си шетаат помеѓу луѓето се галат и се мили.
Па еве ќе ја потапшаме по рамо и ќе ја поддржиме дека куршум за кучиња е решение. Само напред, само јако.
И од нешетање е. Мене тој стафот шо ми има рипнато, многу кучиња има нападнато пошо не е шетан.Нема газдата време да го шета као, и не го шета, и кучево надвор кога ќе искочи, сите не` гледа како потенцијална опасност, плен или не знам као не гледа.А у двор е вака сонце, се галиме си играме, се влечеме со играчки.Ама надвор од порта е страшен.. А еднаш ја го шетав, газдата се изгуби од видик, толку ме повлече што морав да го пуштам ланецот, забите ќе ги искршев
Па вие за ситници се фаќате. Ти си толку светица што никогаш во афект и кога си лута никогаш не си навредила никого или слично кажала. Еве јас отидов да го утепам кучето, зарем не знаеш. Јас што ни на дете немам удрено рака а не па на животно. Ама вие толку се правете пресвети што дури и смешно ми паѓа. Патем, не пишав никаде дека за кучето е куршумот. Ама нели тука секако селективно се чита
Е зошто го чува, да го варди дворо? Кучињата исто како луѓето му треба дружење галење шетање. То куче е потенцијална опасност за некој да нападни, ама на газдата кога не му иди умо ќе го пријават или накрај ќе му го отрујат како шо се трнати. Немора куршумот одма па вие има од оние свирчињата
Го имаат пријавувано. го зема кога имаше време, сеа ради работата нема кога да го шета. И ја му зборам, шетај го.Прво е греота, ни дворот не е нешто голем.. а да го даде шанса нема, може да го искасапи новиот газда. да, знам и такви случаи.Како обезбеџење го зимаат кучето, така и го третираат и после..
Ми се гади од вакви изговори. И не, не сум се повикувала на куршуми на невини створења. Афект е изговор, знаеш кога веќе ќе се изедат....трици. И да, светица пресвета сум за тебе. Никогаш зло не би посакала на невино створење
невино створење, а ги опколиле да не можат да мрднат.Ептен тактично невино створење. Дај марамче заплакав
Да се сите безгрешни и светици кои не ни помислуваат на лоши работи, а не па да направат како шо се прикажуваат на форумот, светот ќе цутеше од добрина. Ама реалноста е сосем друга, за жал.
@forumce Да сме правна држава вакви работи нема да се случуваат. Прво -кучињата колку и да се безопасни не треба да се пуштени слободно да шетаат. Второ - на сопствениците треба да им е срам што не изреагирале на соодветен начин. Трето - половината што те напаѓаат не биле во иста или слична ситуација, па не знаат што значи страв од куче посебно кога си со две мали деца. Остави ги не им докажувај. Сте имале среќа.
@forumce , да знаеш дека во оваква ситуација е најбитно да ги заштитиш децата и себе си, и после одма одење во полиција и пријава на случката. Ако ти е во маало, и ако има и други напаѓани од истите кучиња, пријавете групно. Сопствениците ем што ќе сносат парична одговорност, ќе добијат едукација како да ги чуваат, и ако се повтори случката може и кривично да одговараат. Посебно пак во оваква случка каде им е пред очи, а не реагираат да знаеш дека закон ќе те заштити.
Баш денес на сред Широк Сокак две дечиња шутираа куче по газот и по главата. Се вознемири и почна да 'ржи по нив и да лае по сите кои му се најдоа на патот. Ми идеше и нив да им се развикам ама не добивам ништо од тоа, па се приближив до кучето, си попрајвме муабет, кај си куче, оти се нервираш, кој те гиба...и се смири дојде да се гали. Не ми е гајле ако звучам ко несалам, си муабетам со сите, кучиња, мачки, гулаби, бубачки... Имам другар кој се плаши од мојот зајак, а не па од куче па мора да вртиме 10 улици за да ги избегниме. Полека, полека кога ме гледаше дека сите ги галам и ранам по улица, се научи барем да не бега. Еднаш и зајакот го погали, со едно прсте ама го погали. Онака неповрзано само сакав да кажам дека НЕКОГАШ работите различно ги перцепираме. Во првиот случај да беше некој шо се плаши ќе имаше поинакво искуство, ќе речеше ми се пушти куче ќе ме изедеше.
И јас имам куче што е малку агресивно, ако сакаш да го удриш каса, онака е мирно и не дозволува да го допираат непознати може да нападне. Ама не го пуштам да шета така си има бокс затворено е, и тоа е така заштитено и луѓето. Проблемот му е што не дозволува да се шета со синџир/врца ама го носам на планина два дена неделно трча и потоа го враќам пак во бокс и сега се трудам да го навикнам на синџир да оди скоро му ставив каишка и сега да се навикне на неа ќе се обидам да го шетам ама не ни помислувам да го пуштам така дури и да е многу мирно има луѓе, деца се плашат ќе го видат ќе почнат да трчаат а куче како куче ќе трча по нив едно децата ќе се повредат ќе паднат, друго има и несовесни луѓе можат и кучето да го повредат. А што се однесува до ова со луѓето што го направиле воопшто не го оправдувам па дури и да не се нивни кога виделе нападнале некого ќе излезат ќе помогнат ќе ги избркаат. Ако ништо друго додека да си заминат кучињата ќе ги пушеле мајката и децата кај нив во двор.
И да не биле испровоцирани кучињата, а и да биле.. дали од децата, дали од мајката, тие кучиња имале сопственици! Сопственици кои само си гледале од двор! И да не нападнале, може само сакале да си играат, ама жената и децата се исплашиле. НИШТО, ама баш ништо не може да ги оправда тие сопственици кои си гледаат од страна како мајка со две мали дечиња се плаши од нивните кучиња! Зошто нели кучињата не напаѓаат ако не се испровоцирани, ако дете од 1-2год го испровоцира моето куче и кучево нападне, треба да го оставам да го распарчи?